Асиметрична дигитална претплатничка линија

(Пренасочено од АДСЛ)

Асиметрична дигитална претплатничка линија, АДПЛ, (англ. ADSL Asymmetric Digital Subscriber Line) е облик на ДПЛ, технологија за комуникација на податоци која врши пренос на истите преку бакарна телефонска жица преку модем.

За АДСЛ врска потребна е порта. Модемот на сликата е воедно и точка на безжичен пристап.

Разликата помеѓу АДПЛ и другите xДПЛ-и e во тоа што протокот на информации во една насока е поголем од протокот во друга, т.е. во тоа што е асиметричен. Затоа АДПЛ се користи за пасивно користење на интернет со можност за брзо „преземање“, но не и подигање.

Постојат технички и маркетиншки причини зошто АДПЛ-от е чест вид на интернет насекаде. Од технички причини, поверојатно е да има интерференција од страната на други кола како ДСЛАМ (каде жиците од повеќе локални јазли се близу една од друга) отколку во просториите на корисниците. Затоа сигналот за подигање е најслабиот и најбучниот дел од локалниот јазол, додека преземачкиот сигнал е најјакиот и најбучниот дел. Затоа е технички издржано за ДСЛАМ-от да пренесува со поголема брзина отколку што пренесува модемот од другата страна. Бидејќи типичниот домашен корисник претпочита побрзо преземање, АДПЛ е полуларен колку што е.

Кај конвенционалниот АДПЛ, брзините на преземање почнуваат од 256 кбит/с и типично достигаат до 8 Мбит/с во рамките на 1.5 км од централата со ДСЛАМ опрема или далечнскиот терминал. Брзините на подигање почнуваат од 64 кбит/с и типично достигнуваат до 256 кбит/с, но може да достигнат до 1024 кбит/с. Називот АДСЛ Лајт понекогаш се користи за побавни верзии. Забелешка: растојанијата се само проценки наменети за потрошувачите на АДСЛ услуги. Слабеењето на соодносот на сигналот и буката се главните одлики и можат да варираат тотално независно од растојанието (како на пр. не-бакарни кабли, пречник на каблите). Практичните перформанси зависат од претстојноста на линијата, која може динамички да се менува во зависност од временските прилики (за стари линии) или бројот и квалитетот на спојките и разводниците при дадена должина на кабел.Поновата варијанта се нарекува АДСЛ2 која дозволува поголема брзина на преземање до 12 Мбит/с во полупречник помал од 2,5 км. Повисоките симболски стапки и понапредната бучна модулација се тоа што ја прави оваа линија брза. АДСЛ2+, исто така позната како ИТУ Г.992.5, одзволува стапка на преземање до 24 Мбит/с во полупречник помал од 1.5 км. АДСЛ2+ исто така нуди опции за безшевно спојување, и им дозволува на линиите со повисока стапка на слабеење или понизок сооднос на сигнал и бука да се спојат заедно за теоретски да го достигнат севкупниот број на линии (т.е. до 50 Мбит/с за две линии, итн.), како и опции во контролата на силата и безчевна адаптација на стапките — промена на стапката на пренос на податоци без ресинхронизација.

DSL технологии
Стандард
ADSLANSI T1.413 Issue 2
ITU G.992.1 (G.DMT)
ITU G.992.2 (G.Lite)
ADSL2ITU G.992.3/4
ITU G.992.3 Annex J
ITU G.992.3 Annex L
ADSL2+ITU G.992.5
ITU G.992.5 Annex M
HDSLITU G.991.1
HDSL2 
IDSL 
MSDSL 
PDSL 
RADSL 
SDSL 
SHDSLITU G.991.2
UDSL 
VDSLITU G.993.1
VDSL2ITU G.993.2

Заради релативно ниската стапка на пренос на информации (во споредба со оптичките мрежи), АТМ е соодветна тенологија за мултиплексирање на податоци од временска важност како дигитален глас со податоци од не толкава временска важност како веб сообраќај; АДСЛ-от често се развива заедно со АТМ-от за да се запази оваа можност и во иднина. Во тројно сценарио, разни АТМ виртуелни кола (ВК) се доделуваат за разни услуги.

Во последно време мрежните оператори се оддалечуваат од АТМ и се приближуваат кон Етернет-заснован решенија, каде 802.1К и/или ВПЛС нуди решенија за мултиплексирање. Главната причина за оваа промена е заштеда на трошоци и можноста за отфрлање на постарата и поскапа АТМ мрежа.

Услужниците на АДСЛ услуги може да нудат статичка или динамичка IP-адреса. Статичката адресура се препорачува на луѓе кои сакаат да се поврзат со нивната канцеларија преку виртуелна приватна мрежа, за некои интернет игри, и за оние кои сакаат да користат АДСЛ за вдомување на мрежен опслужувач.

Како работи АДПЛ

За жицата

АДПЛ користи две различни стапки на честота. Кај стандардниот АДПЛ, стапката од 25.875 кХц до 138 Кхц се користи за подигања, додека 138 кХц – 1104 кХц се користи за спуштања.

Честотен план за ADSL. Црвено - опсег на обичната гласовна телефонија (ЈКТМ), зелено - опсег на појдовниот проток (подигање), сино - опсег на дојдовниот проток (преземање).

Секоја од овие се развива во помали парчиња од 4.3125 Кхц. За време на првичната обука, АДСЛ модемот тестира кое од достапните парчиња има прифатлив сооднос на сигнал и бука. Растојанието помеѓу телефонската централа, или буката на бакарната жица може да предизвика грешки при некои честоти. Со тоа што парчињата се чуваат мали, грешка кај една честота не би требало да ја онеспособи целата линија: тоа парче нема да се користи, а со тоа само се намалува протокот на информации, но линијата останува функционална. Услужниците можат да нудат поддршка на повисоки честоти како продолжение на стандардот. Меѓутоа, ова бара сврстување на опремата од услужникот со двете страни, и веројатно би резултирало во проблеми со интерференција.

Постои директна врска помеѓу бројот на парчињата и капацитетот на проодност на АДСЛ врската. Точниот капацитет на податоци по едеиница парче зависи од користениот модулацион метод.

Една честа грешка е припишувањето на буквата A во кратенката АДСЛ на зборот асинхрон. АДСЛ технологиите користат синхрон врамен протокол за пренос на податоци на жицата.

Модулација

АДСЛ првобитно постоел со два вкуса: (слично како ВДСЛ), имено БАМФ и ОМДФ. БАМФ бил де факто стандард за АДСЛ сѐ до 1996, употребуван во 90% од инсталациите на АДСЛ во тоа време. Меѓутоа, ОМДФ бил избран за првите ITU-T АДСЛ стандарди, G.992.1 и G.992.2 (исто така познати како G.dmt односно G.lite). Затоа, сите современи инсталации на АДСЛ се засноваат на ОМДФ модулационата шема.

АДСЛ стандарди

ВерзијаНазив на стандардотУпотребен називПреземањеПодигањеОдобрен во
ADSLANSI T1.413-1998 Issue 2ADSL08,08,0 Мбит/с1,0 Мбит/с1998
ADSLITU G.992.1ADSL (G.DMT)12,0 Мбит/с1,3 Мбит/сјули 1999
ADSLITU G.992.1 Annex AADSL преку POTS12,0 Мбит/с1,3 Мбит/с2001
ADSLITU G.992.1 Annex BADSL преку ISDN12,0 Мбит/с1,8 Мбит/с2005
ADSLITU G.992.2ADSL Lite (G.Lite)01,51,5 Мбит/с0,5 Мбит/сјули 1999
ADSL2ITU G.992.3ADSL212,0 Мбит/с1,0 Мбит/сјули 2002
ADSL2ITU G.992.3 Annex JADSL212,0 Мбит/с3,5 Мбит/с
ADSL2ITU G.992.3 Annex LRE-ADSL205,05,0 Мбит/с0,8 Мбит/с
ADSL2ITU G.992.4безразделен ADSL201,51,5 Мбит/с0,5 Мбит/сјули 2002
ADSL2+ITU G.992.5ADSL2+24,0 Мбит/с1,0 Мбит/смај 2003
ADSL2+ITU G.992.5 Annex MADSL2+M24,0 Мбит/с3,5 Мбит/с2008

Како додаток, не-Анекс-ните АДСЛ2 и АДСЛ2+ поддржуваат подигање со 256 кбит/с доколку ширината на опсег обично користена за ПОТС гласовни повици е наменета за користење на АДСЛ.

Додека АДСЛ пристапот користи опсег од 1,1 МХц, АДСЛ2+ користи опсег од 2,2 МХц.

Стапките на подигање и преземање прикажани тука се теоретски максимуми. Исто така треба да се спомне дека бидејќи ДСЛАМ и АДСЛ модемите може да биле имплементирани на основа на различни и нецелосни стандади, некои производители рекламираат различни брзини.

¹ АДСЛ2 и АДСЛ2+ Анекс Л исто така се нарекува РЕ-АДСЛ2 / РЕ-АДСЛ2+, каде РЕ (RE) значи „Reach Extended“. Со овој АДСЛ стандард, моќта на пониските честоти која се користи за пренос на податоци се поткренува за да се зголеми опсегот на сигналот на до 7 километри. Иако овој стандард е ратификуван од страна на ИТУ, не сите поддржувачи на локални мрежи (обично стари монополистички компании) дозволуваат овој протокол да се користи на нивната мрежа, зарди тоа што додатната сила кај пониските честоти може да предизвика проблеми кај постоечките услуги со интерференција.

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица