Греамова Земја

дел од Антарктичкиот Полуостров

Греамова Земја (англиски: Graham Land) — крак на Антарктичкиот Полуостров северно од линијата што ги поврзува ’ртовите Џереми и Агасис.

Северот на Грамовата Земја и околните острови.
1 Антарктички Полуостров, 2 Џејмс Росов Остров, 3 Дирвил, 4 Жоанвил), 5 Данди, 6 Сноу Хил, 7 Вега, 8 Симор, 9 Андерсон, 10 Полет, 11 Локјер, 12 Орелски Остров, 13 Јохансен, 14 Бренсфилд, 15 Астролаб, 16 Тауер
Марта од Фолкландските Острови од 1944 г. препечатена за употреба на Греамовата Земја.

Наречена е по британскиот поморски офицер Џејмс Греам, Прв лорд на адмиралштабот во времето на истражувањето на нејзината западна страна од Џон Биско во 1832 г. Теирторијалните граници се водат според договорот меѓу комисиите за антарктички имиња на Британија и САД од 1964 г., каде воедно е усвоено името „Антарктички Полуостров“ за главниот поулостров на Антарктикот, како и Палмерова Земја за неговиот јужен дел. Границата се протега приближно 69° ЈГШ. На неа полагаат право Аргентина, Британија и Чиле.

Греамовата Земја е најблискиот дел на Антаркикот до Јужна Америка.[1] Сè до откритијата на британската експедиција до 1934–37 г., се сметало дека се работи за архипелаг наместо за полуостров.[2] Планините на Грамовата Земја се последната поголема верига од Кордиљерите, која се состои од речиси непрекината низа венци која го образува западниот „’рбет“ на Северна, Средна и Јужна Америка, како и самиот Антарктик.

Планина

  • Брејдинг — 7 км источно од североисточниот агол на морскиот ракав Ларсен.

Други имиња

Аргентинците подрачјето го нарекуваат Светимартинова Земја (Tierra de San Martín)[3], а северниот остров (Троичкиот) го нарекуваат исто така (Península Trinidad) или Троичка земја (Tierra de la Trinidad). Чилеанците го целиот Антарктички Полуостров го нарекуваат Охигинсова Земја (Tierra de O'Higgins).[3]

Знаменитости

Поврзано

  • Чилеанска антарктичка територија

Наводи

Надворешни врски

66°00′S 63°30′W / 66.000° ЈГШ; 63.500° ЗГД / -66.000; -63.500

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица