Алинци (Прилепско)

село во Општина Прилеп

Алинци — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.

Алинци
Алинци во рамките на Македонија
Алинци
Местоположба на Алинци во Македонија
Алинци на карта

Карта

Координати 41°15′32″N 21°28′51″E / 41.25889° СГШ; 21.48083° ИГД / 41.25889; 21.48083
РегионПрилепско Поле
Општина Прилеп
Население171 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО20001
Надм. вис.699 м
Алинци на општинската карта

Атарот на Алинци во рамките на општината
Алинци на Ризницата

Географија и местоположба

Населбата се наоѓа во јужниот дел на територијата на Прилепското Поле, во рамките на Општината Прилеп. Селото лежи на надморска височина од 670 метри. Тоа е сместено непосредно до патот Прилеп - Битола, кој што води преку средината на неговиот атар. Од централното место Прилеп населбата е оддалечена 11 км.

Историја

Во XIX век селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 11,7 км2. Обработливото земјиште зазема површина од 700,4 ха, на пасиштата отпаѓаат 403,7 ха, а на шумите само 4,8 ха. Селото има полјоделско-сточарска функција.[2]

Население

Поле во близина на Алинци
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948351—    
1953403+14.8%
1961449+11.4%
1971486+8.2%
1981449−7.6%
ГодинаНас.±%
1991296−34.1%
1994281−5.1%
2002238−15.3%
2021171−28.2%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Алинци живееле 102 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Алинци имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Алинци е претставено како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 17 куќи.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]

Бројот на населението се намалил и тоа од 449 жители во 1961 година, на 281 жители во 1994 година, така што денес населбата прет- ставува мало село, населено со македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Алинци живеат 238 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 171 жител, од кои 161 Македонец, 1 Албанец и 9 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година19001905194819531961197119811991199420022021
Население102120351403449486449296281238171
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Алинци е македонско православно село, сите родови во селото се доселенички.

Родови во Алинци се:

  • Доселеници: Станковци (5 куќи) доселени се од Дрен во Раец; Николовци или Лулевци (12 куќи) доселени се однекаде; Вишиновци (5 куќи) доселени се од селото Беровци; Головодци (5 куќи) доселени се од селото Света во Железник. Таму имале истоимени роднини; Муловци (4 куќи) доселени се од Кадино Село, и таму се доселени однекаде; Секуловци (5 куќи) доселени се од Марул, пред тоа живееле во Бонче, таму им се род Стојковци; Милошевци (1 куќа) доселени се од Веселчани. И таму биле доселени однекаде; Црневци (2 куќи) доселени се од Големо Коњари, таму имаат роднини, и таму се доселени однекаде.[13]

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1506 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 172 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

Цркви[16]
  • Црква „Вознесение Христово“ — селската црква;
Археолошки наоѓалишта[17]

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село.

Беровци и Јаричевци се иселени во Беровци. Муртановци иселени се во Ношпал. Од родовите Станковци, Секуловци и Јаричевци има по едно семејство иселено во Прилеп.[13]

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица