Прејди на содржината

Кантарион

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кантарион
Научна класификација [ у ]
Царство:Растенија
клад:Скриеносеменици
клад:Евдикоти
клад:Розиди
Ред:Малпигиовидни
Семејство:Кантариони
Род:Кантарион
Вид:Кантарион
Научен назив
Hypericum perforatum
L.
Подвидови
  • H. p. ssp. perforatum
  • H. p. ssp. songaricum
    (Ledeb. ex Rchb.) N.Robson
  • H. p. ssp. veronense
    (Ledeb. ex Rchb.) N.Robson
  • H. p. ssp. chinense
    (Schrank) H.Lindb.
Синоними
  • H. officinale Gaterau
  • H. officinarum Crantz
  • H. vulgare Lam.
Подготовка на масло од кантарион: цветови полиени со маслиново масло, изложени на сонце

Кантарион или засекник[1] (науч. hypericum perforatum) — повеќегодишна тревна билка од семејството на кантарионите (Hypericaceae).

Описуреди извор

Садници

Кантарион е повеќегодишна тревна билка со разгранет корен. Стеблото е исправено, без лисја, со висината од 20 до 100 сантиметри. Цветовите се жолти, додека плодот е како ѕвонче. Цвета од мај до септември.

За да биде добро одгледано, земјиштето треба да биде средно богато со хранливи материи, топлината треба да е умерена како и светлината. Поради тоа, кантарионот најмногу успева во умерени предели и суптропска клима ширум светот.Кантарионот се состои од: хиперицин, изохиперицин, хиперозид, кверцетин, рутин, кверцитрин, биапигенин, аменофлавон, катехин, епикатехин, хлорогенска киселина, кафена киселина, хиперфлорин, каротеноиди, стероли, леукоаноцијани, етерично масло.

Лековити својствауреди извор

Кантарионот се користи како антидепресив, седатив и антибиотик, се користи надворешно и внатрешно. Активна супстанца е хиперфлорин. Екстрактот од кантарион ја зголемува концентрацијата невротрансмитера седатив и на адреналин во синапсите. Маслото од кантарион (Oleum hyperici) e најшироко познато и се користи за ублажување и лечење на изгореници. Се добива со преливање на свежи цветови на кантарионот со маслиново масло. Кантарионовото масло се користи за надворешна употреба и за јадење. Освен тоа може да ја штити кожата од воспалениe, помага и ја негува сувата и испуканата кожа и може да се употребува и за масажа преку опуштање на мускулите и помага кај слабата циркулација. Маслото од кантарион не треба да се користи за заштита од сонце, бидејќи е фотосензитивно и може да предизвика промени на кожата, но при изгореници истото може да биде користено.

При истражувања спроведени во 2015 година во врска со антидепресивното дејство на кантарионот, било утврдено дека не е делотворен како други антидепресиви, и дека лекувањето од депресија со кантарион се должи на плацебо ефектот.[2]

Кантарионот е отровен за добитокот.[3]

Наводиуреди извор

Надворешни врскиуреди извор

🔥 Top keywords: Главна страницаСпецијална:БарајГоце ДелчевМакедонски парламентарни избори (2024)Свети Кирил и МетодијМакедонијаГордана Сиљановска-ДавковаКарлес ПуџдемонНова КаледонијаОче нашМарко ЦепенковПретседател на МакедонијаПреспански договорСкопјеСредоземно МореСловачкаВтора светска војнаПечалбариМакедонски претседателски избори (2024)Македонска револуционерна организацијаСписок на македонски народни поговоркиБојана АтанасовскаМочуриштеХристијан МицкоскиКорупцијаГригор ПрличевМакедонски парламентарни избори (2020)Чорбаџи ТеодосИталијаКочо РацинПеколот (Божествена комедија)Лудвиг ван БетовенСпецијална:СкорешниПромениИлинденско востаниеПанонски легендиДржавни празници во МакедонијаТурцијаКалеш АнѓаПоштенски броеви во Македонија