Википедија:Патролирани страници

(Пренасочено од Википедија:Патролирачи)
Кратенки:
ВП:ПСТР

Патролирани страници е додаток на Википедија воведен во ноември 2007 година и означува дека некоја страница е проверена и разгледана од надлежни корисници. Овие нови страници се покажуваат во жолт квадрат. Страници можат да бидат патролирани од бирократи, администратори и автопатролери.

Како работи?

Секоја страница која се покажува во жолт квадрат на страницата за нови статии не била патролирана. Ова значи дека статијата не била проверена. Доколку сакате да ја проверите страницата, тогаш треба да ја означите страницата за патролирана. Ако не сте сигурен за нејзината содржина, тогаш друг уредувач може да ја провери истата статија.

За да се означи една статија како патролирана мора да се притисне на врската "[Означи ја верзијата како проверена]" која се појавува во долниот десен агол. Статијата има две верзии, една главна статија која е всушност патролираната верзија, а другата е работна верзија.

Што да се означи како патролирано

  • секоја страница која е означена за бришење, за да не губат луѓето време за повторно проверување на содржината пред бришење;
  • секоја статија која ги исполнува сите правила и прописи на Википедија;
  • статија која има потреба од поголемо внимание и подобрување.

Што да не се означи како патролирано

  • страници за кои не сте сигурни и имаат потреба од мислење на друг корисник.
  • секоја страница која е за бришење, а нема предлошка за брзо бришење.

Останати особини

  • Списокот на сите патролирани страници може да се види во Special:Log/patrol. Вкулучува и детали околу патролирањето:
  • страници кои се создадено од администратори, ботови и автопрегледувачи се автоматски патролирани;
  • сега има и „сокриј патролирани уредувања“ за Special:Newpages, па така можеш да ги игнорираш страниците кои биле патролирани.

Поврзано

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица