Кардиологија

Кардиологија (од грчки καρδιοᾱ, срце и -λογία, наука) - гранка на медицината која се занимава со нарушувања на срцето, како и на некои делови од циркулаторниот систем. Областа вклучува медицинска дијагностика и третман на вродени срцеви мани, коронарна артериска болест, срцева слабост, валвуларно срцево заболување и електрофизиологија. Лекарите кои се специјализирани во оваа област на медицина се нарекуваат кардиолози, специјалност интерна медицина. Педијатриски кардиолози се педијатри кои специјализирале кардиологија. Лекарите кои се специјализирани за кардиохирургија се нарекуваат кардиотракални хирурзи или кардиохирурзи, специјалност општа хирургија.

Иако кардиоваскуларниот систем е неразделно поврзан со крвта, кардиологијата е релативно неповрзана со хематологијата и нејзините болести. Некои очигледни исклучоци кои влијаат на функцијата на срцето би биле тестовите на крвта (нарушувања на електролити, тропонини), намален капацитет за пренос на кислород (анемија, хиповолемичен шок) и коагулопатија.

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица