26 февруари

датум
<<февруари>>
НПВСЧПС
010203
04050607080910
11121314151617
18192021222324
2526272829
2024

26 февруари — 57-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 308 денови до крајот на годината (309 во престапна).

Настани:

1531 Во Лисабон, главниот град на Португалија, во земјотрес загинаа меѓу 20 и 30 илјади луѓе.
1815 Францускиот цар Наполеон Бонапарт го напушти островот Елба, кој по абдикацијата му беше одреден како привремено живеалиште, и со мала група следбеници тргна за Париз за да ја преземе власта. Со тоа почна периодот на неговото владеење познато како „Сто денови“, завршено со поразот на неговата војска кај Ватерло.
1848 Британскиот воен транспоретен брод „Биркенхед“ потона во заливот Симон покрај брегот на Јужна Африка, повлекувајќи во смрт 485 луѓе.
1901 По задушувањето на двегодишното кинеско востание против окупаторите наречено „Боксерско востание“ на водачите на побунетите Чи Сјији и Су Ченг Ју јавно им ги отсекоа главите.
1909 Отоманското Царство ја призна австроунгарската анексија врз Босна и Херцеговина.
1915 Германците во Првата светска војна, во борбата против Французите кај Маланкур за првпат во историјата војуваа со употреба на фрлачи на пламен.
1918 Германски авиони во Првата светска војна го бомбардираа италијанскиот град Венеција.
1936 Адолф Хитлер во Саксонија ја отвори првата фабрика за производство на „народното возило“ Фолксваген.
1984 Околу 1.000 американски маринци, кои биле дел од војниците на Обединетите Нации, го напуштиле Бејрут.
1987 Со указ на Генералниот синод на Англиканската црква, на жените им било дозволено да бидат свештеници.
1991 По 208 дена ирачка окупација, Кувајт бил ослободен од страна на војските на неколку западни земји.
1992 Република Босна и Херцеговина ја призна Република Македонија.
1993 Во терористички напад во Светскиот трговски центар во Њујорк загинале шест лица, 1.042 биле повредени.
2004 Македонскиот претседател Борис Трајковски, шест члена делегација и двајца пилоти загинале при уривањето на авионот од типот „Кингер“ на 15-километри јужно од Мостар.
2008 Пуштена Енциклопедијата на живиот свет.

Родени:

1725 Никола Кињо — изумител на автомобилот.
1802 Виктор Иго — француски писател.
1846 Бафало Бил — американски војник, ловец и забавувач.
1861 Фердинанд I — кнез и цар на Бугарија.
1887 Стефан Грабињски — полски писател.
1898 Константин Библ — чешки поет.
1902 Веркор — француски писател.
1928 Фетс Домино — американски рокенрол-музичар.
1932 Џони Кеш — американски пејач, глумец и автор.
1932 Спиро Прилепчански — македонски новинар, уредник на неделниот енигматски забавник на „Нова Македонија“.
1946 Колин Бел — англиски фудбалер.
1948 Ѓорѓи Колозов — македонски глумец.
1949 Ема Керкби — англиска пејачка, специјалист по раномузичка изведба.
1952 Лука Перузовиќ — хрватски и југословенски фудбалер и тренер.
1956 Мишел Уелбек — француски романописец, поет и режисер.
1963 Милко Ѓуровски — македонски и југословенски фудбалер.
1970 Предраг Даниловиќ — српски кошаркар.
1973 Оле Гунар Солксјер — норвешки фудбалер и тренер.
1980 Хулијан Санчес — шпански велосипедист.
1982 Ли На — кинеска тенисерка.
1983 Сергеј Биков — руски кошаркар.
1983 Пепе — португалски фудбалер.
1984 Емануел Адебајор — тогоански фудбалер.
1985 Фернандо Љоренте — шпански фудбалер.
1986 Начо Монреал — шпански фудбалер.

Починале:

1275 Маргарет — кралица на Шкотска.
1726 Максимилијан II Емануелизборен кнез на Баварија.
1875 Светозар Марковиќ — српски политичар и публицист.
1916 Наум Туфекчиев — македонски револуционер.
1927 Херман Обрист — швајцарски и германски дизајнер и вајар.
1931 Ото Валах — германски хемичар.
1938 Александар Амфитеатров — руски писател.
1952 Јозеф Торак — австриско-германски вајар.
1960 Александар Белиќ — македонист.
1971 Фернандел — француски глумец.
1985 Тјалинг Копманс — холандско-американски математичар и економист.
1993 Бранислав Ѓурѓев — македонски историчар и османист.
1998 Теодор Шулц — американски економист, добитник на Нобеловата награда во 1979 година.
2004 Борис Трајковски — претседател на Република Македонија.
2008 Бади Мајлс — американски рок и фанк тапанар.
2015 Јовица Јовановски — македонски музичар и џез гитарист.
2016 Нико Нестор — македонски пливач.
2018 Атанас Русоманов — макеоднски шахист.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица