Симеон Метафраст

византиски хагиограф од X век

Симеон Метафраст (грчки: Συμεών ο Μεταφραστής; о. 900 - 28 ноември 987) — византиски светец, писател и државен деец. Се чествува на 9 ноември по стар стил (28 ноември по нов стил).[1] Познат е по неговиот десеттомен месецослов — зборник на житија.[2]

Симеон Метафраст
преподобен, хагиограф, логотет
Роден(а)ок. 900, Цариград
Починал(а)28 ноември 987, Цариград
КанонизацијаXI век, Цариград
Слава9 ноември (ст. ст.)
22 ноември (н. ст.)
Обележјаписалка, свиток, духовничка облека

Живот

Малку се знае за животот на Симеон.[2] Живеел во втората половина на X век. Според Ефрем Малиот, врвот на кариерата го доживеал во шестата година од владеењето на Василиј II (982). Јахја Антиохиски исто така вели дека бил современик на Василиј II и патријархот Никола II (984–991).[3] Во XV век, Марко Ефески погрешно го нарекол голем логотет. Хагиографот впрочем живеел цело поклоение подоцна од историчарот Симеон Логотет со кој се поистоветува.[4]

Симеон претежно творел тропари и хагиографија. Составувал канони, стихири и тропари за Тројството. Составувал и одломки од црковните отци, особено Василиј Велики. Најважно негово дело е Месецословот, кој византологот Алберт Ерхард го нарекол „револуција во полето на хагиографијата“.[4] Според преданието, делото е направено по нарачка на Василиј II.[5]

Месецословот на Симеон е производ на енциклопедизмот својствен на македонската ренесанса. Не само што собирал и подредувал постоечки житија, туку и ги преработувал, стандардизирајќи го изразувањето во нив и збогатувајќи го нивниот реторички стил за да ги усогласи со тогашниот атицизам.[4] Прекарот „Метафраст“ го добил по чинот на метафразирање, односно дословно преведување. Симеон сепак не ја менувал содржината на самите житија и во нив и понатаму остануваат историските грешки.[5] Ги подредил според датумите кога се чествуваат во православниот литургиски календар.[4] There are about 150 distinct lives.[6]

За ова дело пофално се изразиле Никифор Уран и Михаил Псел, и истото нашироко се читало по манастирите. Стандардното издание излегло во десет томови. Во XI век се изработени голем број илуминирани примероци.[4]

Симеон е автор и на некои подготвителни и благодарствени молитви за Светата Причест[7] and prayers of thanksgiving after Holy Communion were composed by him.[8]

Почитување

Преподобниот Симеон Метафраст се почитува како светител во православието.[9] Михаил Псел ја составил неговата биографија (ок. 1050 г.) и црковната служба во негова чест.[10]

Тропар за Симеон Метафраст

Го благослови Господ бракот твој, о Симеоне, со науката за вистината, и сопатник те направи со Неговите угодници. Гласноговорник стана на борбата нивна за Христа, уста благодатна, незамолчлива на славата Божја во човекот. Затоа сега моли се за нас од пределите на тишината, каде глаголањето е пеење во крилото на Љубовта.

—Извор: МПЦ[11]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски