Ригоберто Уран

колумбиски велосипедист

Ригоберто Уран Уран (шпански: Rigoberto Urán Urán; р. 26 јануари 1987 во Урао, Антиокија) — колумбиски професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата ЕФ Едукејшн-ИзиПост.[2]

Ригоберто Уран
Уран во 2019 година
Лични податоци
Цело имеРигоберто Уран Уран
ПрекарРиго, Ригонатор[1]
Роден26 јануари 1987(1987-01-26)(37 г.)
Урао,  Колумбија
Висина1,73 м[1]
Маса63 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубЕФ Едукејшн-ИзиПост
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување и хронометри
Професионални клубови
2006
2007
2008–2010
2011–2013
2014–2015
2016-
Тенакс
Унибет.com
Кес д’Епарњ
Тим Скај
Омега Парма-Квик Степ
Канондејл-Драпак
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
Пласман за млад возач (2012)
2 поединечни етапи (2013, 2014)
1 етапа ТТТ (2013)
Тур де Франс
1 поединечна етапа (2017)

Еднодневни трки и класици

Национален хронометарски првак (2015)
Гран при Квебек (2015)
Џиро дел Пиемонт (2012)
Последна промена
3 мај 2020

На Летните олимписки игри 2012, го освоил сребрениот медал на друмската трка. Станал првиот Колумбиец кој некогаш бил на подиум на Џиро д’Италија, кога завршил втор зад Винченцо Нибали во 2013 година, преземајќи го водството на Тим Скај по откажувањето на предводникот на екипата Бредли Вигинс. Исто така освоил етапа која завршувала на нагорнина на трката. Претходната година ја освоил белата маичка за најдобар млад возач и седмото место во генералниот пласман. На Џиро д’Италија 2014 завршил повторно на второто место во генералниот пласман, овој пат зад сонародникот Наиро Кинтана. Негов најдобар резултат бил на Тур де Франс 2017, каде освоил етапа и завршил втор на крајот.

Ран живот

Првата велосипедска трка му била на 14 години, три месеци пред неговиот татко да биде случајно убиен во пукање поврзано со мафијата во Колумбија.[3][4] Ригоберто го зазел неговото место како продавач на лото-ливчиња за да му помогне на неговото семејство и на возраст од 16 години станал професионалец и се преселил во Меделјин да вози за Оргуло Паиса, колумбиски велосипедски тим.[5][6]

Велосипедска кариера

Тенакс и Унибет (2006-07)

На возраст од 19 се сели во Италија да вози за Тим Тенакс со неговиот сонародник Марлон Перес Аранго. Следната година тој потпишува за Унибет.com и го победува хронометарот на Еускал Бизиклета, кој беше стопиран со некои возачи сè уште останати на силниот дожд и ветар. Исто така, ја освои и осмата етапа на Тур де Свис и завршил деветти на крајот.[7] На Трката околу Германија тој беше заедно со крајниот победник на етапата Дамијано Кунего, кога паднал долу низ еден планински поток и се забил во камен ѕид. Тој имал фрактури на двете колена и десниот зглоб.[8]

Кејс д’Епарњ (2008-10)

Уран на Џиро д’Италија 2010

Во 2008 година потпишал договор со Кес д’Епарњ и завршил втор на Волта а Каталуња и трет на Џиро ди Ломбардија, престижен еднодневен класик. На Летните олимписки игри 2008, Уран се натпреварувал на друмската трка, но не ја заврши. Во 2009 завршил петти во крајниот пласман на Тур де Романди и го возел неговиот прв Тур де Франс и завршил 52.. Во 2010 возел на Џиро д’Италија и заврши 7. на крај на Тур де Свис 2010. Исто така, возел и на Вуелта а Еспања, но се здобил со пад со што се ставило крај на неговите желби за висок краен пласман, но сепак завршил на осмото место.[9]

Тим Скај (2011-2013)

Уран возел за Скај на Критериум ди Дофине 2011

Уран се приклучил на Тим Скај во сезоната 2011.[10] Тој завршил петти на Лиеж-Бастон-Лиеж,[11] и петти на крајот во Волта а Каталуња.[12]

На Тур де Франс, Уран станал водач на Скај откако Бредли Вигинс излетал на етапата 7. Тој завршил петти на етапата 14, преземајќи ја белата маичка и се искачил на 11. место во генералниот пласман.[13] Уран ја загубил белата маичка од Реин Тарамае на 18. етапа[14] откако се разболел,[15] и така завршил 24-ти на крајот.[16]

Во текот на Волта а Каталуња 2012, Уран ја освоил првата победа за Скај на етапата 4, победувајќи на спринтот по бегството од шест луѓе. Уран завршил втор на следната етапа и ја завршил трката на петтото место во генералниот пласман.

На Џиро д’Италија 2012 го освоил пласманот за млад возач и завршил седми во генералниот пласман, откако се нашол во водечката група на повеќето од планинските етапи. Тој немал еден резултат многу добар на поединечните етапи, туку завршувал во првите десет на етапите 10, 14, 17 (4.), 19 и 20, на кои сите важни планински искачувања. Завршил со пет минути и 57 секунди задоцнување зад победникот, Канаѓанецот Рајдер Хесједал од Гармин-Шарп.[17]

Го освоил сребрениот медал на друмската трка на Летните олимписки игри 2012, откако се одвоил од групата заедно со Александар Винокуров, на помалку од 10 километри пред крајот. На околу 200 метри од целта, кога победата била безбедна за еден од двајцата натпреварувачи, Уран погледнал назад да виде дали групата го загрозувала нивното водство. Но, тогаш Винокуров започнал да спринта, изненадувајќи го Урај, кој не можел да го стигне и да ја намали разликата, со што Казахстанецот стигнал до целта и до златниот медал.[18][19] Возел на Вуелта а Еспања како поддршка на неговиот водач Крис Фрум и завршил на 29. место.[20] Подоцна во есента, се натпреварувал на италијанскиот класик Џиро дел Пиемонт, Уран нападнал на последното искачување на денот, следен од Горка Вердуго (Еускалтел-Еускади). Двоецот вербално се согласил да соработуваат до последните 500 метри и Уран го започнал својот спринт на 300 метри пред крајот, победувајќи за шест секунди пред Лука Паолини од Катјуша, кој се обидувал да дојде од позади.[21] Неколку дена подоцна, го освоил третото место на велосипедскиот монумент Џиро ди Ломбардија во тешки временски услови (студ и дожд). Ја поминал целта во Леко како дел од мала група, кои неуспешно се обиделе да го следат Хоаким Родригес од екипата Катјуша.[22]

Уран бил избран за Џиро д’Италија 2013, првично како еден од планинските помошници на Бредли Вигинс. Уран бил петти во генералниот пласман откако Скај го освоил екипниот хронометар на втората етапа и се поместил на третото место на следната етапа. Се искачил до второто место во генералниот пласман, зад Лука Паолини, на четвртата етапа, откако Вигинс изгубил време зад несреќата. Меѓутоа, на седмата етапа, Уран бил присилен да го чека Вигинс откако се борел по падот на влажниот спуст и поради тоа излегол од првите десет. По поединечниот хронометар на осмата етапа, Уран бил десетти во генералниот пласман, две минути и 49 секунди зад новиот предводник Винченцо Нибали. На десеттата етапа, првата планинска етапа на трката, Уран започнал напад на последното искачување и ја освоил етапата со 20 секунди пред сонародникот Карлос Бетанкур. Исто така, Уран се поместил на третото место во генералниот пласман, 2 минути и 4 секунди зад Нибали и 1 секунда пред Вигинс. Вигинс се повлекол поради болест откако изгубил уште време на етапата 12, оставајќи го Уран како предводник на Скај. Уран бил петти на етапата 14 и го одржал третото место со една секунда предд Мауро Сантамброџо, но го потврдил своето место на етапата 16 откако Сантамброџо изгубил над две минути. Уран дошол шести на планинскиот хронометар на етапата 18 и ја намалил разликата со второпласираниот Кедел Еванс на само 12 секунди. На последната завршница на искачување на етапата 20, Уран дошол трет зад Нибали и Бетанкур и го прескокнал Еванс на второто место. Сигурно ја поминал последната етапа и завршил како втор во генералниот пласман на Џиро, 4 минути и 43 секунди зад Нибали, прв подиум на некоја голема трка.

Во август 2013 било објавено дека Уран ќе го напушти Тим Скај[23] на крајот на сезоната 2013 и му се приклучил на Омега Парма-Квик Степ за сезоната 2014.[24]

Омега Парма-Квик Степ (2014–2015)

Уран во 2014 година

Уран ја започнал сезоната 2014 со третото место на Трката околу Оман. Иако целел кон Џиро д’Италија, бил незабележитен во текот на Тур де Романди, освен четвртото место на претпоследниот хронометар. Една недела подоцна, настапил на Џиро предводејќи ја екипата Омега Парма-Квик Степ.

Првата недела на Џиро започнала добро со второто место во генералниот пласман зад предводникот Кедел Еванс. Покажал извонредна форма на хронометарот на дванаесеттата етапа, на кој победил и го преземал водството на трката. Со тоа станал првиот Колумбиец кој ја носел розовата маичка. Потоа, успеал да го одржува своето високо водство на етапите 14 и 15. Меѓутоа, на следната етапа контроверзно го изгубил водството на трката од сонародникот Наиро Кинтана, откако мислел дека спустот на Стелвио ќе биде неутрализиран, додека Кинтана се одвоил и нападнал. Иако неговата екипа реагирала на ова, Уран никогаш не се произјаснил самиот. Иако завршил на солидното трето место на планинскиот хронометар на деветнаесеттата етапа, неговите шанси за победа се свеле на нула откако задоцнил три минути зад Кинтана на хронометарот. Уран бил добар на Цонколан и освоил одредено време во однос на другите соперници. И покрај контроверзата на спустот на Стелвио, Уран изгледал задоволен со второто место во генералниот пласман.

По добриот почеток на третото место во генералниот пласман, Уран паднал во пласманот на Вуелта а Еспања, откажувајќи се од трката откако се здобил со астматичен бронхит. Екипата се надевала дека состојбата на Уран ќе се подобри во текот на вториот ден за одмор, но немало подобрување. На крајот ја напуштил трката пред седумнаесеттата етапа.[25]

Канондејл Про Сајклинг (2016–)

2016

Уран (лево) го следи Крис Фрум на Тур де Франс 2017

Започнувајќи во 2016 година, Уран се приклучил на екипата ЕФ Едукејшн-ИзиПост.[26] Во неговата прва сезона со екипата целел на Џиро д’италија, но неговата форма никогаш не ги достигнале нивоата од пред две години кога завршил седми. Сезоната ја завршил со трето место на Џиро ди Ломбардија. Тоа било негово трето место на италијанскиот класик.

2017

Уран има посилен почеток во сезоната 2017, завршувајќи осми на Тирено-Адријатико и деветти на Трката околу Баскија. Негова последна трка пред Тур де Франс, била Рут ди Сид, каде завршил осми. Уран ја освоил деветтата етапа на Тур де Франс 2017 во фото-завршница пред Варан Баргиј (Тим Санвеб) и покрај тоа што менувачот му бил оштетен во пад со Ричи Порт (Ванти-Груп Гобер) при спуст.[27] Приближувајќи се кон завршната недела, Уран бил четврти во генералниот пласман, само 29 секунди зад предводникот Крис Фрум (Тим Скај). Како силен возач на хронометри, било јасно дека Уран ќе го предизвика Фрум за победа. Имал силен настап, на кој за малку ќе паднел на последната кривина пред да заврши 25 секунди пред Фрум. Уран се искачил на второто место во генералниот пласман, претекнувајќи го Ромен Барде. Со тоа, Колумбија првпат имала возач на подиум на Тур де Франс.

2018

По неговото второ место на Тур де Франс во 2017 година, Уран целел на победа во 2018 година. Ја започнал сезоната во Колумбија, возејќи на националното друмско првенство, каде завршил седми. Една недела подоцна, ја освоил петтата етапа на Колумбија Оро и Пас и ја завршил трката како трет. Во јуни, Уран ја освоил третата етапа на Трката околу Словенија и ја презел водечката маичка. Меѓутоа, следната етапа, уште еден кандидат за Тур, Примож Роглич, ја презел водечката маичка и ја освоил завршната етапа додека Уран изгубил 1 минута од Роглич на хронометарот. Уран завршил втор со скоро 2 минути зад Роглич. Уран започнал на Тур де Франс 2018 како еден од главните фаворити и бил шести по осмата етапа. Меѓутоа, на деветтата етапа, Уран немал среќа и паднал при што ги повредил неговите лева рака и нога. Се мачел на првите два дена на планините пред да ја напушти трката по единаесеттата етапа.[28] Уран се вратил на трките еден месец подоцна на Класика де Сан Себастијан, каде завршил шести, кој бил негов најдобар резултат некогаш на трката. Учествувал Вуелта а Еспања и се искачувал во генералниот пласман. На претпоследната етапа, Уран завршил петти и се искачил на седмото место во генералниот пласман, што бил прв пласман меѓу првите десет на Вуелта.

Во октомври, Уран возел на Џиро дел’Емилија и завршил втор на трката. Италијанскиот возач Алесандро Де Марки нападнал рано на завршницата и другите не можеле да го следат неговото темпо. Уран бил најдобар возач во групата, откако Колумбиецот нападнал во последните 500 метри.

2019

Уран паднал на шестата етапа на Вуелта а Еспања 2019, со што бил еден од четирите возачи кои ја напуштиле трката поради падот. Во тоа време бил шести во генералниот пласман.[29]

Достигнувања

Велодромски велосипедизам

2003
Национални јуниорски велодромски првенства
1. Бодовна трка
2. Поединечна потера
2005
Национални јуниорски велодромски првенства
1. Бодовна трка
1. Поединечна потера
1. Скреч

друмски велосипедизам

2003
Национални јуниорски друмски првенства
1. Хронометар
3. Друмска трка
2005
Национални јуниорски друмски првенства
1. Друмска трка
2007
1. Етапа 2б (ITT) Еускал Бизиклета
2. Национално друмско првенство
9. Краен пласман Тур де Свис
1. Етапа 8
2008
2. Краен пласман Волта а Каталуња
3. Џиро ди Ломбардија
7. Краен пласман Класика а Алкобендас
2009
5. Краен пласман Тур де Романди
2010
7. Краен пласман Тур де Свис
7. Класика Примавера
9. Џиро дел Пиемонт
2011
3. ГП Квебек
3. Џиро дел’Емилија
5. Лиеж-Бастон-Лиеж
5. Краен пласман Волта а Каталуња
Ја носел на етапите 14-17 на Тур де Франс
9. Класика де Сан Себастијан
2012
1. Џиро дел Пиемонт
2. Олимписка друмска трка за мажи
3. Џиро ди Ломбардија
5. Краен пласман Волта а Каталуња
1. Етапа 4
7. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Пласман за млад возач
10. Краен пласман Трка околу Полска
2013
2. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 2 (ТТТ)
1. Етапа 10
10. Краен пласман Волта ао Алгарве
10. Трофео Платха де Муро
2014
2. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 12 (ITT)
1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико
3. Краен пласман Трка околу Оман
9. Краен пласман Трка околу Пекинг
2015
1. Национално хронометарско првенство
1. ГП Квебек
2. Светско првенство во екипен хронометар
3. Краен пласман Тирено-Адријатико
4. Национално друмско првенство
5. Краен пласман Волта а Каталуња
5. Краен пласман Тур де Романди
7. Страде Бјанке
10. Класика де Сан Себастијан
2016
3. Џиро ди Ломбардија
3. Џиро дел’Емилија
3. Милано-Торино
4. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
7. Краен пласман Џиро д’Италија
10. Краен пласман Волта а Каталуња
10. Гран при Квебек
2017
1. Милано-Торино
2. Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 9
3. Џиро дел’Емилија
3. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
8. Краен пласман Тирено-Адријатико
8. Краен пласман Вуелта а Андалусија
8. Краен пласман Рут ди Сид
9. Краен пласман Трка околу Баскија
2018
2. Џиро дел’Емилија
2. Краен пласман Трка околу Словенија
1. Етапа 3
3. Краен пласман Колумбија Оро и Паз
1. Етапа 5
4. Џиро ди Ломбардија
6. Краен пласман Трка околу Гуангси
6. Класика де Сан Себастијан
7. Краен пласман Вуелта а Еспања
7. Тре Вали Варезине
10. Краен пласман Тирено-Адријатико
2019
3. Краен пласман Рут д’Окситан
6. Краен пласман Трка Колумбија
1. Етапа 1 (TTT)
7. Краен пласман Тур де Франс
2020
1. Етапа 1 (ТТТ) Трка Колумбија

Распоред на резултатите

Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка2007200820092010201120122013201420152016201720182019
Џиро35722147
Тур5123422СО7
Вуелта322927СО7СО
Распоред на резултатите на етапните трки
Етапна трка2007200820092010201120122013201420152016201720182019
Париз-Ница2912СО
Тирено-Адријатико142531349810
Волта а Каталуња40213452830510
Трка околу БаскијаСО609СО
Тур де Романди59205145СО21
Критериум ди Дофине375428
Тур де Свис97

СО = се откажал; — = не учествувал

Распоред на резултатите на класиците

Монумент200720082009201020112012201320142015201620172018
Милано-Санремо
Трка околу Фландрија
Париз-Рубе
Лиеж-Бастоњ-Лиеж1025СО532154
Џиро ди Ломбардија32011193СОСО34
Класична трка200720082009201020112012201320142015201620172018
Класика де Сан Себастијан269221025236
Гран при Квебектрката не постоела311047
Гран при Монтреалтрката не постоела45252924

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски