Од Википедија — слободната енциклопедија
Боговињското Езеро Црното Езеро Долното Доброшко Езеро Шар Планина како најголема планина во Република Македонија има 27 леднички езера . Езерата се познати и како Шарски Очи [1] .
Според сите досегашни испитувања се смета дека вкупната езерска вода на планината изнесува околу 250.000 м2 [2] . Но поради атмосферските влијанија и наносите водниот потенцијал постепено се намалува.[3]
Боговињско ,Големо ,Мало ,Голем Ѓол (Големо Караниколичко Езеро),Мал Ѓол (Мало Караниколичко Езеро),Црн Ѓол (Скакаличко Езеро),Големо Јажинско ,Мало Јажинско ,Ливадичко (Штрбачко),Горно Доброшко ,Долно Доброшко ,Кривошиско ,Бело ,Црно ,Челепински ,Гиноводно ,Шутманско ,Горно Врачанско ,Долно Врачанско ,Дефско ,Големо Дедељбешко ,Мало Дедељбешко ,Црн Вир ,Горно Блатешко (повремено),Долно Блатешко (повремено),Шарски локви .Освен овие езера, на Шар Планина постојат уште неколку безимени езера, кои според своите скромни димензии сепак не пресушуваат. Тие се:
Безимено езерце во Чаушичкиот Цирк во близина на Доброшките езера, Мало езерце под врвот Залина или Голем Срт (2493 м н.в. ), Постојано езеро исто така безимено помеѓу врвовите Залина и Клеч (2.414 м н.в.). Според овие постојани езера постојат и уште околу 14 повремени, кои во текот на летниот период пресушуваат.
Природни
Кајче со галеби на Охридското Езеро Вештачки