Скиентологија

Скиентологијата е учење за духот и за неговиот однос кон себеси, универзумите и другите живи форми, создадено во 1952 година од страна на Рон Хабард, под името Дијанетика. Земено од латинскиот збор scio - „знаење“ во потполна смисла на зборот и грчкиот збор logos - „учење за“. Сам по себе, зборот значи „да знаеш како да знаеш“. Скиентологијата е „рута“, пат, а не дисертација или наметливо самоуверено знаење. Низ нејзините вежби и изучување, човек сам може да ја открие вистината. Затоа, технологијата не е образложена како нешто во кое треба да се верува, туку како нешто кое треба да се прави.

Скиентологија
Основана1953
Видкомерцијална
СедиштеChurch of Scientology International, Лос Анџелес, Калифорнија, САД
Chairman of Religious Technology CenterДавид Мискевејџ
Мреж. местоwww.scientology.org
Протести против скиентологијата во февруари 2008 како дел од проектот „Chanology“.
Демонстрант ја критикува скиентологијата.

Скиентологијата е едно тело на знаење кое се протега од одредени фундаментални вистини. Оние што го заземаат примарното место меѓу овие вистини се:

  • човекот е бесмртно духовно битие;
  • неговото искуство се протега многу подолго од само еден животен век;
  • неговите способности се неограничени, дури и кога во моментот не се реализирани.

Исто така, Скиентологијата смета дека човекот е во основа добар и дека неговиот духовен спас зависи од него самиот, од неговите пријатели и од неговото постигнување на братство со универзумот.

Скиентологијата не е догматска религија која од човекот бара тој слепо да верува во сè. Единката сама открива дека Скиентологијата функционира, на тој начин што ќе ги применува нејзините принципи и ќе ги види или искуси резултатите од таа примена.[се бара извор]

Крајната цел на Скиентологијата е вистинско духовно просветлување и слобода за единката.[се бара извор]

Надворешни врски

Страници за учење
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица