Тропски земји на Зимските олимписки игри

Иако традиционално поврзани со земји со студени клими, Зимските олимписки игри исто така имале учесници од неколку тропски земји. Типичната клима на овие земји не е погодна за учество во зимски спортови, и поради тоа ниту една тропска држава досега не освоила олимписки медал. Најверојатно поради тоа, нивните учества се предмет на интерес на гледачите за време на игрите.[1][2]

Делегацијата на Гана влегува на стадионот за време на отворањето на Зимските олимписки игри 2010

Првата земја учеснички со топла клима на Зимските олимписки игри била Мексико. Голем дел од Мексико е на географска ширина северно од Северниот Повратник, и поголемиот дел од земјата има суптропски планински предели или степска клима, така што не е исклучиво тропска земја. Сепак, Мексико го остварил своето зимско деби на Зимските олимписки игри 1928[3] со боб екипа од пет лица која завршила на единаесеттото место на поредокот.[4] Мексико не се вратил на Зимските олимписки игри сè до игрите во 1984 одржани во Сараево.[5]

Првата целосно тропска земја која се натпреварувала на Зимски олимписки игри се Филипините, кои испратиле двајца алпски скијачи на Зимските олимписки игри 1972 во Сапоро, Јапонија.[6] Бен Нанаска завршил на 42. место во велеслалом (од 73 натпреварувачи), а Хуан Сипријано не ја завршил трката. Во слаломската трка ниту еден од двајцата скијачи не ја завршил трката.Костарика станала втората тропска земја која учествувала на Зимски олимписки игри, во 1980 во Лејк Пласид,[7] каде Артуро Кинч исто така се натпреварувал во алпско скијање.Кинч уште трипати настапил за Костарика на Зимските олимписки игри, вклучувајќи ги игрите во 2006 на 49-годишна возраст. Таму тој завршил на 96. место на трката на 15 км скијачко трчање.[8]

На Зимските олимписки игри 1988 одржани во Калгари, Канада се појавиле голем број на тропски земји: Костарика, Фиџи, Гуам, Гватемала, Јамајка, Холандските Антили, Филипините, Порторико и Американските Девствени Острови.[9]Јамајската боб-екипа станала фаворит на навивачите на овие игри[10] и била инспирација за филмот Реге на мраз. На игрите во 1994, шест години подоцна, јамајската екипа завршила на солидното 14. место, пред САД и Русија, додека пак боб санкачот Ласелес Браун освоил сребрен медал настапувајќи за Канада во 2006 година.

Зимските олимписки игри 2006 одржани во Торино, Италија го обележале зимското деби на Етиопија[2] и Мадагаскар.[11] На игрите во 2010 одржани во Ванкувер, Канада, деби настап забележале Кајманските Острови, Колумбија, Перу,[12] и Гана, а четири години подоцна на [13] игрите во Сочи деби настап забележале Доминика, Источен Тимор, Того и Тонга.

Список на тропски земји учеснички

Светската карта со тропскиот појас означен со црвена боја
Светската карта со тропски килими означени со црвена боја

Овој список на држави ги вклучува оние кои лежат целосно или претежно низ тропскиот појас и исто така имаат главно тропска клима согласно со кепенова класификација на климата.

Африка
 Камерун (CMR)2002
 Етиопија (ETH)2006–2010
 Гана (GHA)2010
 Кенија (KEN)1998–2006
 Мадагаскар (MAD)2006
 Сенегал (SEN)1984, 1992–1994, 2006–2010
 Того (TOG)2014
 Зимбабве (ZIM)2014
 
Кариби
 Британски Девствени Острови (IVB)1984, 2014
 Кајмански Острови (CAY)2010–2014
 Доминика (DMA)2014
 Јамајка (JAM)1988–2002, 2010–2014
 Холандски Антили (AHO)1988–1992
 Порторико (PUR)1984–2002
Податотека:Тринидад и Тобаго Тринидад и Тобаго (TRI)1994–2002
 Девствени Острови (ISV)1988–2006, 2014
 
Средна и Јужна Америка
 Боливија (BOL)1956, 1980-1992
 Бразил (BRA)1992–2014
 Колумбија (COL)2010
 Костарика (CRC)1980–1992, 2006
 Гватемала (GUA)1988
 Хондурас (HON)1992
 Парагвај (PAR)2014
 Перу (PER)2010–2014
 Венецуела (VEN)1998–2006, 2014
 
Океанија
 Американска Самоа (ASA)1994
 Фиџи (FIJ)1988, 1994, 2002
 Гуам (GUM)1988
 Тонга (TGA)2014
 
Азија
 Хонгконг (HKG)2002–2014
 Филипини (PHI)1972, 1988–1992, 2014
 Тајланд (THA)2002–2006, 2014
 Источен Тимор (TLS)2014

Други земји со топли временски услови (на пример сместени во суптропскиот појас) кои се натпреварувале на Зимските олимписки игри се Австралија, Бермуди, Кинески Тајпеј, Хонгконг, Индија, Мексико, Јужноафриканската Република, Свазиленд, Уругвај и неколку северноафрикански земји како Алжир, Египет и Мароко.

Познати натпреварувачи од тропски земји

Филип Бојт беше првиот кениец кој учествувал на Зимски олимписки игри
Ламине Гуеје, првиот црн африкански скијач кој учествувал на Зимски олимписки игри
Мајкл Кристијан Мартинес, првиот јужноисточен азијец и филипинец кој се натпреварувал во уметничко лизгање. Тој исто така е првиот натпреварувач во уметничко лизгање од тропската зона кој учествувал на Зимски олимписки игри
ИмеДржаваСпорт
Абернети, АнаАна Абернети Девствени Островисанкање
Банани, БруноБруно Банани Тонгасанкање
Банкерт, ЏадЏад Банкерт Гуамбиатлон
Бокаландро, ИгинијаИгинија Бокаландро Венецуеласанкање
Бојт, ФилипФилип Бојт Кенијаскијачко трчање
Браун, ЛаселесЛаселес Браун Јамајка[nb 1]боб
Карселен, РобертоРоберто Карселен Перускијачко трчање
Кларк Рибеиро, ИзабелИзабел Кларк Рибеиро Бразилсноубординг
Дензлер, СинтијаСинтија Дензлер Колумбијаалпско скијање
Фрејзер, ЕролЕрол Фрејзер Британски Девствени Островибрзо лизгање
Гуеје, ЛаминеЛамине Гуеје Сенегалалпско скијање
Хогер, ВернерВернер Хогер Венецуеласанкање
Кер, ЕролЕрол Кер Јамајкаслободно скијање
Кинч, АртуроАртуро Кинч Костарикаалпско скијање и скијачко трчање
Малесон, ЕрикЕрик Малесон Бразилбоб
Кристијан Мартинес, МајклМајкл Кристијан Мартинес Филипиниуметничко лизгање
Мекнили, ЕндрјуЕндрју МекнилиПодатотека:Тринидад и Тобаго Тринидад и Тобагобоб
Менјоли, АјзакАјзак Менјоли Камерунскијачко трчање
Мизогучи, РенатоРенато Мизогучи Бразилсанкање
Нагвајара, ПраватПрават Нагвајара Тајландскијачко трчање
Нкрума-Ачимпон, КвамеКваме Нкрума-Ачимпон Ганаалпско скијање
Окампо, РејмондРејмонд Окампо Филипинисанкање
Рашини, РикардоРикардо Рашини Бразилбоб и санкање
Разанаколона, МатјеМатје Разанаколона Мадагаскаралпско скијање
Рогојава, РусијатеРусијате Рогојава Фиџискијачко трчање
Сек, ЛејтиЛејти Сек Сенегалалпско скијање
Теклемаријам, РобелРобел Теклемаријам Етиопијаскијачко трчање
Теруел, МајклМајкл Теруел Филипиниалпско скијање
Томс, ЛоренсЛоренс Томс Фиџиалпско скијање
Траверс, ДоуДоу Траверс Кајмански Островиалпско скијање
Такер, ЏорџЏорџ Такер Порторикосанкање
Ванакорн, ВанесаВанеса Ванакорн Тајландалпско скијање
вон Гогенлоз, ХубертусХубертус вон Гогенлоз Мексикоалпско скијање

Зимски параолимписки игри

До 2014 година, само две тропски земји испратиле свои натпреварувачи на Зимски параолимписки игри.[14] Тофири Кибука од Уганда се натпреварувал во скијачко трчање на воведното издание на Зимските параолимписки игри во 1976 и повторно на игрите во 1980 година. Откако Кибука добил норвешко државјанство, тој започнал да се натпреварува за Норвешка почнувајќи од 1984 година, и успеал да освои неколку медали на следните игри на кои настапил. Бразил испратил двајца натпреварувачи на својот прв настап на Зимските параолимписки игри 2014.

Африка
 Уганда1976–1980
Средна и Јужна Америка
 Бразил2014
ИмеДржаваСпорт
Кибука, ТофириТофири Кибука  Угандаскијачко трчање

Зимски младински олимписки игри

Пет тропски земји настапиле на првите зимски младински олимписки игри во Инсбрук, Австрија.

Африка
 Еритреја (ERI)2012
 
Кариби
 Кајмански Острови (CAY)2012
 
Средна и Јужна Америка
 Бразил (BRA)2012
 Перу (PER)2012
 
Азија
 Филипини (PHI)2012

Поврзано

  • Список на земји учеснички на Зимските олимписки игри
  • Реге на мраз

Белешки

Наводи