Димо Тодоровски

Димо Тодоровски (Солун, 11 декември 1910Скопје, 27 април 1983) — истакнат македонски вајар и академик од првата генерација вајари кои го втемелиле современиот облик на оваа ликовна уметност во Македонија. Претставува единствениот вајар што се појавил во земјата меѓу двете светски војни.

Димо Тодоровски
Роден11 декември 1910
Солун
Починал27 април 1983
Скопје
Занимањевајар

Живот

Димо Тодоровски на помлади години

Димо Тодоровски роден е на 12 ноември 1910 година во Солун, од мајка Ленка Перева и татко Ристо Тодоровски. Две години по неговото раѓање, неговото семејство се вратило во родниот град Прилеп. Во 1917 година, татко му починал, а Димо од 1920 до 1929 година престојувал во Домот за воени сирачиња во Битола. Без доволно финансиски средства, од 1929 до 1935 година студирал во Белград, каде ја завршил Уметничката школа со академски курс, на вајарскиот отсек во класата на П. Палавичини. По враќањето во Македонија, учествувал во формирањето на Уметничката школа во Скопје (каде бил и професор до пензионирањето), но и во формирањето на Уметничката галерија во 1949 година. Тодоровски вил и дописен член на МАНУ, а починал во Скопје, во 1983 година. И денес, во населбата Трнодол каде живеел, стои неговата празна куќа со ателјето, за која тој оставил аманет да биде претворена во спомен дом.

Творештво

Димо Тодоровски, освен дела со теми од НОБ и социјални теми, изработувал и портрети, меѓу другите и на неговите пријатели Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, на Ана Липша Тофовиќ. Познат е како автор, кој бил целосно предаден на скулптурата, на вајарството, иако во текот на животот се соочувал со многу финансиски проблеми. Неговиот постар брат Панче Тодоровски го охрабрувал да студира, а поради немање пари, за време на студирањето работел и како фирмописец, во Нишкиот театар и како сценограф. Како студент учествувал и на конкурси и добивал и откупни награди, но за жал, многу од скулптурите од пред Втората светска војна му биле уништени. „Во принцип тој бил човек со големо срце, не бил материјалист, не знаел да даде цена за своите дела. Му било важно делото да му биде убаво, да ги исполни неговите критериуми“

Статуата „Оро“ на прилепскиот плоштад. Дело од 1972 година

Во Националната збирка на музејот на современата уметност се наоѓаат повеќе дела на Димо Тодоровски, а некои негови дела се дел од приватни збирки. Притоа, дури 90% од неговите дела се изработени во гипс, само 10% се излеани во бронза. Во Националната галерија се чуваат 23 дела на Тодоровски, од кои 17 се излеани во бронза, четири се во гипс, а две се направени од теракота. Во Музејот на современата уметност се чуваат 25 негови скулптури, од кои, 22 се во гипс, а три во бронза. Споменикот на Мечкин Камен е авторско дело на Димо Тодоровски, изработено во 1983 година. Исто така, едно од неговите најзначајни дела е скулптурата „Јама“ што се чува во Даут-пашиниот амам. Најпосле, тој е автор на споменикот на НОВ во Трница.[1]

Надворешни врски

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица