Берлински ѕид

Берлински ѕид (германски: Berliner Mauer) — граничен ѕид изграден во 1961 г. од комунистичкиот режим на Источна Германија за да се оддели Западен Берлин, кој бил под контрола на западните сојузници, од источниот дел на градот и од остатокот од Источна Германија, која била под силно влијание на СССР. Ѕидот станал највпечатлив симбол на Студената војна и на Железната завеса.

Берлински ѕид
Berliner Mauer
Поглед на Берлинскиот ѕид од Западен Берлин. Бришаниот простор зад ѕидот е злогласниот „појас на смртта“.
Локацијата на Берлинскиот ѕид, покажува ги контролните пунктови
Општи податоци
Видѕид
МестоИсточен Берлин
Земја Источна Германија
Координати52°30′58″N 13°22′37″E / 52.516° СГШ; 13.377° ИГД / 52.516; 13.377
Почната13 август 1961
Урната1989-1994
Висина3.60 м
Технички податоци
Големина155 kм

Ѕидот ги разделувал Источна и Западна Германија точно 28 години и 1 ден. Источна Германија ја започнала изградбата на ѕидот на 13 август 1961 г. Ненадејната градба на ѕидот предизвикала многу семејства да останат поделени. Ѕидот бил целосно урнат кон крајот на 1989 г., освен еден дел кој и денес стои како спомен на тоа време.[1] Во текот на 28-годишната поделба, најмалку 136 луѓе биле убиени од граничните единици на Источна Германија обидувајќи се да пребегнат во Западен Берлин. Некои тврдат дека таа бројка изнесува повеќе од 200.[2] Источногерманската власт им дала наредба на граничарите да пукаат на бегалците.[3]

Кога на 9 ноември 1989 г., по неколку неделни граѓански немири, власта во Источна Германија објавила дека сите нејзини граѓани можат да ја посетат Западна Германија и Западен Берлин, источногерманците се искачувале и го преминувале ѕидот, прославувајќи ја слободата на другата страна. Во текот на следните неколку недели, делови од ѕидот биле искорнати од одушевениот народ и од ловци на сувенири, а по неколку недели ѕидот речиси целосно бил отстранет со градежна механизација.

Падот на Берлинскиот ѕид бил првиот чекор во обединувањето на Германија кое се завршило на 3 октомври 1990 г.

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица