Гај Валериј Катул

Гај Валериј Катул (латински: Gaius Valerius Catullus, Верона, 84 п.н.е. - 54 п.н.е.) - оримски поет.

Животопис

Гај Валериј Катул се родил во Верона, околу 84 година п.н.е., во угледно и богато семејство. Се школувал во Верона и во Рим, каде уште на млада возраст влегол во најугледните кругови. Особено многу се дружел со Цицерон и со Непот, кои во него откриле талентиран поет. Во Рим ја запознал убавата и превртлива Клаудија, која ја опеал во своите песни под името Лезбија, според островот Лезбос каде живеела поетесата Сафо - неговиот поетски идеал.[1] Иако многу ја сакал, поради нејзиниот карактер, повеќепати Катул имал кавги со неа, а најпосле, со тешко срце, ја оставил. Исто така, се знае дека патувал по Витинија и по Мала Азија. Тој имал имот на езерото Гарда (lacus Benacus), каде понекогаш престојувал, одмарајќи се. Умрел млад, на триесетгодишна возраст.[2]

Творештво

Лезбија, слика од 1878 година од Џон Рејнхард Вигулин, инспирирана од поемите на Катул

Катул напишал повеќе од сто пократки и подолги песни (љубовни, елегии и епиграми) во метрички облик и сите тие се сочувани до ден-денес.[3] Од техничка гледна точка, неговите песни се совршени, поради што го нарекле elegantissimus poetarum. Тој има големо значење за развојот на римската книжевност како првиот голем уметник што се изразувал во стихови, а уште пред Хорациј, тој ги пренесол еолските стихови во римската книжевност. Најголем придонес кон неговата поетска слава имале песните за саканата Лезбија, со што тој бил првиот претставник на римската лирика.[4]

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица