МКБ-10

Меѓународната статистичка класификација на болестите и сродните здравствени проблеми, X ревизија (МКБ-10, меѓународно: ICD-10) е список на медицинска класификација со шифри за болестите, знаците и симптомите, абнормални наоди, поплаки, општествени пригоди и надворешни причинители на повреди или заболувања, со кој раководи Светската здравствена организација (СВО).[1] Можни се над 14 400 различни шифри, како и следење на многуте нови дијагнози. Со дополнителните (незадолжителни) поткласификации, списокот може да се прошири до 16 000 шифри.

Меѓународната верзија (со превод на 42 јазика) на МКБ има свои „Клинички измени“ кои содржат многу повеќе подробности и понекогаш имаат посебни делови за постоперативни процедури. На пример, верзијата US ICD-10 CM има 68 000 шифри, а покрај тоа и систем ICD-10 PCS за процедури со 76 000 кој не постои во ниедна друга земја.[2]

Составувањето на МКБ-10 започнало во 1983, за завршило во 1992 година.[1]

Список

Ова е список на МКБ-10 шифри.[3]

Меѓународна статистичка класификација на болестите и сродните здравствени проблеми, X ревизија
ГлаваБлоковиНаслов
IA00–B99Одредени инфективни и паразитски болести
IIC00–D48Неоплазми
IIID50–D89Болести на крвта и крвните органи и одредени заболувања кај имунолошкиот механизам
IVE00–E90Ендокрини, нутритивни и болести на метаболизам
VF00–F99Ментални и болести на однесувањето
VIG00–G99Болести на нервниот систем
VIIH00–H59Болести на очите и аднекси
VIIIH60–H95Болести на ушите и мастоидниот процес
IXI00–I99Болести на циркулаторниот систем
XJ00–J99Болести на респираторниот систем
XIK00–K93Болести на дигестивниот систем
XIIL00–L99Болести на кожа и поткожно ткиво
XIIIM00–M99Болести на мускулоскелетален систем и сврзно ткиво
XIVN00–N99Болести на генитоуринарниот систем
XVO00–O99Бременост, раѓање и пуерпериум
XVIP00–P96Одредени состојби кои потекнуваат од перинаталниот период
XVIIQ00–Q99Вродени аномалии, деформации и хромозомски абнормалности
XVIIIR00–R99Симптоми, знаци и абнормални клинички и лабораториски наоди, некласифицирани на друго место
XIXS00–T98Повреди, труење и одредени други последици од надворешни причини
XXV01–Y98Надворешни причини за морбидитет и морталитет
XXIZ00–Z99Фактори кои влијаат врз здравствениот статус и контакт со здравствени услуги
XXIIU00–U99Шифри за специјални намени

[4]

Поврзано

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица