Џон Мадер

Џон Мадер (7 август 1946) — американски астрофизичар, космологист и добитник на Нобелова награда за физика за неговата работа на Космичкиот позадински истражувачки сателит (COBE) заедно со Џорџ Смут.

Џон Мадер
Роден(а)7 август 1946(1946-08-07)(77 г.)
Роаноак, Вирџинија, Вирџинија, САД
ЖивеалиштеСАД
НационалностАмериканец
ПолињаАстрофизика, космологија
УстановиНАСА
Мерилендски универзитет
ОбразованиеСвартмор
Калифорниски универзитет
Докторски менторПол Ричардс
Познат поКосмичко позадинско микробраново зрачење
Поважни наградиДени Хајнеманова награда за астрофизика (1993)
Нобелова награда за физика (2006)

Неговта работа помогнала да се потврди теоријата за Големата експлозија за настанокот на универзумот. Според комисијата за доделување на Нобеловата награда, „проектот COBE може да се смета за почетна точка за космологијата како прецизна наука.“[1]

Мадер е постар астрофизичар при НАСА во Годардовиот центар за вселенски лет (GSFC) во Мериленд и професор по физика на Мерилендскиот универзитет. Во 2007 година, Мадер бил на списокот на 100-те највлијателни луѓе во светот според списанието Time. Во октомври 2012 година, тој бил повторно на списокот на Time во специјалниот број за новите вселенски откритија и како еден од 25 највлијателни луѓе во оваа област.

Мадер е исто така проектен научник за Веб, вселенски телескоп кој треба да бисе лансиран во вселената во L2 не порано од 2018 година.

Образование и почетно истражување

  • 1964 Средно училиште „Њутн“[2]
  • 1968 дипломирал (физика), Свартмор колеџ (Најголеми почести)
  • 1974 докторирал (физика), Калифорниски универзитет
  • 1974-76 подокторски студии, Колумбиски универзитет Годардов институт за вселенски студии


Награди и почести

  • 1964-68 Свартмор колеџ стипендија (почесна)
  • 1967 Вилијам Ловел Путнамов математички натпревар, 30-то место
  • 1968 Највисок можен резултат (990), тест по физика
  • 1968-70 Вудро Вилсонова стипендија
  • 1970-74 Член, Херцова фондација
  • 1974-76 постдокторски член, NRC
  • 1990 НАСА GSFC Џон Линдзиева награда
  • 1991 Ротари награда за достигнувања за истражувањето на вселената
  • 1991 Трофеј од Националниот воздушен и вселенски музеј
  • 1992 Воздухопловна недела и вселенска технологија
  • 1993 Discover технолошка награда
  • 1993 Американски институт за аеронаутика и астронаутика -научна награда
  • 1993 Американско астрономско друштво и Американски институт за физика Хајнеманова награда за астрофизика
  • 1994 Член, Годардов центар за вселенски лет
  • 1994 Доктор на науки, почесен доктор, Свартмор колеџ
  • 1995 Џон Скотова награда
  • 1996 Румфордова награда
  • 1996 Член, Американско друштво на физичари
  • 1997 Воздухопловна недела и вселенска технологија алеја на славните
  • 1997 Член, Национална академија на науките
  • 1998 Марк Аронсонова награда
  • 1998 Член, Американска академија на уметностите и науките
  • 1999 Френклинов институт Бенџамин френклинов медал за физика
  • 2005 Меѓународно друштво на оптички инженери Годардова награда
  • 2006 Груберова награда за космологија
  • 2006 Нобелова награда за физика
  • 2007 Член, Меѓународно друштво на оптички инженери
  • 2008 Робинзова награда Архивирано на 4 март 2016 г.
  • 2008 Доктор на науки, почесен доктор, Мерилендски универзитет
  • 2010 Индиски златен медал
  • 2010 Член, Оптичко друштво на америка
  • 2011 Доктор на науки, почесен доктор,Универзитет Нотр Дам[3]

Објавени дела

  • Mather, J. C. "Far Infrared Spectrometry of the Cosmic Background Radiation", Калифорниски универзитет, Лоренс Берклиева национална лабораторија, Министерство за енергија на САД (јануари 1974).
  • Mather, J. C.; Albrecht, A.; et al. "Report of the Dark Energy Task Force", Фермиева националана забрзувачка лабораторија, Министерство за енергија на САД, (2006).
  • Mather, J. C.;Boslough, John; првиот лет; 1996,2008

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица