ПФК ЦСКА (Софија)

(Пренасочено од ПФК ЦСКА Софија)

ПФК ЦСКА Софија или само ЦСКА Софија е бугарски фудбалски клуб од Софија. Во моментов клубот се натпреварува во Првата лига на Бугарија, највисокото фудбалско ниво во оваа земја. Името на клубот ЦСКА е кратенка и значи Централен спортски клуб на армијата (на бугарски: Централен Спортен Клуб на Армията).

ЦСКА Софија
Целосно имеПрофесионален Фудбалски Клуб
ЦСКА Софија
Прекарармејците, црвените
Основан5 мај 1948
СтадионБугарска армија
Софија, Бугарија
Капацитет22.995
СопственикБугарија Данаил Ганчев (40%)
Бугарија Данаил Илиев (40%)
Бугарија Христо Стоичков (20%)
ТренерСрбија Нестор Ел Маестро
ЛигаПрва лига
2022–23Прва лига, 2. место
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Титули
56

Прва лига на Бугарија : 31
А групаА групаА групаА групаА групаА групаА групаА групаА групаА групаА групаА групаА групаА групаА групаА групаА групаА групаА групаА групаА групаА групаА групаА групаА групаА групаА групаА групаА групаА групаА група
Куп на Бугарија : 21
Куп на БугаријаКуп на БугаријаКуп на БугаријаКуп на БугаријаКуп на БугаријаКуп на БугаријаКуп на БугаријаКуп на БугаријаКуп на БугаријаКуп на БугаријаКуп на БугаријаКуп на БугаријаКуп на БугаријаКуп на БугаријаКуп на БугаријаКуп на БугаријаКуп на БугаријаКуп на БугаријаКуп на БугаријаКуп на БугаријаКуп на Бугарија
Суперкуп на Бугарија : 4
Суперкуп на БугаријаСуперкуп на БугаријаСуперкуп на БугаријаСуперкуп на Бугарија

Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Клубот е официјално основан на 5 мај 1948 година, но корените на ЦСКА датираат од армискиот офицерски клуб основан во 1923 година.[1] Со 31 титула шампион на Бугарија, 21 Куп на Бугарија и 4 Суперкупа, тие се најуспешниот бугарски фудбалски клуб на сите времиња.[2] Исто така, на меѓународната сцена ЦСКА е двократен полуфиналист на КЕШ и еднаш полуфиналист на КПК.

Својте домашни натпревари ги игра на стадионот Бугарска армија. Нивен најголем соперник е Левски Софија со кој го играат Вечното дерби на Бугарија.

Историја

Клубот е создаден на 5 мај 1948 година, по спојувањето на Септември Софија со воениот клуб ЦДВ под името „Септември при ЦДВ“. Новиот клуб го заземал местото на „Септември“ во првенството. Во финалето, Септември при ЦДВ се сретнал со Левски и после поразот со 1-2 во првиот натпревар и победата со 3-1 во вториот, клубот ја освоил својата прва титула. Одлучувачкиот реванш натпревар бил одигран на 9 септември 1948 година, а составот на „армејците“ бил следниов: Стефан Геренски, Борислав Футеков, Манол Манолов – Симолијата, Димитар Цветков, Никола Алексиев, Нако Чакмаков, Димитар Миланов, Стојне Минев, Стефан Божков, Никола Божилов и Кирил Богданов.

Во својата прва сезона во новосоздадената „А“ група, Септември при ЦДВ завршил на второто место. Крум Милев бил назначен за тренер на тимот. Истата година, започнала реконструкцијата на стадионот Народна армија, каде клубот започнал да ги игра своите натпревари.

Во летото 1949 година, „Септември“ се одвоил како независна единица, а армијскиот тим бил преименуван во „Централен дом на Народната армија“ (ЦДНВ). Сезоната 1949-1950 започнала нормално, но по одигрувањето на три кола од есенскиот дел тоа било прекинато поради реорганизација на движењето за физичка култура во Бугарија по советски модел. Потоа бил создаден турнир за одредување на учесниците во Софија за наредната сезона 1950-1951, на кој се квалификувале најдобрите пет екипи. По завршувањето на турнирот, ЦДНВ останува на 6-то место. Со одлука на спортскиот дел на МЗБ, на местото на уште еден армијски клуб Ботев Пловдив, бил создаден тим со најсилните играчи од ЦДНВ, Ботев, Черно Море, Сливен и други тимови на армијата. Името на обединетиот клуб било „Народна војска“. Тимот повторно завршил на второто место зад Динамо.

Од следната сезона тимот го наследил софискиот армиски тим ЦДНВ, а останатите армиски тимови стартувале од пониските дивизии. Во 1953 година, тимот повторно бил преименуван - овој пат во "Отбор на Софијскија гарнизон", каде мнозинството негови играчи од почетниот тим биле обврзани да играат само во репрезентацијата на Бугарија во квалификациите за СП во Швајцарија 1954.

Во 1954 година, ОСГ веќе бил наречен „Централен дом на Народната Армија“ (ЦДНА), а периодот 1954 - 1962 година бил најуспешен, бидејќи армискиот тим освоил 9 титули по ред. Во 1956 година, ЦДНА учествувал на второто издание на новосоздадениот турнир КЕШ, стигнувајќи до четвртфиналето.[3]

Имиња

  • Септември при ЦДВ 1947-49;
  • Народна војска 1950;
  • Ц.Д.Н.В. 1951-1952;
  • Отбор на Софијскија гарнизон 1953;
  • ЦДНА 1954-62;
  • ЦСКА „Червено знаме“ 1962-68;
  • ЦСКА „Септемвриско знаме“ 1968-85;
  • ЦФКА „Средец“ 1985-89;
  • ЦСКА од 1989;

Играчи

Моментален состав

Бр.ПозицијаИграч
1 ГМГуставо Бусато
2 ОДЈурген Матeј
3 ОДСејни Санјанг
4 ОДМено Кох
5 ОДБредли де Нојер
6 ОДХристијан Петров
7 СРЏонатан Линдсет
8 СРСтанислав Шопов
9 НПДукенс Назон
10 СРЖираир Шагојан
11 НПМатијас Фаетон
12 ГММарин Орлинов
13 ОДБрајан Кордоба
14 СРТобијас Хајнц
15 СРТибо Вион
Бр.ПозицијаИграч
16 СРГеорги Чорбаџијски
17 ОДЕмануел Шакиќ
19 ОДИван Турицов
20 ОДАсен Дончев
21 СРАмос Југа
22 ОДЕнес Махмутовиќ
23 СРИлијан Антонов
24 НПМарк-Емилио Папазов
25 ГМДимитар Ефтимов
26 СРМарселино Кареасо
27 СРЛазар Туфегџиќ
28 НПБрајан Морено
29 НПМајкл Естрада
30 НПДанило Асприља

Поранешни познати играчи

АЛЖИР
  • Раис М'Боли
БРАЗИЛ
БУГАРИЈА
  • Ивајло Андонов
  • Цветан Атанасов
  • Красимир Безински
  • Димитар Бербатов
  • Стефан Божков
  • Цоњо Василев
  • Ѓорги Велинов
  • Борис Гаганелов
  • Емил Гаргоров
  • Ѓорги Денев
  • Спас Џевизов
  • Велизар Димитров
  • Ѓорги Димитров (Џеки)
  • Ѓорги Димитров (Црвениот)
  • Динко Димитров
  • Петар Жеков
  • Иван Зафиов
  • Радослав Здравков
  • Трифон Иванов
  • Ѓорги Илиев
  • Цветан Јончев
  • Стојан Јорданов
  • Никола Ковачев
  • Божил Колев
  • Иван Колев
  • Емил Костадинов
  • Манол Манолов
  • Владимир Манчев
  • Димитар Марашлиев
  • Пламен Марков
  • Димитар Миланов
  • Крум Милев
  • Стојчо Младенов
  • Георги Најденов
  • Анатоли Нанков
  • Аспарух Никодимов
  • Стојан Орманџиев
  • Панајот Панајотов
  • Димитар Пенев
  • Лјубослав Пенев
  • Мартин Петров
  • Кирил Ракаров
  • Ангел Рангелов
  • Васил Романов
  • Борис Станков
  • Кирил Станков
  • Христо Стоичков
  • Гаврил Стојанов
  • Лачезар Танев
  • Јордан Филипов
  • Никола Цанев
  • Нако Чакмаков
  • Димитар Јакимов
  • Крум Јанев
  • Христо Јанев
  • Костадин Јанчев
  • Тодор Јанчев
ГАНА
  • Едвин Џаси
ГАМБИЈА
  • Али Соу
ЕКВАДОР
  • Хорди Каиседо
ИТАЛИЈА
  • Стефано Белтраме
ИРСКА
  • Греам Кери
  • Килијан Шеридан
КАМЕРУН
  • Раул Лое
КОЛУМБИЈА
  • Густаво Кулма
КОНГО
  • Бредли Мазику
ЛИТВАНИЈА
  • Витаутас Чернјаускас
ЛУКСЕМБУРГ
  • Орелиен Јоахим
МАДАГАСКАР
  • Анисе
МАКЕДОНИЈА
ПОРТУГАЛИЈА
  • Тијаго Родригеш
  • Рубен Пинто
РОМАНИЈА
  • Флорентин Петре
СЕНЕГАЛ
  • Ибрахима Гај
УКРАИНА
  • Жуниор Мораеш

Наводи