Авантурите на Артур Гордон Пим

Авантурите на Артур Гордон Пим е единствениот завршен роман на американскиот писател Едгар Алан По.

Авантурите на Артур Гордон Пим
корица на книгата
АвторЕдгар Алан По
Изворен насловThe Narrative of Arthur Gordon Pym of Nantucket
ЗемјаСАД
Јазиканглиски
Издавачбраќата Харпер
Издадена
јули, 1838 г.

Содржина

Во делото се раскажува приказната за младиот авантурист Артур Пим, кој своеволно се качува на бродот Грампус и отпловува со непознат екипаж. Ненадејно, се случува бунт во екипажот, па затоа Пим бил принуден првите четири дена да ги помине засолнувајќи се во подрумските делови на бродот. Неговиот пријател Август е единствениот негов познаник од екипажот, додека таткото на Август бил соборениот капетан. Под неверојатен сплет на околности, на крајот само Гордон Пим и еден од морнарите, Дирк Питерс, останале живи. Кога се чинело дека и тие ќе умреле од глад, случајно поминала една истражувачка експедиција, која се покажала спасоносна за нив. Артур Пим и Питерс се приклучиле на експедицијата која се обидувала да стигне до најодалечената точка на Јужниот Пол. Фабулата нејасно завршува додека целата екипа трагала по зацртаната цел.[1]

Интерпретација на делото

Ова е едно од потешките литаретурни дела за класификација. Водејќи се според почетокот, би можело да се претпостави дека станува збор за авантуристички роман. Едгар Алан По бил импресиониран од животот минат пловејќи по морските широчини, па така се решил да пишува книга заснована на таа тема. Некои аналитичари на делото на По забележуваат дека романот содржи автобиографски елементи, па дури и некои одлики својствени за симболизмот. Ова остварување на По било инспирација за Херман Мелвил и Жил Верн да ги создадат нивните препознатливи авантуристички новели.

Наводи

Надворешни врски

Поврзано

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица