Јапонско јаболко

вид дрво

Јапонско јаболко или рајско јаболко (латински: Diospyros kaki) е дрвенесто растение од семејството Ebenaceae, познато во целиот свет како каки јаболко. Јапонското јаболко може да расте како повеќе дрвја израснати од истиот корен или како само едно дрво, може да достигнат висина од 7,5 метри. Расте најдобро во области со умерено ладни зими и не премногу топли лета.

јапонско јаболко
Јапонско јаболкоБотанички детали
Научна класификација
Царство:
(нерангирано):
(нерангирано):
(нерангирано):
Asterids
Ред:
Семејство:
Ebenaceae
Род:
Diospyros
Вид:
D. kaki
Биномна номенклатура
Diospyros kaki

L.f.
Синоними

Diospyros chinensis Блум (nom. nud.)Diospyros kaki Carl Linnaeus the Younger

Потекло

Зрели плодови

Јапонското јаболко води потекло од Јапонија, каде дрвјата на ова растение можат да се најдат стари до пет века. Се појавило во Европа во средината на 19 век, и се одгледувало само во Јужна Америка од крајот на 19 век.

Плод

Ова дрво дава плодови во секое годишно време, во зависност од видот, како и плодовите кои можат да бидат во форма на обично јаболко, срце, сплескани или долгунести. Исто така, постојат големи разлики во големината и тежината на јапонското каки јаболко - од неколку стотици грама до скоро килограм. Бојата на јапонското каки јаболко, оди од светложолто-портокалова до темнопортокалово-црвена. Целото овошје може да се јаде, освен цветот и семето. Тоа достигнува целосна форма, арома и боја само кон крајот на сезоната на растење, на средината на есента. Плодот има специфична чувствителност на температурни промени и мрзнее на температури под -15 °. Високата концентрација на танините кај незрели плодови обезбедува горчлив вкус, а кога се комбинира со доволна количина на каротеноиди во овошјето, делува како силен антиоксиданс.[1]

Медицински аспект

Јапонското јаболко е богато со флавоноиди, особено кверцетин, што го прави пожелна состојка во третманот на кардиоваскуларни заболувања. Источната традиционална медицина го користи само јапонското јаболко за да помогне во лекувањето на цревните воспаленија, хемороиди, заболувања на желудникот и црниот дроб. Еден плод од јапонското јаболко содржи 12,6 мг витамин Ц, кое претставува 21% од препорачаната дневна доза на овој витамин.Исто така, плодот од јапонското јаболко има многу растителни влакна и со тоа го намалува нивото на холестерол во крвта и учествува во регулирање на варењето.[2]

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица