Балканска приказна (ТВ-серија)

Балканска приказна (турски: Balkan Ninnisi) — турска семејна и љубовна телевизиска серија режирана од Догам Умит Караџа и Сердар Акар, чија прва епизода била прикажана на 21 јуни 2022 г. Главните улоги во серијата ги толкуваат Ердал Озијагџалар, Озлем Туркад, Емре Беј, Мерих Озтурк и Хакан Бојав.[1][2] Серијата завршила со својата 25-та епизода, која била прикажана на 5 јануари 2023 г.[3] Во серијата биле ангажирани глумци од Турција и Македонија од Турскиот театар — Скопје. Серијата била снимена во Скопје, Македонија, и била прикажана на телевизија „Сител“ со македонска синхронизација од понеделник до петок во 19:45 часот.[4][5][6]

Балканска приказна
Жанрсемејство
романса
Режирана одДоган Умит Караџа
Сердар Акар
УлогиЕрдал Озијагџалар
Емре Беј
Мерих Озтурк
Озлем Туркад
Сузан Акбелге
Ерман Шабан
Бедија Беговска
Сарп Бозтурк
Емине Халил
Хакан Бојав
Џезде Чигачи
Џан Колукиса
Филиз Ахмет
Наџи Шабан
Абдурахман Рахман
Мустафа Јашар
Елјеса Касо
Земја на потеклоТурција Турција
Првичен јазиктурски
+ македонски (синхронизација)
Бр. на сезони1
Бр. на епизоди25
Производство
Продуцент(и)Доган Умит Караџа
МестоположбаМакедонија Скопје, Македонија
Времетраење140 минути
Прикажување
Првична мрежаТРТ 1
Првично прикажување21 јуни 2022 – 5 јануари 2023

Содржина

Во срцето на Македонија се раѓа балканска приказна што ќе ги сплоти сите поколенија и ќе ги прикаже сите убавини и традиции на нашето Скопје. Токму тука, Камениот мост ќе спои два различни света од двете страни на Вардар во една голема љубов меѓу двајца млади.

Тој е Ертан, млад Турчин чие семејство живее во Скопје. По неколку години студии во Истанбул, се враќа во родната Македонија кај своето семејство, кое очекува од него како млад архитект да ја реконструира џамијата, уништена од земјотресот. Но тој годините поминати во Турција ги минал учејќи за радиоводител, а не за она за кое отсекогаш сонувало неговото традиционално семејство. Во родното Скопје, тој ја запознава убавата Јованка, Македонка што пак мечтае за уметност и слобода, а не за живот каков што однапред предвидела нејзината мајка Елена.

Љубовта меѓу Ертан и Јованка ќе наиде на големи препреки меѓу нивните семејства, но ќе донесе и многу хумор, згоди и незгоди меѓу ликовите. Семејството на Јованка има предрасуди кон турската заедница во земјата и планира поинаков живот за нивната ќерка, додека пак семејството на Ертан негува стари турски обичаи и одредиле нешто сосема друго за нивниот Ертан. Ќе може ли ова турско семејство да прифати македонска невеста, а другите да го прифатат Ертан за македонски зет? Две различни култури ќе соединат две чисти срца во една хармонична и урнебесна балканска приказна, снимена во Македонија.[7]

Улоги

ГлумецУлога
Ердал ОзијагџаларСулејман
Озлем ТуркадНериман
Мерих ОзтуркЈованка
Емре БејЕртан
Џезде ЧигачиЃулсум
Хакан БојавДаниел
Сузан АкбелгеЕлена
Ерман ШабанЗафер
Бедија БеговскаНина
Дениз ГурканГулбахар
Сарп БозтуркАриф
Емине ХалилАјшен
Бурак РахманЛуран
Бану ШахинМарија
Сулејман КараМустафа
Каан ТургутПавел
Џан КолукисаЗубејир
Филиз АхметИвана
Наџи ШабанДарко
Абдурахман РахманМендо-ага
Фирдаус Неби
Џенап СаметЏемаил
Толга ОртанчилИрфан
Хакан ДациДимитри
Стефанија НечевскаСофија
Неат Али
Марија Лазаровагаздарицата
Береда РешитЗубејир
Аксел Мехмед
Мустафа Јашар
Елјеса Касо
Caner Music
Ерол Ташчипоштарот

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица