Епоха (геологија)

Во геохронологијата, епохата е поддел на геолошката временска скала која е подолга од добата, но пократка од еден период. Тековната епоха е холоценската епоха на кватарскиот период. Слоеви на карпи депонирани за време на една епоха се нарекуваат низи. Низите се поддели на стратиграфскиот столб што, како епохите, се поддели на геолошката временска скала. Како и другите геохронолошки поделби, епохите нормално се одделени со значителни промени во карпестите слоеви на кои соодветствуваат.

Епохите најчесто се користени за младата Ценозоична ера, каде е пронајдена поголема збирка на фосили, а палеонтолозите имаат подетално познавање на настаните што се случиле во тие времиња. Тие се поретко споменувани за другите епохи и еони, бидејќи постојат помалку фосилни докази што ни овозможуваат да формираме појасен преглед на тие временски периоди.

Наводи

  • Gradstein, F.M.; Ogg, J.G. & Smith, A.G.; 2004: A Geologic Time Scale 2004, Cambridge University Press
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица