Гран-при Квебек

Гран-при Квебек (француски: Grand Prix Cycliste de Québec) — професионална велосипедска еднодневна друмска трка, која се одржува во градот Квебек, во покраината Квебек, Канада. Нејзино прво издание било на 10 септември 2010 година, како последен настан во сезоната UCI ProTour 2010.

Гран-при Квебек
Лого на трката
За трката
Датумсептември
РегионКвебек, Квебек, Канада
Месно имеGrand Prix Cycliste de Québec (француски)
ДисциплинаДрумски велосипедизам
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI
Видеднодневна трка
ОрганизаторГруп Серди
Историја
Прво одржување2010 (2010)
Одржувања10 (до 2019)
Прв победник Тома Веклер (ФРА)
Најмногу победи Сајмон Геранс (АВС)
 Петер Саган (СВК)
 Мајкл Метјус (АВС)
(2 победи)
Неодамнешен победник Мајкл Метјус (АВС)

Со Гран-при Монтреал, која се одржува два дена подоцна, Гран-при Квебек е една од единствените две трки во Северна Америка во Светската турнеја на UCI. Само Сајмон Геранс и Мајкл Метјус постигнале двојна канадска победа, освојувајќи го Гран-при Квебек и Гран-при Монтреал во иста година.

Движење

Гран-при Квебек не е како многуте еднодневни трки од една точка до друга, туку кружна трка. Возачите возат 16 круга по 12,6 километри секој круг. Во текот на кругот, возачите треба да искачат четири ридови: Кот де ла Монтањ (375 м долг и просечна нагорнина од 10%), Кот де ла Потас (420 м долг и просечна нагорниа од 9%), Монте де ла Фабрик (190 м долг и просечна нагорнина од 7%) и Монте ду Форт (1000 м долг и просечна нагорнина од 4%). Крајот е на Монте ду Форт.

Победници

ГодинаЗемјаВозачЕкипа
2010  ФранцијаВеклер, ТомаТома ВеклерБбокс Буиг Телеком
2011  БелгијаЖилбер, ФилипФилип ЖилберОмега Парма-Лото
2012  АвстралијаГеранс, СајмонСајмон ГерансОрика-ГринЕЏ
2013  ХоландијаГесинк, РобертРоберт ГесинкБелкин Про Сајклинг
2014  АвстралијаГеранс, СајмонСајмон ГерансОрика-ГринЕЏ
2015  КолумбијаУран, РигобертоРигоберто УранЕтикс-Квик Степ
2016  СловачкаСаган, ПетерПетер СаганТинкоф
2017  СловачкаСаган, ПетерПетер СаганБора-Хансгрое
2018  АвстралијаМетјус, МајклМајкл МетјусТим Санвеб
2019  АвстралијаМетјус, МајклМајкл МетјусТим Санвеб
2020Немало трка поради пандемијата на коронавирус

Повеќекратни победници

ПобедиВозачИзданија
2  Сајмон Геранс (АВС)2012, 2014
 Петер Саган (СВК)2016, 2017
 Мајкл Метјус (АВС)2018, 2019

Возачите со закосени букви се активни

Победи по држава

ПобедиДржава
4 Австралија
2  Словачка
1  Белгија,  Колумбија,  Франција,  Холандија

Надворешни врски