Бојан Биолчев

Бојан Биолчев — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.

Бојан Биолчев

Животопис

Биолчев е роден во Прилеп, Отоманското Царство, денес Република Македонија. Потекнува од големата фамилија Биолчеви. Учи во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, каде што е школски другар со Гоце Делчев. Се приклучува кон ВМОРО. Се спротивставил на српската пропаганда и отворањето на српското училиште во 1897 година, по што побегнал во Бугарија. Учествува во Аферата Мис Стоун и му доверени 1000 фунти од откупот [1].

При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година е доброволец во Македонско-одринското ополчение и служи во чета при 6 охридска дружина. Учествува во Првата светска војна. По војната се населува во Софија и се зачленува во Илинденската организација. Умира во сообраќајна несреќа во близина на Пловдив во 1933 година.Бојан Биолчев е дедо на Бојан Биолчев, бугарски филолог и ректор на Софискиот универзитет [2].

Извори

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица