Локални избори во Македонија (2021)

Локални избори во Македонија во 2021 година — избори што се одржале на 17 октомври 2021 година со цел избирање советници и градоначалници во 80 општини во Македонија и во градот Скопје.[2] Вториот круг на Локалните избори е предвидено да се одржи на 31 октомври. Изборите биле распишани на 6 август 2021 од собранискиот претседател Талат Џафери.[2] Според календарот на ДИК, краен рок за поднесување на кандидатурите за советнички листи и градоначалници бил 11 септември 2021.[3] Изборната кампања била во времетраење од 27 септември до 15 октомври.[3]

Локални избори во Македонија (2021)
Македонија
2017 ←
17 и 31 октомври 2021→ 2025

градоначалници и совети
во 80 општини и Град Скопје
Регистрирани1.824.864 (прв круг)
1.353.990 (втор круг)
Излезност49,23% 8,07пп (прв круг)
 Прва партијаВтора партијаТрета партија
 
ПартијаВМРО-ДПМНЕСДСМДУИ
Последни избори5(г.)
432(с.)
57(г.)
552(с.)
10(г.)
133(с.)
Освоени места42(г.)16(г.)11(г.)
Промена во местата 37(г.) 41(г.) 1

 Четврта партијаПетта партијаШеста партија
 
ПартијаААБЕСАДПА
Последни избори3(г.)
63(с.)
1(г.)
63(с.)
1(г.)
18(с.)
Освоени места2(г.)2(г.)1(г.)
Промена во местата1(г.) 1 0

 Седма партијаОсма партија
 
ПартијаГРОМДОМ/
ЛДП[б 1]
Последни изборинова[б 2]нова[б 3]
Освоени места1(г.)1(1 г.)
Промена во местата 1 1(1 г.)

Освоени општини

Во првиот круг, градоначалници биле избрани во 34 општини, а во 46 општини и во Град Скопје ќе има втор круг. ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг победиле во 22 општини, СДСМ победиле во 9, а ДУИ во 3 општини.[4]

Резултати за градоначалници по општина

Избрани градоначалници (уреди табела)
ГрбОпштинаБрој на гласачиПобедникОсвоени гласови% на освоени гласовиПартија
Скопје (детали)467.373Данела Арсовска118.76554,66%независна
Аеродром66.905Тимчо Муцунски18.85755,11%
Арачиново10.026Ридван Ибраими3.02650,54%
Берово10.758Звонко Пекевски3.35451,25%
Битола80.882Тони Коњановски24.70850,73%
Богданци6.633Блаже Шапов2.12850,70%
Боговиње28.307Бесник Емши6.33662,30%
Босилово12.334Ристо Манчев4.15658,33%
Брвеница15.732Јовица Илиевски3.48249,09%
Бутел33.364Дарко Костовски9.00152,79%
Валандово9.992Перо Костадинов3.79857,73%
Василево10.688Славе Андонов3.33249,22%
Вевчани2.075Спасе Кочовски85650,41%
Велес45.892Марко Колев12.35851,63%
Виница17.244Миле Петков4.97054,74%
Врапчиште26.383Исен Шабани5.11551,00%
Гази Баба61.413Бобан Стефковски17.91060,00%
Гевгелија19.076Андон Сарамандов7.54656,88%
Гостивар81.083Арбен Таравари18.66457,79%
Градско3.113Киро Нацков1.16055,66%
Дебар19.211Хекуран Дука4.29149,69%
Дебрца4.350Зоран Ногачески1.50552,81%независен
Делчево14.757Горан Трајковски4.38951,14%
Демир Капија3.250Лазар Петров1.32349,83%
Демир Хисар6.965Никола Најдовски2.68149,75%
Дојран2.677Анго Ангов1.06053,21%
Долнени11.840Урим Ибески3.46251,30%
Ѓорче Петров38.529Александар Стојкоски9.77950,24%
Желино24.485Бљерим Сејди5.17049,97%
Зелениково3.738Коста Маневски1.30551,64%
Зрновци2.556Борчо Коцев78154,54%
Илинден14.312Александар Георгиевски4.86153,40%
Јегуновце10.225Димитар Костадиноски2.41250,40%
Кавадарци32.163Митко Јанчев15.18272,35%
Карбинци3.215Виктор Паунов1.38459,40%
Карпош54.639Стевчо Јакимовски14.86449,61%
Кисела Вода53.167Орце Ѓорѓиевски14.69152,50%
Кичево50.746Фатмир Дехари12.93552,98%
Конче2.769Златко Ристов1.08349,88%
Кочани32.972Љупчо Папазов8.69748,29%
Кратово7.862Тодорче Николовски3.07759,92%
Крива Паланка16.849Сашко Митовски6.31854,75%
Кривогаштани4.637Николче Мискоски1.76650,83%
Крушево7.955Томе Христоски2.93752,70%
Куманово93.986Максим Димитриевски25.58755,30%независен
Липково26.042Еркан Арифи7.08772,59%
Лозово1.984Бошко Цветковски78349,94%
Маврово и Ростуше
Македонска Каменица6.735Димчо Атанасовски2.22851,00%
Македонски Брод4.978Жарко Ристески1.90348,97%
Могила5.195Драганчо Саботковски2.11357,28%
Неготино15.983Горан Стојанов5.85551,94%
Новаци2.868Стевче Стевановски1.09451,29%
Ново Село11.309Ѓорѓе Божинов2.72751,05%
Охрид52.477Кирил Пецаков16.99354,60%
Петровец7.824Борче Митевски2.96263,84%
Пехчево4.072Александар Китански1.49951,23%
Пласница5.122Алија Јаоски1.35976,65%
Прилеп63.436Борче Јовчески22.16454,86%
Пробиштип12.545Драган Анастасов4.64949,57%
Радовиш24.540Ацо Ристов7.47458,70%
Ранковце3.014Борче Спасовски1.22551,60%
Ресен16.378Јован Тозиевски4.34850,06%
Росоман3.343Стојан Николов1.47153,65%
Сарај32.967Блерим Беџети10.79073,10%
Свети Николе14.567Дејан Владев4.76651,97%
Сопиште5.219Стефче Трпковски2.16165,03%
Старо Нагоричане3.262Жаклина Јовановска1.07655,58%
Струга61.437Рамиз Мерко13.76352,07%
Струмица49.800Костадин Костадинов13.76053,70%
Студеничани16.593Азем Садики4.11949,73%
Теарце22.450Нухи Незири4.68455,87%
Тетово85.577Биљал Касами21.59154,84%
Центар43.951Горан Герасимовски11.98251,88%
Центар Жупа
Чаир58.208Висар Ганиу14.64055,24%
Чашка6.171Горан Стојановски2.32756,07%
Чешиново-Облешево5.390Далибор Ангелов2.03052,93%
Чучер-Сандево7.936Сашко Комненовиќ2.61050,73%
Штип42.045Иван Јорданов13.08554,22%
Шуто Оризари24.230Курто Дудуш4.15651,26% /

Извор: ДИК[5]

Реакции по изборите

ПолитичарИзјава
Христијан Мицкоски„Огромна победа на народот на Македонија — на младите, старите, мажите, жените, христијаните, муслиманите, атеистите, лекарите, земјоделците, уметниците, професорите.
Вечерва ќе се радуваме, но нема да славиме. Утре на работа. Од утре на работа за народот. Не чекаат тешки предизвици во вториот круг. Ги повикувам сите, кои сакаат да се промени и не поддржуваат како и сите оние кои се разочарани од политиката, ајде да се обединиме. Време е да ги обединиме разликите да покажеме слога и заедништво во намерите да се направи подобро.“[6]
Зоран Заев„Влегуваме во борба за конечна победа во вториот круг во сите преостанати општини. На крајот СДСМ ќе има градоначалници во повеќе општини во споредба со ВМРО-ДПМНЕ. Нема да дозволиме земјата да се враќа назад.
Борбата продолжува. Прогресот се обединува, бидејќи злото се заканува. Кочи Мицко! Вториот круг е пред нас, убеден сум дека ќе имаме мнозинство во советите и повеќе градоначалници и нема да има дилеми за победникот.“[7]

Резултати по советнички места

Освоени советнички места
Политичка партијаБр. на советници
ВМРО-ДПМНЕ
  
468
СДСМ
  
396
ДУИ
  
169
АА
  
82
Независни (ЗХГ и др.)
  
64
ЛЕВИЦА
  
49
БЕСА
  
36
ЛДП-ДОМ
  
27
ДПТМ
  
16
ДПА
  
8
ДУИ-АА
  
3
ТМРО
  
3
ГРОМ
  
2
ДДПС
  
2
ДНЕТ
  
2
СРМ
  
1
Ромеске
  
1
ДСР
  
1
ЕМ
  
1
БДС
  
1
ПОДЕМ
  
1

Белешки

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица