Јаворница (Берско)

Јаворница (грчки: Τρίλοφος[2], Трилофос или Τρίλοφο, Трилофо, книжевно: Τρίλοφον, Трилофон, до 1926 година: Διαβόρνιτσα, Дјаворница,[3] до 1954 година: Νέα Κούκλενα или Νέα Κούκλαινα, Неа Куклена[4]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.

Јаворница
Τρίλοφος
Јаворница is located in Грција
Јаворница
Јаворница
Местоположба во областа
Јаворница во рамките на Бер (општина)
Јаворница
Местоположба на Јаворница во општината Бер и областа Централна Македонија
Координати: 40°34′N 22°09′E / 40.567° СГШ; 22.150° ИГД / 40.567; 22.150
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаБер
Општ. единицаБер
Надм. вис.&10000000000000160000000160 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно615
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

Селото е оддалечено околу 9 километри северозападно од градот Бер и 14 километри југоисточно од градот Негуш, на надморска височина од 160 метри.[5] Површината на селскиот атар изнесува 12 квадратни километри.

Селото се наоѓа во Солунското Поле, на пет километри југозападно од селото Јанчишта.

Историја

Селото е доста старо и во минатото било чисто македонско.[5]

Селото било преименувано двапати. Најпрвин го носело името Дјаворница (Διαβόρνιτσα). По пристигнувањето на бегалските семејства од селото Куклен, Пловдивско, од Бугарија, селото било преименувано во Неа Куклена (Νέα Κούκλενα) и ова име го носело до 1954 година. Последното преименување се случило во 1954 година, кога станало Трилофон (Τρίλοφος).

Стопанство

Селото е прилично богато. Основни производи на населението се овошје (праски и јаболка) и пченица. Дел од земјата се наводнува.[5]

Население

Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во селото живееле 72 Македонци христијани.[6] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Јаворница (Yavornitza) имало 96 жители.[7] Во 1906 година во селото имало 12 семејства Власи.[8]

Во 1910 година, во Јаворница имало 52 жители.[9]

Во 1913 година, селото е забележано со 223 жители, а во 1920 година со 242 жители, што значи дека селото било поголемо отколку што забележал К’нчов. По 1923 година, како и во другите берски села, биле сместени и 105 бегалски семејства со вкупно 505 бегалци, главно од Бугарија, односно од селото Куклен (Пловдивско). Поради што селото во 1926 година било преименувано во Неа Куклена, во превод Нов Куклен.[10] Така, селото станало мешана населба, која во 1928 година имало 666, во 1940 година 644, во 1951 година 675, во 1961 година 834, во 1971 година 666, во 1981 година 687, а во 1991 година 818 жители.

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 661 жител. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 615 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година194019511961197119811991200120112021
Население644675834666687818661615
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Добра со седиште во селото во Јанчишта, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Јаворница, во кој единствено село е Јаворница.

Културни и природни знаменитости

Цркви
  • Црква „Св. Трифун“ — главна селска црква

Редовни настани

Наводи

Белешки