Акутен коронарен синдром

Акутен коронарен синдром е синдром (сет на знаци и симптоми) кои се јавуваат поради намален проток на крв во коронарните артерии при што дел од срцевиот мускул не функционира соодветно или изумира.[1] Најчест симптом е градна болка, која често зрачи кон левото рамо[2] или аголот на долната вилица.

Акутен коронарен синдром
Блокада на коронарна артерија
СпецијалностКардиологија

Акутниот коронарен синдром често е поврзан со три клинички манифестации, именувани според изгледот на електрокардиограмот (ЕКГ):[3] миокарден инфаркт со ST елевација (STEMI, 30%), миокарден инфаркт без ST елевација (NSTEMI, 25%), или нестабилна ангина (38%).[4]

АКС треба да се разликува од стабилната ангина, која се развива за време на физичка активност или стрес и исчезнува при мирување. Во спротивност на тоа, нестабилната ангина се јавува ненадејно, често при мирување или при минимален замор.

Наводи

Надворешни врски

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори