Ченто (населба)

населба и поранешно село во Општина Гази Баба
(Пренасочено од Ченто (скопска населба))

Ченто (полн назив Методија Андонов Ченто) — населено место во Општина Гази Баба, во околината на градот Скопје и претставува негова приградска населба. Порано, населбата се водела под името Синѓелиќ бидејќи била дел од тоа село, кое сега е посебна единица.

Методија Андонов Ченто
Методија Андонов Ченто во рамките на Македонија
Методија Андонов Ченто
Местоположба на Методија Андонов Ченто во Македонија
Методија Андонов Ченто на карта

Карта

Координати 42°0′50″N 21°29′42″E / 42.01389° СГШ; 21.49500° ИГД / 42.01389; 21.49500
ОпштинаГази Баба
Население7.829[1] жит.
(поп. 2021)[2]

Шифра на КО25918, 25919, 25920
Надм. вис.227 м
Методија Андонов Ченто на општинската карта

Атарот на Методија Андонов Ченто во рамките на општината
Методија Андонов Ченто на Ризницата
Геодетска карта на Ченто (тогаш Хасанбегово).

Во склоп на населбата спаѓа и населеното место Камник, како и делови од Инџиково, кое е посебно село.

Географија и местоположба

Историја

Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Хасанбег и населението било христијанско, односно имало 24 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 83 мажи христијани, со 5 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 176 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 219 жители.[3]

Во 1884 година во селото се населени бегалци од Босна. Според статистиката на Васил К`нчов („Македониja. Етнографиja и статистика“) од 1900 година во Хасан Бегово живееле 55 Македонци христијани и 300 Бошњаци.

Според податовите на секретарот на егзархијата Димитар Мишев во 1905 во селото имало 40 Македонци и 6 Цигани.

Со потпаѓањето под Србија, селото во 1913 година било забележано со 340 жители и било седиште на општина Асанбегово.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото е забележано под името Синѓелиќево, со 350 Македонци, 100 Албанци и 100 други жители.[4]

Стопанство

Населбата е релативно млада, која сè уште се гради.

Има пазарски комплекс, трговски центар, како и повеќе седишта на скопски фирми.

Демографија

На пописот од 2002 година, населбата има 23.915 жители. Следува табела на националната структура на населението[1]

НационалностБрој
Македонци12.499
Албанци8.818
Турци316
Роми891
Власи83
Срби657
Бошњаци407
други244

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Сингелиќ има 7.829 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

НародностВкупно
Македонци329
Албанци6.985
Турци20
Роми0
Власи0
Срби42
Бошњаци96
Други357

Општествени установи

Навивачка група „Комити Ченто“

Чентовци како верни следбеници на ФК Вардар се горди на својата навивачка група, којашто е една од најбројните подгрупи на Комити Запад. Како таква функционира околу 15-тина години, но нејзиното постоење е официјализирано во 2008 година, со што доаѓа и акронимот КЧ-08.

Културни и природни знаменитости

  • Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Ченто[5]
  • Црква „Св. Архангел Гаврил“ - Ченто[6]
  • Црква „Св. Лидија Македонска“ - Ченто — црква во изградба. Се наоѓа на старите гробишта до Домот на културата. Камен-темелник поставен на 22 ноември 2014 година;[7]

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски