Арго (филм)

Арго (англиски: Argo) е историски филм од 2012 година, режиран од Бен Афлек. Автор на сценариото е Крис Терио, а тоа е засновано врз книгата Господар на маските, напишана од агентот на ЦИА Тони Мендес, како и според статијата на Џошуа Бергман, Големото бегство,[3] во која се раскажува како Мендес го предводел американскиот тим во мисијата близу Техеран, во која требало да ги ослободат американските дипломати од „Иранската заложничка криза“ (1979).[4]

„Арго“
Филмскиот плакат
РежисерБен Афлек
ПродуцентГрант Хеслов
Бен Афлек
Џорџ Клуни
Главни улогиБен Афлек
Брајан Кранстон
Алан Аркин
Џон Гудман
МузикаАлександар Депла
КинематографијаРодриго Прието
МонтажаВилијам Голденберг
СтудиоГК Филмови
Smokehouse Pictures
ДистрибутерВорнер Брос
Премиераавгуст 31 2012 (2012-08-31) (Филмскиот фестивал Telluride)
октомври 12 2012 (2012-10-12) (САД)
Времетраење120 минути[1]
ЗемјаСАД
Јазиканглиски
персиски
Буџет$44.5 милиони[2]
Бруто заработка$229,369,150[2]

Ликот на Мендес го глуми Бен Афлек, додека во останатите улоги се појавуваат: Брајан Кранстон, Алан Аркин и Џон Гудман. Премиерата на филмот во Северна Америка била на 12 октомври 2012 година, а ова остварување добило поволни оценки од страна на филмските критичари. Продуценти на проектот се Грент Хеслов, Бен Афлек и Џорџ Клуни. Приказната за ослободувањето била предмет и на документарната програма Бегство од Иран: Канадскиот скок, режирана од Ламонт Џонсон.[5]

По прикажувањето низ светските кино сали, Арго ги освоил симпатиите на пошироката јавност, а освен тоа добил неколку номинации за престижните филмски награди. Така, филмот бил номиниран за „Оскар“ во седум категории, од кои победил во три: „најдобар филм“, „најдобро сценарио“ и „најдобра монтажа“.[6] На церемонијата „Златен глобус“, филмот освоил пет признанија, вклучувајќи ги и оние за „најдобар филм“ „најдобра режија“ и „најдобра машка споредна улога“ за глумецот Алан Аркин. Исто така, филмот победил во три категории на Британските филмски награди (БАФТА), и тоа: најдобар филм, најдобра монтажа и најдобар режисер.[7]

Содржина

Филмот е снимен според вистинити настани и ја прикажува ризичната тајна операција за спасување на шестмина Американци, која се одвивала зад сцената за време на иранската заложничка криза, а која со децении останала непозната за јавнота. Лажно претставувајќи се како холивудски продуцент кој бара локација за снимање на научно-фантастичен филм, тајниот агент на ЦИА, Тони Мендез, ја почнува опасната операција за спасување на шестемина Американци, кои се скриени во домот на канадскиот амбасадор во Техеран, во 1980 година.[7][8][9]

Улоги

ГлумциЛикови
Бен АфлекТони Мендес
Брајан КранстонЏек О′ Донел
Алан АркинЛестер Сигел
Џон ГудманЏон Чејмберс
Тејт ДонованРоберт Андерс
Клеа ДувалКора Лијек
Кристофер ДенамМарк Лијек
Скот МекНејриЏо Стефорд
Кери БишеКејти Стефорд

Наводи

Надворешни врски

Викицитат има збирка цитати поврзани со:

|group11 = 2020-ти|list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022)}}</noinclude>

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица