Црква „Св. Троица“ - Песодер

манастир во Песодер, Леринско

Света Троица — (грчки: Μονή Αγίας Τριάδας) — манастирска црква во селото Песодер, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Света Троица
Αγία Τριάδα
Поглед на манастирската црква
Карта
40°47′29.83″N 21°13′4.16″E / 40.7916194° СГШ; 21.2178222° ИГД / 40.7916194; 21.2178222
МестоПесодер, Леринско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Изградба1600 – 1650
Управа
Архијерејско намесништвоПреспанско
ЕпархијаЛеринско-преспанско-еордејска

Песодерскиот манастир се наоѓа на 4 км западно од Песодер, во месноста Икона среде букова шума на планината Баба. Изграден е во 1050 г. За ова сведочи камената плоча поставена во надворешната ниша над јужната врата на храмот. Манастиротт е обновен и црквата го добила денешниот базиликален изглед некаде помеѓу 1600 и 1650 г. кој тогаш бил популарен. За тоа говори фактот што плочата е напишана цифри, а не со букви како што исто така се практикувало во тоа време. Градбата е изградена од фрагменти од византиски тули, а во насипот од северната страна се откриени камени печати.[1]

Во манастирот во 1867 г. седум гркомани ја основале организацијата „Неја филики етерија“. Манастирот бил засолниште на грчки чети за време на грчката вооружена пропаганда во Македонија, и во 1906 г. е уништен од македонски чети.[1] Сè до крајот на отоманската власт останал во рацете на Патријаршијата, под врховенството на Мегленската митрополија.[2]

Во 1974 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[3]

Поврзано

Наводи