Никифор Уран

Никифор Уран познат ѝ како Никифор Веста (980–1010; грчки: Νικηφόρος Οὐρανός) бил византиски војсководец, државник и писател од последната четвртина на 10 век и првите години на 11 век, близок на император Василиј II.

Никифор Уран
Νικηφόρος Οὐρανός
Роденоколу 980
непознато
Починалоколу 1010
ДржаваВизантија
Чиндук на Антиохија
дук на Солун
ВојниБитка кај Спехеј

По победата над кандидатот за престолот Варда Склир во 979 година императорот го испратил Уран во Багдад, во тоа време главен град на династијата Буиди, со мисија да го натера локалниот владетел да го предаде побегнатиот Склир[1]. Напорите на Уран биле неуспешни и тој останал заробеник неколку години во Багдад. Во 987 година Склир се вратил во Византија и повторно кренал востание против императорот. По бегството од Багдад Никифор Уран повторно служел на Василиј II[2]. Никифор Уран имал голема улога во војните со цар Самоил. Во 996 година, силите на цар Самоил ги победиле Византијците кај Солун и ја ограбиле Грција. Со врзани раце поради арапската закана од исток, Василиј II го назначил Уран за доместик на Западот (т.е. командант на западните сили на империјата) со задача да се справи со самоиловите сили.

Во Битката кај Сперхеј во 996 или 997 година Уран успеал да го порази на Самоил и да стави крај на неговите напади во Пелопонез и Солун[1][3]. Во 997 година Уран навлегол на териториите на Самоил каде започнал со опустошувања, без да наиде на отпор[4][5]. Во 1000 година, кога императорот започнал голема офанзива, Никифор Уран бил испратен на другиот крај на империјата како дук на Антиохија (во Сирија). Најмалку седум години тој служел како врховен воен и административен гувернер на источната граница на Византија[1]. Во 1001 година ги разбил Грузијците, кои упаднале во областа Тао, и го одржувал мирот во доверени му области. На овој начин му овозможил на Василиј II да ги фокусира своите сили да се насочат против Самоил.

Како писател, Никифор Уран напишал неколку дела, од кои денеска се зачувани воениот прирачник ("Тактика"), извор за военото дело на Византија во негово време. Придонес за денешните сознанија за Византија има и во дел од сочуваната од него преписка[1]. Уран е автор и на агиографски текстови, како Житието на Св. Симеон Дивногорски (светец, кој живеел во 6 век рај Антиохија[6]).

Наводи

Литература

Надворешни врски

Претходник
Дамјан Даласенос
Управител (дук) на Антиохија
999–1007/11
Vacant
Претходник
Јован Халд
Управител (дук) на Солун
996–999
Наследник
Давид Аријанит
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица