Видео
Видео (лат. video - "гледам") или видеотехника е заеднички назив за низа технички постапки со кои се остварува снимање, запис, обработка, пренос и прикажување на подвижни слики што се гледаат на телевизискиот или компјутерскиот монитор.
Поимот видео се користи во сложенките како што се видеокамера, видеосигнал, видеорикордер, видеокасета, итн., но во секојдневниот говор тој често означува каков било видеозапис или направа за негова репродукција.
Попознати аналогни формати на видеозапис за домашна употреба се: VHS, S-VHS, Бетамакс (Betamax), Видео 2000, а дигитални се: Quicktime, MPEG-2, MPEG-4, MKV, RMVB и други.[1]
Видеото како тема во популарната музика
- „Биди во моето видео“ (англиски: Be In My Video) — песна на американскиот рок-музичар Френк Запа (Frank Zappa) од 1984 година.[2]
- „Го видов твоето видео“ (англиски: Seen Your Video) - песна на американската рок-група Риплејсментс (The Replacements) од 1984 година.[3]
Наводи
🔥 Top keywords: Главна страницаСпецијална:БарајГоце ДелчевМакедонски парламентарни избори (2024)Свети Кирил и МетодијМакедонијаГордана Сиљановска-ДавковаКарлес ПуџдемонНова КаледонијаОче нашМарко ЦепенковПретседател на МакедонијаПреспански договорСкопјеСредоземно МореСловачкаВтора светска војнаПечалбариМакедонски претседателски избори (2024)Македонска револуционерна организацијаСписок на македонски народни поговоркиБојана АтанасовскаМочуриштеХристијан МицкоскиКорупцијаГригор ПрличевМакедонски парламентарни избори (2020)Чорбаџи ТеодосИталијаКочо РацинПеколот (Божествена комедија)Лудвиг ван БетовенСпецијална:СкорешниПромениИлинденско востаниеПанонски легендиДржавни празници во МакедонијаТурцијаКалеш АнѓаПоштенски броеви во Македонија