Среќна Нова ’49

(Пренасочено од Среќна Нова '49)

Среќна нова ’49 е македонски филм од 1986 година, режиран од Столе Попов. Главните улоги ги толкуваат: Мето Јовановски, Светозар Цветковиќ, Владица Милосављевиќ, Ацо Ѓорчев, Милица Стојанова, Гоце Тодоровски, Петар Арсовски, Душко Костовски, Мите Грозданов, Младен Крстевски и Александар Шехтански. Тој се смета за едно од најуспешните македонски филмски остварувања и е единствениот македонски филм, покрај „Црно семе“ на Кирил Ценевски,[4] што е избран да биде Југословенски кандидат за Оскар.[2] Филмот е добитник е на низа награди и признанија, како: „Големата златна арена за најдобар филм“ на Фестивалот на југословенскиот игран филм во Пула (1986), како и Првата награда од публиката на Меѓународниот филмски фестивал во Порто Алегре (1991).[2]

„Среќна нова ’49“
Плакат за филмот
РежисерСтоле Попов
СценаристГордан Михиќ
Главни улогиМето Јовановски
Ацо Ѓорчев
Милица Стојанова
Светозар Цветковиќ
Владица Милосављевиќ
Младен Крстевски
Петар Арсовски
Гоце Тодоровски
Јовица Михајловски
Душко Костовски
Мите Грозданов
Ванчо Петрушевски
Александар Шехтански
МузикаЉупчо Константинов
МонтажаВангел Чемчев
ДистрибутерВардар филм
ПремиераСФРЈ 27 јуни 1986[1]
Времетраење125 мин[2][3]
128 мин[1]
ЗемјаНР Македонија СР Македонија
Јазикмакедонски
српско-хрватски

Содржина

Сцена од филмот

Основната тема во филмот е донесувањето на Резолуцијата на Информбирото и нејзиното неприфаќање во македонската општествена средина. Дејството се одвива во кругот на едно семејство чии членови, наоѓајќи се во вакви историски околности, започнуваат да се прибираат околу еден круг на злото при што доаѓа до уништување на најдлабоките човечки чувства, односно до себеоткажување, до напуштање на сѐ она што дотогаш го красело нивниот лик.

Всушност, филмот е приказна за двајца браќa: постариот, Драгослав Ковачевски (Мето Јовановски) кој како студент се враќа од Советскиот Сојуз за веднаш потоа да биде лажно обвинет и затворен, и неговиот помал брат Коста (Светозар Цветковиќ) кој го согледува неморалот на властите во СФРЈ и сака да живее свој живот, независен од сите други околу него. Тој шверцува пеницилин и заработува доволно пари:

... Го имам клучот кој ги отвора сите врати ...

Тој покажува наклонетост кон Вера (Владица Милосављевиќ), девојката на постариот брат додека тој е во затворот, за која на крајот се открива дека била советска шпионка; кога за тоа ќе се дознае, Вера се самоубива. Но, соперничката банда на Бугер (Петар Арсовски) полека ги „средува“ работите во тогашното скопско подземје и Коста, во безизлезна ситуација, се решава да ја напушти земјата и бега на запад. Никој дома не знае каде е заминат и што се случува со него. Истовремено, Драгослав се самоубива.

Улоги

ГлумецУлога
Александар ЃорчевСтојан
Милица СтојановаМајката
Мето ЈовановскиДрагослав
Видосава МилосављевиќВера
Светлозар ЦветковиќКоста
Петре АрсовскиБургер
Гоце ТодоровскиТодор
Младен КрстевскиГрадимир
Душко КостовскиДиле
Мите ГроздановИнспектор
Ванчо ПетрушевскиШоферот
Јовица Михајловски
Александар ШехтанскиПолицаец
Гоце ВлаховСтражар
Кица Ивковска ВелјановскаЖената
Јордан Витанов
Синоличка ТрпковаНале
Георги Бисерков
Кире СимоновскиКоле
Мустафа Јашар
Кирчо Божиновски
Страшо Милошевски
Иван БекјаревИнспектор во Суботица
Ратко ТанкосиќШверцер
Раде Рогожаров

Локации

Филмот е снимен на повеќе локации: железничка станица во Суботица, скопско Маџир Маало, Буњаковец, реката Треска, Старата скопска чаршија,

Реакции и награди

Реакции

„Среќна Нова '49“ го означува почетокот и една од врвните точки на „неочеочекуваниот подем на македонската играна продукција“.[2] За Роберт Алаѓозовски, почнувајќи токму од ова дело на Столе Попов, македонскиот филм „сукцесивно ги воведува маргиналните слоеви на македонското општество во центарот на кинестетското интересирање, доловувајќи ја со сите филмски средства нивната глобална слика, прикажувајќи ги нивните светови, сомнежи и стремења, но притоа особено инсистирајќи на субјективното авторско видување на филмската тема“.[5] Филмот бил прогласен за најдобар југословенски филм за 1986 година и бил предложен за југословенски кандидат за Оскар, но сепак, не успеал да влезе во потесниот избор.

Награди

Филмот бил награден со повеќе филмски награди, како:[6]

Наводи

Надворешни врски