Диорит

Диоритот е магматска карпа која по својот надворешен изглед се разликува од гранодиоритите по потемната боја што доаѓа од содржината на обоени минерали, како и поради отсуството на кварц. Тоа се интрузивни карпи со темносива, сивозелена, зелена, па дури и темнозелена боја. Ретко се јавуваат како самостојни маси, т.е. обично се среќаваат покрај гранодиоритите како маса без кварц. Типичните диорити се среднозрнести до крупнозрнести карпи.Диорит (јазик англиски|Diorite, јазик француски|Diorite, јазик германски|Diorit, јазик руски|Диорит) е интермедијарна магматска длАбинска карпа[1].

Диорит
Диорит

Се создава со кристализација на базични магми, во однос на оние од кои кристализираат сијенит и монцонит. Кристализацијата на магмата се врши во длабоките делови на Земјината кора.

Минерали кои го градат диорит се:

  • интермедијарен плагиоклас: андезин или олигоклас,
  • обоен минерал: хорнбленда, аугит, биотит, хиперстен,
  • споредни минерали: апатит, магнетит, сфен.

Структурата на диориттот е зрнеста, а поретко може да биде и порфироидна. Текстурата е масивна.

Поврзано

  • Список на карпи

Наводи

Литература

  • Ђорђевић В., Ђорђевић П., Миловановић Д. 1991. Основи петрологије. Београд: Наука

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица