Масакр во Сребреница

Масакрот во Сребреница, познат и како Геноцидот во Сребреница бил извршен во периодот од 11. до 23 јули 1995. година во текот на војната во БиХ од страна на војската на босанските Срби, и се состоел од убиство на над 8.000 босански муслимани, претежно мажи, во и околу Сребреница, БиХ.[6][7] Покрај војската на босанските Срби, предводена од генерал Ратко Младиќ, во масакрот учествувале и паравоени единици од Србија познати како шкорпии, кои работеле под контрола на Министерството за внатрешни работи на Србија до 1991.[8][9][10]

Падот на Сребреница и Жепа
Дел од Граѓанската војна во БиХ
Датум 11 јули23 јули 1995
МестоИсточна Босна
ИсходНАТО-во бомбардирање на Република Српска
Завојувани страни
Република Српска
10. диверзиски одред
Босна и Херцеговина
Холандија
Команданти и водачи
Ратко Младиќ
Радислав Крстиќ
Милорад Пелемиш[1]
Дражен Ердемовиќ
Насер Ориќ
Авдо Палиќ
Тон Карреманс
Жртви и загуби
300[2]-500[3] убиени и ранени2000 убиени[4] ,
35632 (+10000[се бара извор]) бегалци (Сребреница,Жепа→Тузла,Кладањ),
800 бегалци (→Србија)[5]
750[3] i 1500 пленени (Сребреница и Жепа)
Цвет на Сребреница, симболот на геноцидот во Сребреница

Обединетите нации ја имале прогласено Сребреница за „безбедна зона“ под своја заштита, и поради тоа многу бегалци и раселени од други региони во БиХ исто така се наоѓале во Сребреница. Безбедната зона ја надгледувале 400 вооружени холандски мировници.[11]

И покрај присуството на мировните сили на ОН (познати како УНПРОФОР), како и уверувањето на нивниот заповедник, генералот Моријон, дека Сребреница ќе биде заштитена,[12] Војската на Република Српска и паравоените единици непречено навлегле во Сребреница на 11 јули 1995., ги раздвоиле мажите од жените, и ги однеле мажите во заробеништво надвор од градот. Потоа, во период од 12 дена, заробениците биле систематски убивани и закопувани во неозначени гробници во регионот, во групи од по неколку десетици, до неколку стотици луѓе. Најголем број биле убиени во местото Поточари, каде што денес се наоѓа и меморијалниот центар. На жените кои останале во Сребреница, околу 25.000, им било дозволено да се евакуираат од градот, после што градот и околината останале под српска власт.

Повеќето убиени биле мажи на возраст од 18-60 години, но помеѓу жртвите имало и деца под 15 години, старци и жени, па дури и бебиња.[13][14][15]

Масакрот во Сребреница е најголемо масовно убиство во Европа по Втората светска војна.[16] Во 2004. година, Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија (МСПЈ) едногласно пресудил дека масакрот во Сребреница бил геноцид.[17]

Во 2007. Меѓународниот суд на правдата пресудил дека „Србија ја прекршила обврската да го спречи геноцидот“ и дека Србија мора да соработува со меѓународниот суд во изведувањето на одговорните пред лицето на правдата.[18] Неколку лица барани од (МСПЈ) и понатаму се во бегство, и се претпоставува дека се кријат во БиХ или во Србија.[19]

Прелиминарниот список на исчезнати или загинати во Сребреница составен од федералната комисија на БиХ содржел 8.372 имиња[20], од кои околку 500 биле под 18 години,[21] и вклучувал неколку десетици жени и девојки. До јули 2009, 6.186 жртви биле идентификувани преку ДНК-анализа, а 3.125 се погребани во меморијалниот центар.[22] До 1 мај 2009. се откриени 6.006 тела.[23] Сепак, никој со сигурност не го знае конечниот број на убиени, бидејќи таква евиденција не постоела, а убиените се закопувани во групни неозначени гробници ширум регионот. Последната масовна гробница досега (јули 2009.) е откриена во мај 2009.[24] Во септември 2016 година, Европскиот суд за човекови права едногласно ја отфрлил тужбата на група Бошњаци кои барале кривична одговорност за тројца припадници на холандската војска, како и за холандските власти, со обвинение дека ја попречувале истрагата за тројцата војници.[25]

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица