Џамал Мусиала

Џамал Мусиала (роден на 26 февруари 2003 година, во Штутгарт) — германски фудбалер, играч од средниот ред на Бајерн Минхен и на германската репрезентација.

Џамал Мусиала
Лични податоци
Роден на26 февруари 2003(2003-02-26)(21 г.)
Роден воШтутгарт, Германија
ДржаваГерманија Германија
Англија Англија
Висина&100000000000001840000001,84 м
Позицијасреден ред
Клупски податоци
Сегашен клубБајерн Минхен Бајерн Минхен
Број42
Младинска кариера
Лехнерц
Саутхемптон Саутхемптон
Челси Челси
Бајерн Минхен Бајерн Минхен
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2020-2021Бајерн Минхен II Бајерн Минхен II10(2)
2020-Бајерн Минхен Бајерн Минхен114(33)
Репрезентација
2016-2017Англија Англија 153(4)
2018Германија Германија 162(0)
2018-2019Англија Англија 165(2)
2019-2020Англија Англија 179(2)
2020Англија Англија 212(1)
2021-Германија Германија27(2)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 20 јуни 2014
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 1 септември 2014

Биографија

Мусиала е роден во Штутгарт, Германија, од британско-нигериски татко и мајка германка со полски корени.[1][2] Тој живеел во Фулда до седумгодишна возраст, пред да се пресели во Англија со своето семејство, каде што останал до крајот на своето детство.[3][4] Таму, тој започнал посериозно да се занимава со фудбал, играјќи прво во академијата на Саутхемптон, а потоа и на Челси.[3]

Клупска кариера

Почетоци

Во јули 2019 година, на 16-годишна возраст, Мусиала го напуштил Челси за да му се приклучи на Бајерн Минхен.[5][6]

На 3 јуни 2020 година, Мусиала го направил своето деби во професионалниот фудбал, влегувајќи како замена за Бајерн Минхен II во победата со 3–2 над Пројсен Мунстер во 3. Лига.[7] Шест дена подоцна, тој постигнал ги постигнал двата гола за Бајерн Минхен II во победата со 2-0 на домашен терен над Цвикау.[8]

Бајерн Минхен

На 20 јуни 2020 година, Мусиала го направил своето деби за првиот тим на Бајерн, играјќи во натпреварот од Бундеслигата против Фрајбург, со што станал најмладиот играч што одиграл натпревар за Бајерн во Бундеслигата, на возраст од 17 години и 115 дена.[9][10] Исто така, бил дел од тимот што ја освоил Лигата на шампионите, но тој не настапил ниту еднаш за време на турнирот.[11]

Следната сезона, младиот играч добил многу повеќе простор за игра и ја стекнал својата афирмација во баварскиот клуб. На 18 септември 2020 година, Мусиала го постигнал својот прв гол во Бундеслигата во победата со 8-0 над Шалке, со што станал најмладиот стрелец на Баерн, на возраст од 17 години и 205 дена, соборувајќи го претходниот рекорд на Роке Санта Крус, на возраст од 18 години и 12 дена..[3][12] На 30 септември, Бајерн Минхен го освоил Суперкупот на Германија совладувајќи ја Борусија Дортмунд со 3-2, а Мусиала влегол во игра во 84-тата минута на местото на Хави Мартинес. На 3 ноември, Мусиала го направил своето деби во Лигата на шампионите како замена за Томас Милер во победата со 6–2 на гости над Ред Бул Салцбург,[13] додека, на 23 февруари 2021 година, Мусиала го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите во победата со 4–1 на гостински терен над Лацио во првиот натпревар од осминафиналето, станувајќи најмладиот стрелец на натпреварувањето од англиска и германска националност.[14][15] Тој, исто така, станал најмладиот стрелец на Бајерн во европските натпреварувања, со 17 години и 363 дена, соборувајќи го претходниот рекорд на Самуел Куфур.[16] На 5 март, откако веќе наполнил 18 години, тој го потпишал својот прв професионален договор со Бајерн Минхен со важност до 2026 година.[17] На крајот од сезоната освоил уште една титула во Бундеслигата, за која придонесол со 26 настапи и 6 гола.

На 25 август 2021 година, Мусиала ги постигнал своите први два гола за сезоната 2021-2022 во победата со 12–0 во Купот на Германија над Бремер.[18][19] Три дена подоцна, го постигнал својот прв првенствен гол за сезоната во победата со 5-0 на домашен терен над Херта.[20] На 8 декември 2021 година, тој постигнал гол во победата со 3–0 над Барселона во Лигата на шампионите.[21] На 23 април 2022 година, со својот погодок во победата со 3-1 над Борусија Дортмунд во Дер Класикер, Мусиала ја запечатил титулата на Бајерн во Бундеслигата, десетта по ред за баварците во домашното првенство започнувајќи од 2013 година.[22][23][24] Сезоната ја завршил со 40 настапи и 8 гола во сите натпреварувања.

Мусиала (десно), во дуел со Лукас Клостерман од РБ Лајпциг во Суперкупот на Германија 2022.

Сезоната 2022-2023 за Мусиала била најдобрата во кариерата на индивидуален план; тој постигнал вкупно 16 голови во сите натпреварувања од кои 12 биле во Бундеслигата каде бил втор стрелец на Бајерн зад Серж Гнабри кој постигнал 14.[25] Сепак, најважниот од нив дошол на 27 мај 2023 година, кога тој го постигнал победничкиот гол во 89-тата минута при успехот со 2-1 на гостувањето кај ФК Келн, гол со кој на Бајерн му ја донел единаесеттата последователна титула во лигата, престигнувајќи ги главните конкуренти Борусија Дортмунд во последното коло благодарение на подобрата гол-разлика.[26]

Репрезентативна кариера

Откако минал речиси низ сите англиски младински селекции, од под 15 до под 21 година (со исклучок на краткиот период во кој настапувал за германската репрезентација под 16 години во 2018 година), на 24 февруари 2021 година, тој ја објавил својата одлука да ја претставува Германија на сениорско ниво.[27] На 25 март 2021 година, тој го направил своето деби со сениорската репрезентација на Германија, во успехот со 3-0 против Исланд, станувајќи најмладиот дебитант во репрезентацијата со 18 години и 27 дена, уште од Уве Зелер (кој дебитирал со 17 години и 345 дена) во 1954 година.[28]

Селекторот Јоаким Лев, потоа го вклучил Мусиала во тимот на панцирите кој учествувал на Европското првенство 2020. Своето деби на турнирот го имал за време на натпреварот од третото коло на групната фаза против Унгарија, заменувајќи го Робин Госенс во 82-рата минута, и учествувал во акцијата која со гол ја завршил Леон Горецка со што бил поставен конечниот резултат 2-2, исход кој на Германија и овозможил пласман натаму во осминафиналето.[29] На возраст од 18 години и 117 дена, Мусиала станал најмладиот играч што некогаш играл за германската репрезентација на Европско или Светско првенство.[29]

На 11 октомври 2021 година, тој го постигнал својот прв гол за репрезентацијата при успехот во Скопје со 4-0 против Македонија, во натпревар од квалификацискиите за Светското првенство 2022; со 18 години и 227 дена, тој станал најмладиот стрелец во историјата на националниот тим по Мариус Хилер (кој го постигнал својот прв гол на 17 години и 241 дена).[30][31][32][33]

На 10 ноември 2022 година, Мусиала бил повикан за Светското првенство 2022 во Катар.[34] На 23 ноември, тој го направил своето „мундијалско“ деби, започнувајќи во првото коло од групната фаза против Јапонија, со што станал првиот германски тинејџер кој настапил на Светско првенство од 1958 година, и четвртиот најмлад германски играч, на возраст од 19 години и 270 дена, единствено зад: Карл-Хајнц Шнелингер, Леополд Нојмер и Едмунд Конен.[35] Во истиот натпревар, во 90-тата минута во игра влегол и Јусуфа Мукоко, кој станал најмладиот играч на Германија на мундијалите, а Мусиала потоа паднал на петтото место.[36] Тој играл и во другите два натпревари на Германија во групата против Шпанија и Костарика, но репрезентацијата не успеала да ја мине истата завршувајќи на третото место со 4 освоени бода колку и Шпанија, но со полоша гол-разлика.

Хронологија на репрезентативните настапи

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Германија
ДатаГрадДомашниРезултатГостиНатпреварувањеГоловиИнфоДетали
25-3-2021ДуизбургГерманија 3 – 0  ИсландКвал. за СП 2022-  78'
31-3-2021ДуизбургГерманија 1 – 2  МакедонијаКвал. за СП 2022-  88' 89'
7-6-2021ДизелдорфГерманија 7 – 1  ЛатвијаПријателска-  76'
23-6-2021МинхенГерманија 2 – 2  УнгаријаЕвро 2020 - Прва фаза-  82'
29-6-2021ЛондонАнглија 2 – 0  ГерманијаЕвро 2020 - Осминафинале-  90+2'
2-9-2021Санкт ГаленЛихтенштајн 0 – 2  ГерманијаКвал. за СП 2022-  60'
5-9-2021ШтутгартГерманија 6 – 0  ЕрменијаКвал. за СП 2022-  60'
8-9-2021РејкјавикИсланд 0 – 4  ГерманијаКвал. за СП 2022-  60'
11-10-2021СкопјеМакедонија 0 – 4  ГерманијаКвал. за СП 20221  74'
26-3-2022ЗинсхајмГерманија 2 – 0  ИзраелПријателска-
29-3-2022АмстердамХоландија 1 – 1  ГерманијаПријателска-  69'
4-6-2022БолоњаИталија 1 – 1  ГерманијаУЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза-  59'
7-6-2022МинхенГерманија 1 – 1  АнглијаУЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза-  65'
11-6-2022БудимпештаУнгарија 1 – 1  ГерманијаУЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза-  78'
14-6-2022МенхенгладбахГерманија 5 – 2  ИталијаУЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза-  75'
23-9-2022ЛајпцигГерманија 0 – 1  УнгаријаУЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза-  69'
26-9-2022ЛондонАнглија 3 – 3  ГерманијаУЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза-  79'
23-11-2022Ал РајанГерманија 1 – 2  ЈапонијаСП 2022 - Прва фаза-  79'
27-11-2022Ал ХорШпанија 1 – 1  ГерманијаСП 2022 - Прва фаза-
1-12-2022Ал ХорКостарика 2 – 4  ГерманијаСП 2022 - Прва фаза-
12-6-2023БременГерманија 3 – 3  УкраинаПријателска-  62'
16-6-2023ВаршаваПолска 1 – 0  ГерманијаПријателска-  68'
20-6-2023ГелзенкирхенГерманија 0 – 2  КолумбијаПријателска-
14-10-2023Ист ХартфордСАД 1 – 3  ГерманијаПријателска1  80'
18-10-2023ФиладелфијаМексико 2 – 2  ГерманијаПријателска-  87'
23-3-2024ЛионФранција 0 – 2  ГерманијаПријателска-  80'
26-3-2024Франкфурт на МајнаГерманија 2 – 1  ХоландијаПријателска-
ВкупноНастапи27Голови2

Статистика

Клупска статистика

Статистиката е ажурирана 8 мај 2024.

СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно
ЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолЛигаНастГолНастГол
2019-2020 Бајерн Минхен II82---------82
2020-202120---------20
Вкупно Бајерн Минхен II102------102
2019-2020 Бајерн Минхен10КГ00ЛШ00---10
2020-2021266КГ20ЛШ61СГ+СУ+Скп1+0+20377
2021-2022305КГ12ЛШ81СГ10408
2022-20233312КГ43ЛШ90СГ114716
2023-20242410КГ20ЛШ112СГ103212
Вкупно Бајерн Минхен11433953446116343
Вкупно во кариера12435953446117345

Титули

Бајерн Минхен
2019-2020, 2020-2021, 2021-2022, 2022-2023
  • Куп на Германија : 3
2019-2020, 2020-2021, 2021-2022
2020
  • ФИФА Светско клупско првенство : 1
2020

Наводи

Надворешни врски