Прејди на содржината

Национална класа (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Национална класа до 785 ccm“ — југословенски филм од 1979 година, во режија на Горан Марковиќ. Главните улоги ги играат: Драган Николиќ, Богдан Диклиќ, Горица Поповиќ, Раде Марковиќ, Александар Берчек, Оливера Марковиќ, Воја Брајовиќ, Бора Тодоровиќ, Ирфан Менсур, Миќа Томиќ итн.[1] „Национална класа“ е вториот филм на Марковиќ, истакнат претставник на т.н. прашка школа во југословенската кинематографија. Главниот лик во филмот е типичен претставник на карактеризациските стремежи на прашката школа во тематизирањето на современата урбана младина: тој е динамичен, независен индивидуалец кој не се вклопува во општествената средина, но неповратно е заробен во малограѓанските окови. Насловната песна за филмот ја пее Дадо Топиќ, а другите песни ги пеат Оливер Драгојевиќ, Слаѓана Милошевиќ, Оливер Мандиќ и браќата Вранешевиќ.[2]

Синопсисуреди извор

Бранимир Брене Митровиќ, познат како Флојд (го игра Николиќ), е млад човек од предградието на Белград, кој со својата „Застава 750“ се натпреварува во трките со автомобили во националната класа. Истовремено, тој има бројни љубовни врски, иако е во врска со девојката Шилја (ја игра Поповиќ). Пред последната трка во сезоната се наоѓа на второто место и мора да победи за да биде шампион. Меѓутоа, тој добива повик да се оди на отслужување на воениот рок. За да избегне обврската, Флојд се обидува да се запише на факултет, при што запознава една убава девојка. Истовремено, еден негов пријател (го игра Брајовиќ) го запознава со младото момче Миле (го игра Диклиќ) кој има болни бубрези. Притоа, Миле се согласува да оди на медицинскиот преглед наместо Флод, со цел тој да ја избегне војничката обврска. Меѓутоа, на прегледот се утврдува дека Миле во меѓувреме оздравел, така што Флојд мора да се јави во касарната. Истовремено, Шилја му кажува дека е бремена, па нејзините родители и родителите на Флојд набрзина им организираат свадба при што Миле прифаќа да му биде кум на Флојд. Ден пред свадбата, Флојд победува, но судијата ја поништува трката. Потоа, веднаш по свадбата, Флојд се качува во возот на пат за касарната, а единствено Миле доаѓа да го испрати на станицата.[3]

Наводиуреди извор

🔥 Top keywords: Главна страницаСпецијална:БарајГоце ДелчевМакедонски парламентарни избори (2024)Свети Кирил и МетодијМакедонијаГордана Сиљановска-ДавковаКарлес ПуџдемонНова КаледонијаОче нашМарко ЦепенковПретседател на МакедонијаПреспански договорСкопјеСредоземно МореСловачкаВтора светска војнаПечалбариМакедонски претседателски избори (2024)Македонска револуционерна организацијаСписок на македонски народни поговоркиБојана АтанасовскаМочуриштеХристијан МицкоскиКорупцијаГригор ПрличевМакедонски парламентарни избори (2020)Чорбаџи ТеодосИталијаКочо РацинПеколот (Божествена комедија)Лудвиг ван БетовенСпецијална:СкорешниПромениИлинденско востаниеПанонски легендиДржавни празници во МакедонијаТурцијаКалеш АнѓаПоштенски броеви во Македонија