Неуспешни обиди за учество на Евровизија

Имаше неколку неуспешни обиди за учество на Евровизија. За да учествуваат, радиодифузерите морат да бидат членови на Европската Радиодифузна Унија (ЕБУ) и да го регистрираат нивниот интерес за да се натпреваруваат пред крајниот рок определен во правилата на Евровизија од таа година. Секој радиодифузер плаќа сума за организација на фестивалот. Ако некоја држава се откаже од натпреварот по крајниот рок, тие сѐ уште ќе треба да ги платат овие суми, и може да добијат казна или привремена забрана.[1]

Карта со број на победи на Евровизија на секоја земја заклучно со 2021 година

Катар

Катар

Медиумски организаторКатар Радио (во очекување)
Национален избор
Број на учества0
Прво учество
Најдобар пласман
Најлош пласман

Катар Радио е моментално придружен член на Европската Радиодифузна Унија, додека сите натпреварувачки држави на Евровизија се активни членки на унијата. Радиодифузерот откри дека е заинтересиран да стане активен член на 12 мај 2009, кое би му овозможило на Катар да се натпреварува на Евровизија. Катар Радио наведе дека се надеваа да учествуваат на Евровизија 2011.[2]

Катар прво се вклучи на фестивалот во 2009, кога радиодифузерот испрати делегација на фестивалот и емитуваше неделно радио шоу наречено '12pointsqatar' посветено на Евросонг. Шоуто доби позитивни критики и иницира понатамошно вклучување на Катар на Евровизија.[2]

Казахстан

Казахстан

Медиумски организаторКазахстан-1 (во очекување)
Национален избор
Број на учества0
Прво учество
Најдобар пласман
Најлош пласман

Казахстан нема учествувано сѐ уште на Евровизија. Казахстан преговара за да се придружи кон ЕБУ. Државната Телевизиска Компанија Казахстан-1 очекува одговор за доделување на членство во ЕБУ од 2008 година. Ако ова се случи, Казахстан може да учествува на Евросонг 2014.[3] Казахстан го пренесуваше натпреварот во 2010, 2012 и 2013.

Географски, 5% од територијата на Казахстан припаѓа во Европа.

Тунис

Тунис

Медиумски организаторERTT(во очекување)
Национален избор
Број на учества0
Прво учество
Најдобар пласман
Најлош пласман

Тунис нема учествувано сѐ уште на Евровизија. Имаше можност да учествува во 1977 година, но го откажа учеството, затоа што не сакаше да учествува заедно со Израел.

Лихтенштајн

Лихтенштајн

Медиумски организатор1FLVT (во очекување)
Национален избор
Број на учества0
Прво учество
Најдобар пласман
Најлош пласман

Лихтенштајн нема учествувано сѐ уште на Евровизија. Лихтенштајн преговара за да се придружи кон ЕБУ.

Косово

Косово

Медиумски организаторРТК (во очекување)
Национален избор
Број на учества0
Прво учество
Најдобар пласман
Најлош пласман

Косово никогаш не учествувало на Евровизија. Косовската државна телевизија, РТК аплицираше за членство во ЕБУ, но сѐ уште не е прифатена како полноправен член.[4]

Либан

Либан

Медиумски организаторTele Liban
Национален избор
Број на учества0
Прво учество
Најдобар пласман
Најлош пласман

Либан никогаш не учествувал на Евровизија. Државната телевизија, Теле Либан, ќе направеше деби на Евровизија 2005 во Киев со песната "Quand tout s'enfuit" изведена од Алин Лахуд, но се повлече поради Либанските закони кои не наложуваа да се емитува Израелската песна.

ГодинаМесто на одржувањеИсполнителИме на песнатаФиналеБодовиПолуфиналеБодови
2005 КиевАлин Лахуд«Quand tout s’enfuit»дисквалификација

СССР

Советски Сојуз

Медиумски организаторЦТ СССР
Национален избор
Број на учества0
Прво учество
Најдобар пласман
Најлош пласман

Советскиот Сојуз никогаш не учествувал на Евровизија, но имаше неколку обиди за учество во 80. години од минатиот век.

Во 2009. Едуард Фомин, поранешен работник во Министерството за Образование на РСФР, обелодени дека во 1987. министерот за образование, Георги Веселов, ја ставил идејата за учество на Советскиот Сојуз на Евровизија поради голем број на политички реформи направени од Претседателот на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов во текот на 1980. Идејата главно беше политичка, со замисла дека победа на натпреварот за Советскиот Сојуз би имала улога во односите меѓу Советскиот Сојуз и капиталистичките држави на запад. Валери Леонтјев беше предложен за прв пејач кој би го претставувал Советскиот Сојуз на Евровизија, но идеите на Веселов не биле поддржани од Комунистичката партија на СССР, или од Горбачов, верувајќи дека тоа е премногу радикален чекор, така што Советскиот Сојуз никогаш не се појавил на натпреварот до неговиот распад.

Десетте поранешни републики на Советскиот Сојуз подоцна ќе се натпреваруваат поединечно во 90-тите и 2000-тите: Русија, Естонија, Литванија, Латвија, Украина, Белорусија, Молдавија, Ерменија, Грузија, и Азербејџан, со пет од овие држави кои веќе победиле на Евровизија (Естонија, Латвија, Украина, Русија и Азербејџан). Во последно време е сугерирано дека и Казахстан ќе учествува на Евровизија, која исто така беше поранешна советска република.

Белешки

a.Косово е предмет на територијален спор меѓу Република Србија и самопрогласената Република Косово, која прогласи независност на 17 февруари 2008, но Србија продолжува да го смета Косово како дел од својата територија. Независноста на Косово е призната од 99 држави од вкупно 193 земји членки на ООН.

Наводи