Билборд (магазин)

Билборд е неделен американски магазин посветен на музичката индустрија, а воедно е и еден од најстарите професионални магазини во светот. Магазинот има меѓународно признати музички листи кои ги рангираат најпознатите песни и албуми во различни категории на неделно ниво. Двете најпознати музички листи на овој магазин се „Билборд Хот 100“ која ги рангира најдобрите 100 песни разделени по жанрови, а позициите се засноваат на физичката продажба, дигиталната продажба и емитувањата на радио и вотрата листа е „Билборд 200“, соодветната табела за продажба на албуми.

Логото на магазинот

Историја

Билборд е основан со Синсинати на 1 ноември 1894, од Вилјам Х. Доналдсон и Џејмс Х. Хениган.[1][2] Оригинално е именуван како Рекламен Билборд, весник за објавување на трговски предлози, па од тука и произлегува името.[1] По неколку години од неговото создавање, весникот почнал да пренесува вести во областа на забавата. Билборд станал весник за водење евиденција на циркузи, карневали, забавни паркови, претстави со китови, панаѓури, музички настани и други забавни настани во живо.

Со развивањето на индустријата на џубоксот во текот на 1930-тите, Билборд магазинот започнал да објавува музички листи. Оригинално имало само три пецифицирани жанровски листи, односно поп листа, ритам & блуз и кантри & вестерн листа. Билборд продолжил да објавува вести за карневали, панаѓури, забавни настани итн. сè до 1961 кога овие вести биле префрлени во посебен неделен магазин наречен „Amusement Business“.

Од 1961 до 2005, магазинот бил целосно посветен на музичката индустрија. во 2005, магазинот и мрежното место се одлучиле да обезбедуваат вести за сите облици на дигитална и мобилна забава.

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица