Тирено-Адријатико 2015

Тирено-Адријатико 2015 — 50. издание на велосипедската етапна трка Тирено-Адријатико. Се одржала од 11 до 17 март и била трета трка во сезоната на Светската турнеја.[1][2] Трката била една од најважните трки во првиот дел на велосипедската сезона и била користена од возачите за подготовка на големите трки и на класиците.

Тирено-Адријатико 2015
Светска турнеја на UCI 2015, трка 3 од 28
Детали за трката
Датум(и)11–17 март 2015
Етапи7
Растојание1.004,3 км
Време25ч 11' 16" (39,9 км/ч)
Добитници на наградите
Победник Наиро Кинтана (КОЛ)(Мовистар Тим)
Втор Бауке Молема (ХОЛ)(Трек Фактори Рејсинг)
Трет Ригоберто Уран (КОЛ)(Етикс-Квик Степ)

Бодовен Петер Саган (СВК)(Тинкоф-Саксо)
Планински Карлос Кинтеро (КОЛ)(Колумбија)
Младински Наиро Кинтана (КОЛ)(Мовистар Тим)
2014
2016

Рутата на изданието во 2015 година започнувала и завршувала со поединечен хронометар, еден од нив пренаменет, откако првично бил замислен како екипен хронометар, но изменето пред започнување на трката. Помеѓу нив, трката се состоела од две етапи погодни за спринтерите, една за експлозивните возачи и две за искачувачите. Клучната етапа на трката била петтата етапа, која завршувала на врвот МОнте Терминило. Бранителот на титулата од 2014 година бил Алберто Контадор (Тинкоф-Саксо), кој се очекувало да биде предизвикан од најсилните етапни возачи, Наиро Кинтана (Мовистар Тим), Винченцо Нибали (Астана) и Крис Фрум (Тим Скај). Меѓутоа, Фрум се повлекол кратко пред трката.

Првиот поединечен хронометар бил освоен од Адријано Малори (Мовистар Тим), кој го одржувал водството на првите две етапи. Грег ван Авермат (Ванти-Груп Гобер) и Ваут Пулс (Тим Скај) ги освоиле следните две етапи, секој преземајќи го водството на трката на еден ден. Кралската етапа до Монте Терминило била освоена од Кинтана, кој го преземал водството и успеал да го зачува до крајот на трката. Бауке Молема (Трек Фактори Рејсинг) завршил втор, 18 секунди зад Кинтана, а Ригоберто Уран (Етикс-Квик Степ) на третото место.

Петер Саган (Тинкоф-Саксо) го освоил бодовниот пласман, откако победил на една етапа и завршил помеѓу првите десет на три други. Планинскиот пласман бил освоен од Карлос Кинтеро (Колумбија), додека Наиро Кинтана го освоил и пласманот и млад возач, покрај генералниот пласман.

Распоред

ЕтапаДатумДвижењеРастојаниеВидПобедник
111 мартКамаиоре22,7 км
5,4 км
екипен хронометар
поединечен хронометар
 Адријано Малори (ИТА)
212 мартКамаиоре до Кашина153 км рамна етапа  Јенс Дебишер (БЕЛ)
313 мартКашина до Арецо203 км ридеста етапа  Грег ван Авермат (БЕЛ)
414 мартАрецо до Кастелраимондо226 км среднопланинска етапа  Ваут Пулс (ХОЛ)
515 мартЕзанатолја до Монте Терминило196,9 км планинска етапа  Наиро Кинтана (КОЛ)
616 мартРиети до Порто Сант’Елпидио210 км ридеста етапа  Петер Саган (СВК)
717 мартСан Бенедето дел Тронто10 км поединечен хронометар  Фабијан Канчелара (ШВА)

Екипи

Бидејќи Тирено-Адријатико е настан од Светската турнеја, сите 17 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. На пет професионални континентални екипи им биле доделени специјални покани.[3]

Екипи во Светската турнеја биле:

Екипи кои добиле специјални покани биле:

Етапи

Етапа 1

11 март 2015 — Камаиоре, 5,4 км (ITT)
Резултат од етапа 1 и генерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1  Адријано Малори (ИТА) Мовистар Тим6' 04"
2  Фабијан Канчелара (ШВА)Трек Фактори Рејсинг+ 1"
3  Грег ван Авермат (БЕЛ)Ванти-Груп Гобер+ 2"
4  Маќеј Боднар (ПОЛ)Тинкоф-Саксо+ 2"
5  Матијас Брендле (ПОЛ)ИАМ Сајклинг+ 2"
6  Даниел Ос (ИТА)Ванти-Груп Гобер+ 4"
7  Рамунас Навардаускас (ЛИТ)Канондејл-Гармин+ 5"
8  Стив Камингс (ВБР)МТН Кубека+ 6"
9  Петер Саган (СВК)Тинкоф-Саксо+ 6"
10  Жоан Ле Бон (ФРА)ФДЖ+ 8"

Етапа 2

12 март 2015 — Камаиоре до Кашина, 153 км
Резултат од етапа 2
ВозачЕкипаВреме
1  Јенс Дебишер (БЕЛ)Лото-Судал3ч 30' 18"
2  Петер Саган (СВК) Тинкоф-Саксои.в.
3  Сем Бенет (ИРС)Бора-Аргон 18и.в.
4  Александар Порсев (РУС)Катјушаи.в.
5  Тајлер Фарар (САД)МТН Кубекаи.в.
6  Магнус Корт Нилсен (ДАН)Орика-ГринЕЏи.в.
7  Рогер Клуге (ГЕР)ИАМ Сајклинги.в.
8  Никола Руфони (ИТА)Бардијани-ЦСФи.в.
9  Зак Демпстер (АВС)Бора-Аргон 18и.в.
10  Марк Реншо (АВС)Етикс-Квик Степи.в.
Генерален пласман по етапа 2
ВозачЕкипаВреме
1  Адријано Малори (ИТА) Мовистар Тим3ч 36' 22"
2  Петер Саган (СВК) Тинкоф-Саксо+ 0"
3  Фабијан Канчелара (ШВА)Трек Фактори Рејсинг+ 1"
4  Грег ван Авермат (БЕЛ)Ванти-Груп Гобер+ 2"
5  Матијас Брендле (АВТ)ИАМ Сајклинг+ 2"
6  Маќеј Боднар (ПОЛ)Тинкоф-Саксо+ 2"
7  Даниел Ос (ИТА)Ванти-Груп Гобер+ 4"
8  Рамунас Навардаускас (ЛИТ)Канондејл-Гармин+ 5"
9  Стив Камингс (ВБР)МТН Кубека+ 6"
10  Мартејн Кејзер (ХОЛ)Лото НЛ-Џамбо+ 7"

Етапа 3

13 март 2015 — Кашина до Арецо, 203 км
Резултат од етапа 3
ВозачЕкипаВреме
1  Грег ван Авермат (БЕЛ)Ванти-Груп Гобер4ч 58' 17"
2  Петер Саган (СВК) Тинкоф-Саксои.в.
3  Здењек Штибар (ЧЕШ)Етикс-Квик Степи.в.
4  Филипо Поцато (ИТА)Лампре-Меридаи.в.
5  Фабијан Канчелара (ШВА)Трек Фактори Рејсинги.в.
6  Зимон Гешке (ГЕР)Џајант-Алпецини.в.
7  Паул Мартенс (ГЕР)Лото НЛ-Џамбои.в.
8  Андриј Гривко (УКР)Астанаи.в.
9  Ригоберто Уран (КОЛ)Етикс-Квик Степи.в.
10  Ваут Пулс (ХОЛ)Тим Скаји.в.
Генерален пласман по етапа 3
ВозачЕкипаВреме
1  Грег ван Авермат (БЕЛ) Ванти-Груп Гобер8ч 34' 31"
2  Петер Саган (СВК) Тинкоф-Саксо+ 2"
3  Адријано Малори (ИТА)Мовистар Тим+ 8"
4  Фабијан Канчелара (ШВА)Трек Фактори Рејсинг+ 9"
5  Матијас Брендле (АВТ)ИАМ Сајклинг+ 10"
6  Рамунас Навардаускас (ЛИТ)Канондејл-Гармин+ 13"
7  Стив Камингс (ВБР)МТН Кубека+ 14"
8  Џонатан Кастровјехо (ШПА)Мовистар Тим+ 16"
7  Едвалд Боасон Хаген (НОР)МТН Кубека+ 16"
10  Андриј Гривко (УКР)Астана+ 17"

Етапа 4

14 март 2015 — Арецо до Кастелраимондо, 226 км
Резултат од етапа 4
ВозачЕкипаВреме
1  Ваут Пулс (ХОЛ)Тим Скај5ч 53' 38"
2  Ригоберто Уран (КОЛ)Етикс-Квик Степ+ 14"
3  Хоаким Родригес (ШПА)Катјуша+ 14"
4  Алекси Вијермоз (ФРА)Аг2р-Ла Мондијал+ 14"
5  Риналдо Ночентини (ИТА)Аг2р-Ла Мондијал+ 14"
6  Роман Кројцигер (ЧЕШ)Тинкоф-Саксо+ 14"
7  Џампаоло Карузо (ИТА)Катјуша+ 14"
8  Наиро Кинтана (КОЛ)Мовистар Тим+ 14"
9  Јурген ван ден Брук (БЕЛ)Лото-Судал+ 14"
10  Адам Јејтс (ВБР)Орика-ГринЕЏ+ 14"
Генерален пласман по етапа 4
ВозачЕкипаВреме
1  Ваут Пулс (ХОЛ) Тим Скај14ч 28' 18"
2  Ригоберто Уран (КОЛ)Етикс-Квик Степ+ 17"
3  Стив Камингс (ВБР)МТН Кубека+ 26"
4  Тибо Пино (ФРА)ФДЖ+ 26"
5  Роман Кројцигер (ЧЕШ)Тинкоф-Саксо+ 27"
6  Џонатан Кастровјехо (ШПА)Мовистар Тим+ 28"
7  Бауке Молема (ХОЛ)Трек Фактори Рејсинг+ 28"
8  Петер Саган (СВК) Тинкоф-Саксо+ 30"
9  Винченцо Нибали (ИТА)Астана+ 31"
10  Алберто Контадор (ШПА)Тинкоф-Саксо+ 32"

Етапа 5

15 март 2015 — Езанатолја до Монте Терминило, 199 км
Резултат од етапа 5
ВозачЕкипаВреме
1  Наиро Кинтана (КОЛ)Мовистар Тим5ч 26' 03"
2  Бауке Молема (ХОЛ)Трек Фактори Рејсинг+ 41"
3  Хоаким Родригес (ШПА)Катјуша+ 55"
4  Ригоберто Уран (КОЛ)Етикс-Квик Степ+ 55"
5  Алберто Контадор (ШПА)Тинкоф-Саксо+ 55"
6  Тибо Пино (ФРА)ФДЖ+ 55"
7  Адам Јејтс (ВБР)Орика-ГринЕЏ+ 55"
8  Доменико Поцовиво (ИТА)Аг2р-Ла Мондијал+ 55"
9  Пшемислав Њемјец (ПОЛ)Лампре-Мерида+ 1' 05"
10  Дамијано Карузо (ИТА)Ванти-Груп Гобер+ 1' 10"
Генерален пласман по етапа 5
ВозачЕкипаВреме
1  Наиро Кинтана (КОЛ) Мовистар Тим19ч 54' 45"
2  Бауке Молема (ХОЛ)Трек Фактори Рејсинг+ 39"
3  Ригоберто Уран (КОЛ)Етикс-Квик Степ+ 48"
4  Тибо Пино (ФРА)ФДЖ+ 57"
5  Алберто Контадор (ШПА)Тинкоф-Саксо+ 1' 03"
6  Адам Јејтс (ВБР)Орика-ГринЕЏ+ 1' 04"
7  Доменико Поцовиво (ИТА)Аг2р-Ла Мондијал+ 1' 06"
8  Хоаким Родригес (ШПА)Катјуша+ 1' 07"
9  Стив Камингс (ВБР)МТН Кубека+ 1' 12"
10  Ваут Пулс (ХОЛ)Тим Скај+ 1' 13"

Етапа 6

16 март 2015 — Риети до Порто Сант’Елпидио, 210 км
Резултат од етапа 6
ВозачЕкипаВреме
1  Петер Саган (СВК) Тинкоф-Саксо5ч 04' 13"
2  Гералд Чолек (ГЕР)МТН Кубекаи.в.
3  Јенс Дебишер (БЕЛ)Лото НЛ-Џамбои.в.
4  Магнус Корт Нилсен (ДАН)Орика-ГринЕЏи.в.
5  Максимилијано Ричезе (АРГ)Лампре-Меридаи.в.
6  Едвалд Боасон Хаген (НОР)МТН Кубекаи.в.
7  Никијас Арнт (ГЕР)Џајант-Алпецини.в.
8  Сем Бенет (ИРС)Бора-Аргон 18и.в.
9  Рамунас Навардаускас (ЛИТ)Канондејл-Гармини.в.
10  Алексеј Луценко (КАЗ)Астанаи.в.
Генерален пласман по етапа 6
ВозачЕкипаВреме
1  Наиро Кинтана (КОЛ) Мовистар Тим24ч 58' 58"
2  Бауке Молема (ХОЛ)Трек Фактори Рејсинг+ 39"
3  Ригоберто Уран (КОЛ)Етикс-Квик Степ+ 48"
4  Тибо Пино (ФРА)ФДЖ+ 57"
5  Алберто Контадор (ШПА)Тинкоф-Саксо+ 1' 03"
6  Адам Јејтс (ВБР)Орика-ГринЕЏ+ 1' 04"
7  Доменико Поцовиво (ИТА)Аг2р-Ла Мондијал+ 1' 06"
8  Хоаким Родригес (ШПА)Катјуша+ 1' 07"
9  Стив Камингс (ВБР)МТН Кубека+ 1' 12"
10  Ваут Пулс (ХОЛ)Тим Скај+ 1' 13"

Етапа 7

17 март 2015 — Сан Бенедето дел Тронто до Сан Бенедето дел Тронто, 10,05 км, (ITT)
Резултат од етапа 7
ВозачЕкипаВреме
1  Фабијан Канчелара (ШВА)Трек Фактори Рејсинг11' 23"
2  Адријано Малори (ИТА)Мовистар Тим+ 4"
3  Васил Кириенка (БЛР)Тим Скај+ 9"
4  Џонатан Кастровјехо (ШПА)Мовистар Тим+ 12"
5  Маќеј Боднар (ПОЛ)Тинкоф-Саксо+ 16"
6  Мајкл Хепберн (АВС)Орика-ГринЕЏ+ 16"
7  Рамунас Навардаускас (ЛИТ)Канондејл-Гармин+ 17"
8  Стив Камингс (ВБР)МТН Кубека+ 23"
9  Андреј Амадор (КРИ)Мовистар Тим+ 25"
10  Едвалд Боасон Хаген (НОР)МТН Кубека+ 26"
Краен генерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1  Наиро Кинтана (КОЛ) Мовистар Тим25ч 11' 16"
2  Бауке Молема (ХОЛ)Трек Фактори Рејсинг+ 18"
3  Ригоберто Уран (КОЛ)Етикс-Квик Степ+ 31"
4  Тибо Пино (ФРА)ФДЖ+ 35"
5  Алберто Контадор (ШПА)Тинкоф-Саксо+ 39"
6  Стив Камингс (ВБР)МТН Кубека+ 40"
7  Ваут Пулс (ХОЛ)Тим Скај+ 56"
8  Доменико Поцовиво (ИТА)Аг2р-Ла Мондијал+ 59"
9  Адам Јејтс (ВБР)Орика-ГринЕЏ+ 1' 09"
10  Роман Кројцигер (ЧЕШ)Тинкоф-Саксо+ 1' 11"

Поредок

Имало четири главни пласмани на Тирено-Адтијатико 2015. Првиот и најважниот од сите бил генералниот пласман. Бил пресметуван со додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа. Временските бонуси биле доделувани на првите тројца на целта на друмските етапи (етапите од 2 до 6): етапниот победник добивал десет секунди, вториот шест и третиот четири секунди. Овие секунди биле доделувани и на првите тројца возачи на средните спринтови (три секунди за победникот на спринтот, две секунди за вториот возач и една секунда за третиот). Предводникот на генералниот пласман ја добивал сината маичка, а победникот на пласманот бил сметан за победник на целата трка.[4]

Вториот пласман бил бодовниот. На секоја етапа на трката, бодовите биле доделувани на првите десет возачи. Победникот добивал 12 бода, вториот возач добивал 10 бода, третиот 8 бода и по еден бод помалку до еден бод за десеттиот возач. Бодовите биле доделувани и за првите четворица возачи на средните спринтови, пет бода за победникот на спринтот и три, два и еден бод за возачите на второто, третото и четвртото место, соодветно. Првично било планирано дека нема да има бодови на првата етапа, бидејќи ќе била екипен хронометар. Меѓутоа, откако била променета во поединечен хронометар биле доделени бодови на етапата во ист сооднос како за средниот спринт. Победникот на бодовниот пласман ја добивал црвената маичка.[5][6]

Третиот пласман бил планинскиот пласман. На секоја од друмските етапи имало категоризирани искачувања. Првите возачи на врвот на искачувањето добивале бодови во планинскиот пласман. На повеќето искачувања, првите четворица возачи освојувале бодови, по пет, три, два и еден бод соодветно. Повеќе бодови се добивале на двете најтешки искачувања на трката. Ова биле на врвот Монте Терминило на петтата етапа и Поџо Сан Ромуалдо на четвртата етапа. На овие искачувања, победникот добил 15 бода во пласманот, а дополнително уште шест возачи добиле бодови. Возачот со најмногу бодови ја добивал зелената маичка.[7]

Последен пласман бил пласманот за млад возач. Овој бил заснован на пресметката на генералниот пласман: највисокиот пласиран возач роден на и по 1 јануари 1990 година бил предводник на пласманот и ја добивал белата маичка.[7]

ЕтапаПобедникГенерален пласман
Бодовен пласман
Планински пласман
Пласман за млад возач
1Адријано МалориАдријано МалориАдријано МалоринедоделенаПетер Саган
2Јенс ДебишерЈенс ДебишерДанило Вис
3Грег ван АверматГрег ван АверматПетер Саган
4Ваут ПулсВаут ПулсКарлос КинтероТибо Пино
5Наиро КинтанаНаиро КинтанаНаиро Кинтана
6Петер Саган
7Фабијан Канчелара
На крајНаиро КинтанаПетер СаганКарлос КинтероНаиро Кинтана

Наводи

Надворешни врски