Варшава

главен град на Полска

Варшава (полски: Warszawa) — главен град на Полска. Сместен е на реката Висла, околу 350 км од Балтичкото Море и Карпатските Планини. Проценет број на население во 2018 г. изнесува 1.764.615[1].

Варшава
Warszawa
Знаме на Варшава WarszawaГрб на Варшава Warszawa
Местоположба на Варшава во Полска
Местоположба на Варшава во Полска
Координати: 52°13′56.28″N 21°00′30.36″E / 52.2323000° СГШ; 21.0084333° ИГД / 52.2323000; 21.0084333
Управа
Население (2018)
 • Вкупно1 764 615
Часовен појасCET (UTC+1)
Повик. бр.+48 22
Мреж. местоwww.um.warszawa.pl

Варшава е најголемиот град во Полска по население и површина. Тој е и единствениот полски град чиј политички систем е дефиниран со посебен акт. Од 2002 година е урбана општина со статус на град со право на повијат (административна единица од втор степен). Се состои од 18 помошни единици - населби на главниот град на Варшава.

Варшава е важен научен, културен, политички и економски центар. Тука се и седиштата на, меѓудругото, Претседателот на Република Полска, Сејмот и Сенатот, Советот на министри и Народната банка на Полска. Варшава е и седиште на агенцијата Фронтекс, одговорна за безбедноста на надворешните граници на Европската унија, и Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР), агенда на ОБСЕ.

Во 2020 година, Think tank [2] Глобализацијата и светските градови (GaWC), проучувајќи ги меѓусебните односи меѓу светските градови во контекст на глобализацијата, ја класифицира Варшава во категоријата Алфа [3].

Потекло на поимот

Историја

Најважни настани

Стариот дел од Варшава

Варшава низ историјата поминала низ разни драматични моменти. Градот дури неколкупати бил разрушуван од освојувачите. Најважни историски настани се:

Познати жители

Населението на Варшава низ историјата

Железничка станица

Населението на Варшава во историјата изгледа вака:

ГодинаНаселениe
170030.000
1792120.000
180063.000
1830139.000
1850163.000
1882383.000
1900686.000
19251.003.000
19391.300.000
1945422.000
19561.000.000
19601.139.200
19701.315.600
19751.436.100
19801.596.100
19901.611.800
20031.689.600 (31 декември)
20141.726.581
20181.764.615

Денешна Варшава

Самоуправа

Заедно со трансформација на системот на Варшава се враќа и варшавската самоуправа. По многуте јавни дискусии на 18 мај 1990 година, парламентот го усвојува законот за друштвено уредување на Варшава. На 27 мај на демократски избори, граѓаните на Варшава ги избраа своите претставници на седум општини. За претседател на градското собрание на градот Варшава е избран Станислав Вигановскиег, кој ја извршувал оваа функција од 27 јануари 1990. Варшава по вторпат станува центар на расправата во парламентот кој на 25 март 1994 година ја усвоил одредбата за поделба на градот на 11 независни општини. Во април 1995 година започнало со работа и Варшавското метро. Прв градоначалник на Варшава по новиот устав бил Лех Качињски.

Претседател

Во рамките на Варшавскиот устав од 27 октомври 2002 година, претседател на Варшава се бира непосредно од страна на граѓаните, додека неговите заменици не доаѓаат на функција со изборите. Во овластувањата на претседателот спаѓаат и управување со имотот на градот како и надзор над собранието на Варшава. Сегашниот (ноември 2007 година) претседател Хана Гронкјевич Валц, улогата претседател ја врши од 5 декември 2006 година.

Градско собрание

Во градското собрание на Варшава учествуваат 60 советници. Тие е бираат, на непосредни, пропорционални избори на секои четири години. Како и сите останати органи на самоуправата, градското собрание се дели на комисии.

Одлуките во собранието вообичаено се донесуваат со мнозинство гласови, а потоа се праѓаат кај градоначалникот на потврдување. Доколку градоначалникот стави вето на одлуката на собранието, тоа има рок од 30 дена да донесе нова одлука која треба да се усвои со двотретинско мнозинство. Секоја од 18-те општини на Варшава имаат посебно општинско собрание.

Градско планирање и архитектура

Историските градби на Варшава биле многупати оштетени за време на војните. Особено настрадале за време на Втората светска војна. Градот е обновен со голем труд на целото население на Полска. Реконструкцијата на Стариот град, која на 2 Септември 1980 година беше ставена на списокот на светско наследство на УНЕСКО, како исклучителен пример за целосна реконструкција на историскиот комплекс. Реконструкцијата ја извршила Канцеларијата за Реконструкција на Главниот Град, чии досиеја (14.679 досиеја) беа внесени на списокот Меморија на Светскиот Меѓународен Регистар [4] на УНЕСКО во 2011 година.

Сепак, комунистичките власти придонесоа за натамошно уништување - цели комплекси згради (во близина на Палатата на Културата и Науката) биле урнати, добро сочуваните згради од 19 и почетокот на 20 век биле урнати, а фасадите биле лишени од декорации кои биле почитувани како за буржоаско наследство. Предвоениот урбан план честопати бил нарушуван. Во подецнежниот период, на следните власти им недостигала визија за просторниот развој на градот и доследност во просторното планирање.

Највисоките објекти и градби

Историјата на високите згради во Варшава датира од почетокот на 20 век, кога е подигната зградата ПАСТ висока 51 метар. Пруденцијална Куќа е изградена во периодот 1931–1933 година. Помеѓу 1952-1955 година била изградена Палатата на Културата и Науката, која останува највисоката зграда во Варшава и Полска. Современите високи згради, како што се Intraco I и Elektrim зградата, почнале да се градат во 1970-тите. Во Варшава има околу 60 згради високи над 65 метри, 24 згради високи над 100 метри и 11 облакодери високи над 150 метри.Највисоката зграда, висока 237 метри е Палатата на Културата и Науката. Следните две во однос на висината се Варшава Спир (220 м) и Трговската Кула Варшава (208 м). Облакодерот Варсо кој е во изградба ќе биде со висина од 310 метри (со шпиц од 80 метри) и ќе биде највисоката зграда во Европската Унија и петта највисока во Европа. Највисоката градба во Варшава е оџакот на топланата Кавечин (300 метри).

Историски споменици

Центар на стариот град Варшава се наоѓа на списокот на светско наследство на УНЕСКО од 1980 година. Од друга страна, регистарот на споменици вклучува, меѓу другото, урбаництички планови и градежни комплекси, архитектонски и градежни дела, одбранбени објекти, технички објекти, гробишта, паркови, градини и археолошки споменици. Во 2006 година, регистарот на недвижни споменици содржеше приближно 1.300 предмети од областа на Варшава. Повеќето од уништените споменици за време на војната биле обновени, иако понекогаш нивниот изглед се менувал во однос на предвоениот. Еден од нив, меѓудругите е и Кралскиот замок. Сепак, во главниот град има многу вредни градби кои ја преживеале војната без поголеми оштетувања, како што се палатата Виланов, црквата на Сестрите Визитки и црквата Св. Успение на Пресвета Богородица на ул. Краковско Предградие или Претседателската палата.

Кралскиот замок заедно со плоштадот

Стариот град

Новиот дел од градот

Центарот на градот

Кралска патека

Театарскиот плоштад и неговата околина

Географија

Местоположба

Варшава се наоѓа на средниот дел од текот на Висла во средноамазонската низина. Нејзината средна надморска височина изнесува околу 100м. На теренот на градот се наоѓаат неколку возвишувања, повеќето вештачки создадени. Градот се наоѓа и на двата брега на Висла. Варшава е оддалечена околу 350км од Карпати и Балтичко Море.

Клима

Климата во Варшава е влажна континентална. Средната годишна температура осцилира околу 8°С (-3°С во јануари и 19°С во јули). Годишната количина на врнежи не преминува преку 680мм а највлажен месец во годината е јули.

Реони

Административна поделба на Варшава од 2002 година

Од август 1994 година Варшава била сојуз од 11 општини: Варшава-центар, Варшава-Биалоленка (Warszawa-Białołęka), Варшава-Таргувек (Warszawa-Targówek), Варшава-Рембертув (Warszawa-Rembertów), Варшава-Вавер (Warszawa-Wawer), Варшава-Виланов (Warszawa-Wilanów), Варшава-Урсинув (Warszawa-Ursynów), Варшава-Влохи (Warszawa-Włochy), Варшава-Урсус (Warszawa-Ursus), Варшава-Бемово (Warszawa-Bemowo), Варшава-Биелани (Warszawa-Bielany).

Со реформите спроведени на 27 октомври 2002 година. Варшава претставува само една општина. Освен тоа, границите на Варшава се проширилетака што Варшава добила надлежност и над дотогашната посебна општина Весела.

Административна поделба

Моментално варшава е поделена на 18 административни делови. Секој од нив има ограничена самоуправа.

Најважни приградски населби се:

  • Прушкув (Pruszków) (53.000)
  • Легионово (Legionowo) (50.600)
  • Отвоцк (Otwock) (44.000)
  • Воломин (Wołomin) (36.500)
  • Нови Двур Мазовјецки (Nowy Dwór Mazowiecki) (27.518)
  • Пјасечно (Piaseczno) (25.200)
  • Гроѓиск Мазовјецки (Grodzisk Mazowiecki) (24.900)
  • Пјастув (Piastów) (23.700)
  • Марки (Marki) (19.000)
  • Зомбки (Ząbki) (20.363)
  • Раѕимин (Radzymin) (18.398)
  • Сулејувек (Sulejówek) (17.600)
  • Зиелонка (Zielonka) (16.454)
  • Кобилка (Kobyłka) (16.300)
  • Миланувек (Milanówek) (15.000)
  • Јузефув (Józefów) (14.800)
  • Ломјанки (Łomianki) (13.600)
  • Брвинув (Brwinów) (11.500)
  • Ожарув Мазовјецки (Ożarów Mazowiecki) (10.663)

Демографија

На 30 септември 2003 година во Варшава живееле 1.689.648 жители, од нив 908.814 жени и 780.834 мажи. Во посебните делови на градот, бројот на населението изнесувал:

Мокотув (Mokotów) - 231.552Јужен Праг (Praga Południe) - 187.845Вола (Wola) - 146.328Урсинув (Ursynów) - 137.716Биелани (Bielany) - 137.270Срудмиесче (Śródmieście) - 136.956Таргувек (Targówek) - 123.232Бемово (Bemowo) - 105.030Охота (Ochota) - 93.192Севернаен Праг (Praga Północ) - 74.304Биалоленка (Białołęka) - 64.010Вавер (Wawer) - 63.297Жолибож (Żoliborz) - 50.934Урсус (Ursus) - 44.312Влохи (Włochy) - 39.405Рембертув (Rembertów) - 21.751Весола (Wesoła) - 18.482Виланув (Wilanów) - 14.032

Најгуста населеност е во Срудмиесче (8772 ж/км2), а најмала во Виланув (355 ж/км2). Просечна густина на населеност за целиот град изнесува 3258 ж/км2.

Индустрија

По втората светска војна, комунистичките власти одлучиле од Варшава да направат важен центар на тешка индустрија. Во градот се отворени неколку десетици големи фабрики. Во моментов, Варшава стана седиште на многу водечки полски и странски претпријатија. Најголемите од нив, кои имаат и значително влијание на локалниот пазар на труд, ги вклучуваат: Samsung, Saint-Gobain, Danone, CD Projekt, LOT Airlines, Astra Zeneca и многу други[5].

Трговија

Варшава, а посебно варшавското Срудмесче, спаѓа во најголемите бизнис центри во Средна Европа. Во 2003 година биле регистрирани 268.307 фирми, а странските инвеститори во градот вложиле над 650 милиони евра во истата година. Варшава произведува дури 4,1% од полскиот БДП.

Образование

Нова универзитетска библиотека

Варшава е најголем универзитетски центар во Полска. Во неа се наоѓаат центри на 66 училишта. А во најголемите спаѓаат:

  • Варшавски универзитет (Uniwersytet Warszawski)
  • Универзитет кардинал Стефан Вишињскиег (Uniwersytet Kardynała Stefana Wyszyńskiego)
  • Варшавска Политехника (Politechnika Warszawska)
  • Војна техничка академија (Wojskowa Akademia Techniczna)
  • Главна трговска школа (Szkoła Główna Handlowa)
  • Медицинска академија (Akademia Medyczna)

Студентите и учениците на вишите школи претставуваат околу 29,2% од популацијата на Варшава. Нивниот број во 2002 година го надминал бројот од 500.000 студенти.

Палатата Чаписки во која се наоѓа Академијата на убавите уметности на Варшава

Култура

Музика

Во Варшава се наоѓа Народната Филхармонија. Градот станува концертна сала, па затоа многу големи музички манифестации и свечености се одвиваат во Конгресната сала.

Театар

Големиот театар

Во Варшава постојат околу 30 големи театри. Меѓу нив се најважните Народниот театар (изграден во 1765 година) како и Големиот Театар (изграден во 1778 година). Карактеристичен е и театрот Варшава, кој е организато на експериментални претстави.

Во текот на летото поголемиот дел од варшавските театри не работат.

Музеи и галерии

Во Варшава постојат многу музеи и галерии на уметноста, како државни така и приватни. Во поважните спаѓаат Захента (Zachęta), Центар на Современа Уметност (Centrum Sztuki Współczesnej) како и Музеј на Полската војска (Muzeum Wojska Polskiego).

Во најголемите спаѓаат и Народниот Музеј (Muzeum Narodowe) и неговите филијали: Кралската замка и Виланова (Pałac w Wilanowie).

Од 31 јули 2004 година отворен и Музеј на Варшавското Востание (Muzeum Powstania Warszawskiego)

Сообраќај

Аеродром Варшава - Терминал 1

По крајот на втората светска војна и штетата која настанала со неа, само неколку сообраќајници останале во употреба. Тоа предизвикало огромна гува во сообраќајот. Поради тоа многу години еден од приоритети бил развојот на сообраќајот.

Транзит

Варшава нема обиколница, а поголемиот дел од сообраќајот на релација исток-запад се движи низ центарот на градот. Моментално во тек се работи на две обиколници. Првата од нив треба да го оддалечи сообраќајот 10 километри од центарот на градот, а другата треба да стане дел од автопатот А-2 (Берлин-Москва).

Аеродроми

Варшава има само еден меѓународен аеродром кој се наоѓа на некаде околу 10 километри од строгиот центар на градот. Низ кој аеродром годишно поминуваат над 9 милиони патници. Од овој аеродром дневно полетуваат 60 авиони. Ова е воедно и најголем аеродром во Полска.

Постои уште еден активен аеродром во Варшава. Него го користи варшавскиот аеро-клуб, како и многу власници на мали авиони и хеликоптери.

Градска комуникација

Трамвај во Варшава

Системот на комуникација на градот Варшава се состои од повеќе автобуски и трамвајски линии, како и метроа.

Автобуси: Варшава има околу 2.603 километри автобуски линии по кои кружат дури 1.659 автобуси.

Трамваи: Првата трамвајска линија во Варшава била отворена на 11 декември 1866 година. Сите линии на трамвајот се електрифицирани. Моментално постојат 863 трамваи и околу 470км шини. Варшава има 29 постојани линии од кои една е ноќна.

Тролејбуси: Последната варшавска тролејбуска линија (линија 51) е укината во 1995 година.

Возови: Првиот воз во Варшава поминал во 1849 година. Денес во Варшава се наоѓа една од најголемите железнички пруги во Полска.

Метро: Моментално во Варшава постои една метро линија. Во тек е изградба на уште една метро линија која би крстосувала на правец исток-запад.

Спорт

Во Варшава постојат два проволигашки клубови во полски фудбал, како и неколку помали спортски клубови. Најважни се Легија на Варшава и Полонија Варшава.

На оваа листа се претставени најважните спортски клубови во Варшава како и дисциплините во кои се најдобри:

Во Варшава постои и хиподром, неколку лизгалишта, неколку десетици базени, тениски терени како и доста мали и големи спортски сали.

Религија

Храмови и верски здруженија

Варшава е седиште на административни единици на многу цркви и религиозни здруженија: Полската бискупска конференција, Архиепископијата на Варшава и Варшавско-прашката епархија на Римокатоличката црква, надредените власти: Адвентистичката црква од седмиот ден, Евангелско-Аугсбуршката црква, Евангелско-реформираната црква, Евангелистичката реформирана црква. , Пентекосталната црква, Армијата на спасот, надмоќните власти и Варшавската епархија на Полската католичка црква, Варшавското старателство на Маријавската католичка црква, претпоставените власти (Варшавската метропола и цела Полска), Варшавско-биелската епархија и теренската ординација на Полската автокефална православна црква. Поради оваа причина, главниот град има една архикатедрала, шест катедрали и две ко-катедрали. Во Варшава, исто така, има парохии и цркви на други католички (вклучувајќи ги и старокатоличките) и протестантски деноминации, седишта на еврејските заедници, будистичките заедници и муслиманските заедници. Во 2020 година, Јеховините сведоци припаѓале на 56 цркви.

Религиознос на жителите на Варшава

За време на истражувањето спроведено во 2010 година од тим социолози од UKSW, 66% од анкетираните жители на Варшава се изјасниле како верници, а 6% како неверници. На литургии присуствуваат 32% од верниците на Варшавската надбискупија и 34% од верниците од варшавско-прашката епархија. Во 2016 година, околу 15% од верниците примиле Евхаристија.

Секоја година, пешачки тргнуваат од Варшава до Јасна Гора на аџилак, вклучувајќи го и најбројниот во Полска, 300-годишниот Варшавски пешачки аџилак, како и Варшавскиот митрополитен академски аџилак и Прашкиот пешачки аџилак на Помошните на Мајките на Црквата.

Институции

Во Варшава како престолнина на Полска и најголем град, сместени се главните центри на министерствата како и центри на регионалните републички институции. Меѓу нив најпознати се:

  • Врховниот суд (Sąd Najwyższy)
  • Националниот административен суд (Naczelny Sąd Administracyjny)
  • Народна банка на Полска (Narodowy Bank Polski)
  • Штампарија за хратија од вредност (Giełda Papierów Wartościowych)
  • Телевизија Полска (Telewizja Polska)
  • Радио Полска (Polskie Radio)
  • Во Варшава се сместени амбасади и конзулати на другите држави.

Збратимени градови

Листа

Lista miast partnerskich Warszawy:

  • Ковентри, Велика Британија (1957)
  • Сан Диего САД (1960)
  • Диселдорф, Германија (1989)
  • Хамаматсу, Јапонија (1990)
  • Île-de-France, Франција (1990)
  • Торонто, Канада (1990)
  • Берлина, Германија (1991)
  • Хаг, Холандија (1991)
  • Истанбул, Турција (1991)
  • Тел Авив, Израел (1992)
  • Буенос Аирес, Аргентина (1992)
  • Харнин, Кина (1993)
  • Москва, Русија (1993)
  • Киев, Украина (1994)
  • Тајпеј, Тајван (1995)
  • Saint-Étienne, Франција (1995)
  • Чикаго САД (1995)
  • Сеул, Јужна Кореја (1996)
  • Санк Петерсбург, Русија (1997)
  • Рио де Жанеиро, Бразил (1997)
  • Грозни, Русија (1997)
  • Вилно, Литванија (1998)
  • Париз, Франција (1999)
  • Ханои, Виетнам (2000)
  • Виена, Аврстија (2001)
  • Нур-Султан, Казахстан (2002)
  • Рига, латвија (2002)
  • Будимпешта, Унгарија (2005)
  • Осло, Норвешка (2006)
  • Мадрит, Шпанија
  • Каиро, Египет
  • Бангкок, Тајланд (2010)
  • Харков, Украина (2011)
  • Загреб, Хрватска (2011)

Занимливости

  • Најдолга улица на Варшава е улицата Пулавска (Puławska) - 10 км.
  • Најдолга куќа е куќата во Киевската улица (Kijowskiej) - (508 м)
  • Највисоката градба е замокот на културата и науките (Pałac Kultury i Nauki) (234 m).

Варшава како тема во уметноста

Галерија

Извори

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица