Блаже Алексоски

македонски глумец

Блаже Алексоски – Глумецот (Прилеп, 1933 - Прилеп, 22 декември 2015) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, доајен на македонската глума.

Блаже Алексоски
Роден1933
Прилеп,  Кралство Југославија
Починал22 декември 2015
Прилеп, Македонија Македонија
Занимањеглумец

Животопис

Алексоски е роден во 1933 година во Прилеп. Својата кариера ја започнал прво како ученик во драмската секција. Тој бил еден од основачите на театарот во кој се вработил 1953 година и го дал својот придонес сè до неговото пензионирање. Одиграл голем број улоги: Луков во Чашулевата „Црнила“ Омер во „Робот и агата“ од Чернодрински, Ристе во „Мангите пијат чај“ а останал запаметен по улогата во претставата „Татко“ од Стринберг. Во својата кариера остварил и завиден број режии на театарски претстави, пред сè на битови драми, меѓу кои на Бегалка, Печалбари, Антица…За своите глумечки реализации Алексоски е добитник на голем број признанија на МТФ „Војдан Чернодрински“ како и на наградата за животно дело на овој фестивал.За неговиот придонес за театарот добитник е на признание од Советот на општина Прилеп.Покрај глумата Алексоски се занимавал со литература, драматургија, проза, историски хроники. Алексоски беше еден од ретките хроничари на Прилеп.Како драматичар дебитираше со пиесата „Итроман Пејо“, а напиша уште десетина драмски текстови, меѓу кои и „Колобан“ по кој се играше и истоимената претстава во театарот. Ги напиша и делата „Аџи Христо Логотет“, „Тале Мелезот“, романот „Ах“, „Прилепските прекари“, а остави зад себе и необјавени творби.Ќе остане запаметен дека драмската сцена ја исполнуваше со фини и непосредни тонови, со една специфична мекост и непосредност, со многу топлина и шарм, оставајќи впечаток пред сè со чистата и лична дикција, со природната и доживеана игра, со изостреното чувство на вајање на деталот.Починал на 22 декември 2015 година во Прилеп.[1]

Филмографија

ГодинаФилмУлога
1975Волшебното самарче ТВ-серија
1975Парадоксот на Диоген ТВ-филмЧлен на судскиот совет
1979Курирот на Гоце ТВ-серија
1982Едно лето ТВ-серија
1983Премиера ТВ-филм
1984Јуначко колено ТВ-серијаЧауш
1993Бог да ги убие шпионите ТВ-филмПријател на кафеанџијата
2011Македонски народни приказни ТВ-серијаТатко

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица