Република Косово

делумно признаена држава на Балканот
Оваа статија е за еднострано прогласената Република Косово. За останатите поими, видете ја страницата за појаснување.

Република Косово (албански: Republika e Kosovës; српски: Република Косово, Republika Kosovo) или само Косово — еднострано прогласена држава на територијата на Република Србија и делумно признаена држава на Балканскиот Полуостров. Прогласената држава го зафаќа географскиот регион Косово и истата е спорна територија меѓу косовските власти и Србија. Косово нема излез на море и на север и исток граничи со Централна Србија, на југ со Македонија и на запад со Албанија и Црна Гора. Сите три соседни држави Македонија, Албанија и Црна Гора го признаваат Косово како независна држава, со исклучок на Србија. Останатиот дел од границата, поточно северниот и источниот дел, е предмет на контроверзија — заговарачите на независноста на Косово таа линија ја сметаат како меѓународна граница меѓу Косово и Србија, додека противниците на оваа идеја сметаат дека е тоа граница меѓу два српски региони: автономна покраина и Централна Србија. Главен град на Косово, а воедно и најголем, е Приштина. Службени јазици на Косово се албанскиот и српскиот јазик.

Република Косово
(Republika e Kosovës) Албански

(Република Косово) Српски

Знаме Грб
Химна„Европа“
(албански: Evropa)
Местоположба на Косово
Местоположба на Косово
Местоположба на Косово
Главен градПриштина
42°40′N 21°10′E / 42.667° СГШ; 21.167° ИГД / 42.667; 21.167
Најголем град Приштина
Народности (2011) 92% Албанци
  1,5% Срби
  6,6% други[1]
Демоним Косовци

(Косовец/Косовка)

Површина
 •  Вкупна 10,887 км2 
 •  Вода (%) n/a
Население
 •  проценка за 2020 г. 1,700,000~ 
БДП (ПКМ) проценка за 2018 г.
 •  Вкупен $12.240 милијарди[2] 
 •  По жител $6,900 
БДП (номинален) проценка за 2021 г.
 •  Вкупно $9.200 милијарди[2] 
 •  По жител $2,900 
Валута евро (EUR)
Часовен појас CET (UTC+1)
 •  (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Се вози на n/a
Повик. бр. n/a

Владата на Република Косово има де факто власт над големиот дел од територијата на Косово, додека Северно Косово, најголемата енклава на Косовските Срби, е под власт на институциите на Република Србија. Србија не ја признава едностраната независност на овој дел, според меѓународното право кое е нејзина територија. Исто така ја смета за своја покраина која е под администрација на Обединетите нации (УНМИК), во составот на својата суверена територија.

Република Косово е призната од 98 членки на Обединетите нации (~51 %) со што нема мнозинство во ООН, и 22 земји од ЕУ (81%). Рамноправен член е на ММФ, Светската банка, Европската банка за обнова и развој, Советот за регионална соработка на земјите на Југоисточна Европа, како и Меѓународната унија за сообраќај.

Косовскиот спор и војната од 1999 година

Косово е предмет на тековен територијален спор меѓу српската влада и албанското мнозинско население во покраината. Статусот на Косово е во фаза на преговори. Според резолуцијата на ОН 1244, Косово сѐ уште е дел од Србија, иако по НАТО-бомбардирањето на СР Југославија од 1999 година е управувано од Обединетите Нации како меѓународен протекторат и со воена заштита на КФОР силите на НАТО. Конечниот статус на покраината сè уште е предмет на спор. Претседател на Косово е Вјоса Османи, а премиер е Албин Курти.

Територијална поделба

Територијата на Косово се состои од две поголеми региони, Косово и Метохија. Косово го зазема источниот дел од територијата, а додека Метохија се наоѓа на западна страна. Територијата на Косово административно е поделена на 30 дистрикта или општини. Главен град на Косово е Приштина, а воедно Приштина е и главен центар на Округот Приштина.

ОкругГлавен градПовршина
км2
Население
во 2002 (ранг)
Население
на км2
Општини
Ѓаковица
Ѓаковица1042242 077232
Гнилане
Гнилане
Косовска Митровица
Косовска Митровица
Пеќ
Пеќ
Приштина
Приштина
Призрен
Призрен
Урошевац
Урошевац
Општини
Република Косово

Наводи

Поврзано

Одредници од Косово
 Србија  Србија
 
 Србија
 Црна Гора и  Албанија
С
З И
Ј
 Србија
 Албанија Македонија
 
Македонија
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица