ФК Тотенхем Хотспар

(Пренасочено од ФК Тотенхем)

Фудбалски клуб Тотенхем Хотспар, познат и како Спарс, е англиски фудбалски клуб со седиште во Тотенхем, Лондон, кој игра во Премиер лигата. Својте домашни натпревари клубот ги игра на Стадионот Тотенхем Хотспар, кој бил изграден на местото на стариот стадион Вајт Харт Лејн кој бил срушен во 2017 година.

Тотенхем Хотспар
Целосно имеФудбалски клуб Тотенхем Хотспар
ПрекарСпарс и Петли
Основан1882 како Хотспар ФК
СтадионСтадион Вембли
Капацитет90.000
СопственикЕник Груп
ПретседателАнглија Даниел Леви
МенаџерАвстралија Анге Постекоглу
ЛигаПремиер лига
2018–19Премиер Лига, 4. место
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Титули
24

Прва Дивизија/Премиер лига : 2
Премиер лигаПремиер лига
ФА Куп : 8
ФА купФА купФА купФА купФА купФА купФА купФА куп
Лига куп : 4
Лига купЛига купЛига купЛига куп

ФА Комјунити Шилд : 7
Комјунити шилдКомјунити шилдКомјунити шилдКомјунити шилдКомјунити шилдКомјунити шилдКомјунити шилд

КПК : 1
Куп на победниците на куповите

Куп на УЕФА/УЕФА Лига Европа : 2
Куп на УЕФАКуп на УЕФА

Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Основан во 1882 година, Тотенхем го освоил ФА Купот за првпат во 1901 година, што го прави единствениот Нон-Лигашки клуб од самото формирање на фудбалската лига, кој успеал да го стори тоа. Тотенхем бил првиот клуб во 20-от век кој успеал да постигне Дабл Кап (Double Cup) откако во сезоната 1960-1961 тимот ги освоил ФА и Лига купот. По успешната одбрана на ФА Купот во 1962 година, во 1963 година станал првиот британски клуб кој успеал да освои европски трофеј во клупска конкуренција организирана од УЕФА - освојувајќи го Купот на победниците на куповите.[1] Во 1967 година го освоиле ФА Купот по третпат во 60-тите. Во 1970-тите Тотенхем го освои Лига купот во два наврати и бил прв победник на Купот на УЕФА во 1972 година, со што станал првиот британски клуб кој успеал да освои два различни големи европски трофеи. Во 1980-тите Спарс освоиле неколку трофеи: ФА Купот двапати, ФА Комјунити Шилд и Купот на УЕФА. Во 1990-тите клубот го освоил ФА и Лига Купот. Кога тимот го освоил својот последен трофеј, Лига купот во 2008 година, тоа значело дека тие освоиле некој трофеј во секоја една од последните шест децении - достигнување изедначено само со Манчестер Јунајтед.

Латинското мото на клубот е Audere EST Facere (превод: "Да се осмели е да се направи"), а нивниот амблем е петелот кој стои врз фудбалска топка. Клубот има долгогодишно соперништво со блиските соседи Арсенал. Натпреварите меѓу двете екипи се познати како Северно Лондонско дерби.

Играчи

Моментален состав

Бр.ПозицијаИграч
1 ГМИго Лорис
2 ОДМат Дохерти
3 ОДСерхио Регилон
4 ОДКристијан Ромеро
5 СРПјер-Емил Хојбјерг
6 ОДДавинсон Санчес
7 НПСон Хеунг-мин
8 СРХари Винкс
10 НПХари Кејн
12 ОДЕмерсон Ројал
14 ОДЏо Родон
15 СРЕрик Дајер
Бр.ПозицијаИграч
19 СРРајан Сесењон
21 СРДејан Кулушевски
22 ГМПјерлујџи Голини
23 СРСтивен Бергвајн
25 ОДЏафет Танганга
27 СРЛукас Моура
29 СРОливер Скип
30 СРРодриго Бентанкур
33 ОДБен Дејвис
40 ГМБрендон Остин
41 ГМАлфи Вајтман

Менаџери

Менаџери и вршители на должноста

  • (ВД) – Вршител на должноста
  • (ТПТ) – Тренери на првиот тим
Анге Постекоглу, моментален менаџер на клубот.
  • 1898 Франк Бретел
  • 1899 Џон Камерон
  • 1907 Фред Киркхем
  • 1912 Питер МекВилијам
  • 1927 Били Минтер
  • 1930 Перси Смит
  • 1935 Воли Хардинџ (ВД)
  • 1935 Џек Тресејдерн
  • 1938 Питер МекВилијам
  • 1942 Артур Тарнер
  • 1946 Џо Хјулм
  • 1949 Артур Роув
  • 1955 Џими Андерсон
  • 1958 Бил Николсон
  • 1974 Тери Нил
  • 1976 Кит Баркиншо
  • 1984 Питер Шривис
  • 1986 Дејвид Плат
  • 1987 Тревор Хартли и Даг Ливермор (ВД)
  • 1987 Тери Венејблс
  • 1991 Питер Шривис
  • 1992 Даг Ливермор и Реј Клеменс (ТПТ)
  • 1993 Освалдо Ардилес
  • 1994 Стив Периман (ВД)
  • 1994 Гери Френсис
  • 1997 Крис Хјутон (ВД)
  • 1997 Кристијан Грос
  • 1998 Дејвид Плат (ВД)
  • 2021 Нуно Еспирито Санто
  • 2021 Антонио Конте
  • 2023 Кристијан Стелини (ВД)
  • 2023 Рајан Мејсон (ВД)
  • 2023 Анге Постекоглу

Раководство на Тимот

УлогаИме
Тренер Антонио Конте
Помошен Тренер Хесус Перес
Тренер на Првиот Тим Мигел Д'Агостино
Фитнес Тренер на Првиот Тим Нејтан Гардинер
Тренер на Голмани Тони Хименес
Тренер на Напаѓачи Лес Фердинанд
Главен Физиотерапефт Џов Скот
Главен Скаут Даниел Суса

Титули

Домашни

Европски

Наводи

Надворешни врски