Гордана Силјановска-Давкова

Гордана Силјановска-Давкова (родена на 11 мај 1953 година во Охрид) — македонски универзитетски професор, правник и пратеник во Собранието на Македонија.[1]

Гордана Силјановска-Давкова
Пратеничка во Собранието на Македонија
На должноста
2020 – 2024
Лични податоци
Роден(а)11 мај 1953(1953-05-11)(70 г.)
Охрид, НР Македонија
ПартијаВМРО-ДПМНЕ
Деца2
УстановаПравен факултет „Јустинијан I“ - Скопје
Професијаправник, професор
ВероисповедПравославен христијанин

Животопис

Гордана Силјановска-Давкова е родена на 11 мај 1953 во Охрид. Основно и средно образование завршила во Скопје (1973). Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1978), каде што и магистрирала. Докторирала пред комисија предводена од проф. Франц Град со „Cum laude“ на Правниот факултет во Љубљана, на тема „Local Selfgovernment - between Norms and Reality“ во 1994.

Била избрана за асистент по предметот политички систем на Правниот факултет во Скопје (1989), за доцент по уставно право и политички систем (1994), а потоа и за редовен професор во 2004. Била член на Уставната комисија на Собранието на РМ (1990-1992) и министер во Владата на РМ (1992-1994). Експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем.[2]

На конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ која се одржала во Струга, Гордана Силјановска-Давкова била избрана за претседателски кандидат.[3]
На парламентарните избори во 2020 година, Силјановска е носител на кандидатска листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Изборна единица 1. Од август, 2020 год. таа е пратеник во македонското Собрание.

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица