Врв (топографија)

Во топографијата, врв е точка на површината на поголема надморска височина од сите други точки во нејзината околина.

Врвот на планината Демавенд, Иран
Врвови на Кораб. Највисок врв на Кораб (и во Македонија) е Голем Кораб (2.764 м)

Поимот „врв“ се однесува на планински врв со значајна топографска истакнатост (висина над најниската точка по пат кон најблискиот повисок врв) или доминантност (оддалеченост од најблиската точка со поголема надморска височина). На пример, еден голем камен или карпеста испакнатина до главниот врв на планината не се смета за врв. Врвовите близу некој повисок врв што имаат извесна истакнатост и доминантност, но не достигнуваат одредена висина се сметаат за „подврвови“ на повисокиот врв. Според Меѓународниот сојуз на планинарски здруженија (UIAA) за самостоен врв се смета врв со истакнатност од барем 30 м, а за планина се смета она возвишение со истакнатност од барем 300 м[1]. Ова може накратко да се претстави вака:

ПоимИстакнатост
подврв< 30 м
самостоен врв30 м и повеќе
планина300 м и повеќе

Чука е посебен вид на каменит врв на рид.[2] Обично ваквиот рид е поблаг од едната страна, додека од другата е доста пострмен и карпест.

Поврзано

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица