Заменка

Примери
  • Јас ја сакам неа.
  • Тоа ме потсетува на нешто.
  • Тој гледаше во вас.
  • Земи го тоа или другото.
  • Кој беше кај вас вчера?

Заменките (латински: pronomen) сочинуваат една од неменливите зборовни групи. Заменките се зборови кои ги заменуваат именките или именските фрази. Зборот кој заменката го заменила се нарекува претходник.

За подобро илустрирање на функцијата на заменките е земена следната реченица:

„Марија му го дала моливот на Петар“.

Сите именки во оваа реченица може да се заменат со соодветна заменка и се добива следното:

„Таа му го дала тоа на него.“

Реченицата со заменки е тешко разбирлива и не може лесно да се одреди што сака зборувачот да каже, освен ако именките не биле споменати во претходните реченици од текстот или разговорот.

Видови заменки

Класификацијата на заменките е следната:

  • лична заменка - заменкa коja заменува имe на лице или предмет.
    • подметна заменка е заменка која го заменува подметот во реченицата.
      • формално и неформално обраќање - ова обраќање кон соговорникот разликува неформално (со употреба на заменката „ти“) и формално (со употреба на „вие“).
      • инклузивна и ексклузивна заменка „ние“ - опфаќа кои групи или поединци се опфатени во говорот. Ова го нема во македонскиот јазик.
      • интензивна заменка или познати како „нагласени заменки“ даваат нагласување на именката во реченицата која веќе била напомената.
    • предметна заменка се користи да се замени именката која е предмет во реченицата.
    • предлошка заменка се користи после предлогот во реченицата.
    • дисјунктивна заменка се користи како изолирана или во посебни контексти.
    • експлетивна заменка се користи во случаи каде мора да има заменка/ именка.
    • слаба заменка
  • присвојна заменка се користи да се искаже присвојност.
  • показна заменка се користи да се покаже нешто.
  • неопределена заменка се користи да се искаже нешто што не е определено.
    • дистрибутивна заменка се користи да се посочат единките во една група одделно, не како целина.
    • Негативни заменки се користат да се искаже негацијата во реченицата.
  • односна заменка се користи да се означат лица или предмети кои веќе биле споменати во претходниот текст/ разговор.
  • прашална заменка се користи за прашални реченици.

Заменки во македонскиот јазик

Заменките во македонскиот јазик се делат на три групи: лични заменки, лично-предметни заменки и показни заменки.

Лични заменки
бројлицеподметдиректен предметиндиректен предмет
без предлозисо предлози
долгакраткадолгакратка

присвојна

еднинаIјасменемеменемимене
IIтитебететебетитебе
IIIм.р.тојнегогонемумунего
ж.р.таанеајанејзеѝнеа
с.р.тоанегогонемумунего
множинаIниенаснèнамнинас
IIвиевасвевамвивас
IIIтиенивгинимимнив

Поврзано

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица