Година

Годинавреме што и е потребно на Земјата да го заобиколи Сонцето.[1] Попрецизно, тоа е период помеѓу кои било две едноподруго доаѓања на Земјата во одредена положба наспроти Сонцето (врзување, противположба...). Во поширока смисла, ова може да се примени на која било планета; на пример, “марсовска година“ е годината на Марс.

Година е време што е потребно Земјата да се сврти ололу Сонцето. Приказ на положба на Земјата и Сонцето за 4 годишни времиња.

Видови години

  • сезонска година
  • календарска година
  • астрономска година

Должина на разни видови години

Просечната грегоријанска година изнесува 365,2425 денови = 52,1775 седмици, 8.765,82 часови = 525.949,2 минути = 31.556.952 секунди (просечна сончева, не СИ).

Просечната јулијанска година изнесува 365,25 денови.

Обичната година изнесува 365 денови = 12 месеци = 8.760 часови = 525.600 минути = 31.536.000 секунди.

Престапната година изнесува 366 дана = 12 месеци = 8.784 часови = 527.040 минути = 31.622.400 секунди.

400-годишниот циклус на грегоријанскиот календар има 146097 денови, па според тоа точно 20871 недела.

400-годишниот циклус на јулијанскиот календар има 146100 денови, односно 20871 недела и 3 дена.

Симбол

Не постои универзално прифатен симбол за означување на годината како мерка за време. СИ системот не предлага никаков симбол. Меѓународниот стандард ISO 80000-3:2006[2] го предлага симболот, односно буквата “а“ што е земен од латинскиот збор annus (година). Меѓутоа, тоа може да создаде конфузија бидејќи истата ознака се користи и за “ар“ како мерка за површина на земја.

Во македонскиот јазик обично се употребува симболот “г.“ или кратенката “год.“, во англискиот кратенката "y" или "yr", а слично е и кај другите јазици, кои вообичаено ја користат почетната буква од називот.

Годината како мотив во уметноста и во популарната култура

  • „Година 1932.“ — песна на полскиот поет Јарослав Ивашкјевич.[3]
  • „Весела година“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.[4]
  • 1941“ — песна на македонскиот поет Коле Неделковски.[5]
  • „Низа ситно нанижана“ — песна на македонскиот поет Живко Николовски.[6]
  • „Златни години“ (англиски: Golden Years) — песна на британскиот поп-рок музичар Дејвид Боуви од 1976 година.[7]
  • „Оловни години“ (српски: Оловне године) — песна на српската и југословенска рок-група Екатарина Велика од 1985 година.[8]
  • „Години на расплетот“ (српски: Godine raspleta) — песна на српската рок-група Goblini од 1994 година.[9]
  • „'89“ — песна на хрватската рок-група Мајке (Majke) од 1993 година.[10]
  • „1969“ — песна на американската рок-група Стуџис (The Stooges) од 1969 година.[11]
  • „Овие значајни години“ (англиски: These Important Years) — песна на американската рок-група Hüsker Dü од 1987 година.[12]

Поврзано

Надворешни врски

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица