Ендонуклеаза

Ендонуклеазаензим кој врши кинење на фосфодиестерска врска во рамките на еден полинуклеотиден синџир. Некои ендонуклеази, како деоксирибонуклеаза l, ја сечат ДНК релативно неспецифично (без оглед на низата), додека многу од нив, наречени рестрикциони ендонуклеази или рестрикциони ензими, сечат само одредени нуклеотидни низи. Ендонуклеазите се разликуваат од егзонуклеазите по тоа што сечат во средината (внатрешноста) на полинуклеотидната верига, за разлика од егзонуклеазите кои ги отстрануваат нуклеотидите од крајот на веригата. Некои ензими, познати како „егзо-ендонуклеази“, ја вршат улогата и на двете групи на нуклеази.[1]

Рестрикционите ензими се бактериски и aрхејски ендонуклеази кои препознаваат специфични ДНК-низи.[2] Нуклеотидната низа која бива препознаена од рестрикциониот ензим се нарекува рестрикционо место. Најчесто, рестрикционото место е палиндромска низа која е долга четири до шест нуклеотиди. Повеќето рестрикциони ендонуклеази ја сечат ДНК нееднакво, оставајќи комплементарни едноверижни завршетоци. Овие краеви може да се поврзат со хибридизација, па затоа се нарекуваат „лепливи краеви“. По хибридизацијата, фосфодиестерските врски на фрагментите може да бидат повторно создадени од страна на ДНК-лигазата. Познати се стотици рестрикциони ендонуклеази, од кои секоја напаѓа различни рестрикциони места. ДНК фрагментите кои се исечени од истата ендонуклеаза може да се поврзат меѓусебе без оглед на потеклото на ДНК молекулите. Вака создадената ДНК се нарекува рекомбинантна ДНК; ДНК формирана со поврзување на гени во нови комбинации.[3] Рестрикционите ензими се поделени во три категории, тип I, тип II и тип III, според механизмот на дејство. Овие ензими често се користат во генетското инженерство за создавање на рекомбинантна ДНК.[4] Една од најпознатите ендонуклеази е Cas9.

Поправка на ДНК

Ендонуклеазите играат улога во поправката на ДНК. АП ендонуклеазата ја катализира инцизијата на ДНК исклучиво на АП местата (апурински/апиримидински места), а со тоа ја подготвува ДНК за понатамошната ексцизија, синтеза и лигација. Кога се случува депуринација, ваквата лезија остава деоксирибоза без врзана пуринска азотна база.[5] АП ендонуклеазата ја препознава деоксирибозата без база и ја сече ДНК молекулата на тоа место, со што овозможува понатаму да продолжи процесот на ДНК поправка.[6] Клетките на E. coli содржат две АП ендонуклеази: ендонуклеаза IV (endoIV) и егзонуклеаза III (exoIII), додека кај еукариотите постои само една АП ендонуклеаза.[7]

Поврзано

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица