Западни норвешки фјордови

Западни норвешки фјордови — заедничко име на два фјордови во Норвешка наведени како светско наследство од УНЕСКО: Гејрангер-фјорд и Нереј-фјорд.

Западни норвешки фјордови
светско наследство на УНЕСКО
МестоНорвешка
Критериум(vii) (viii)
Навод1195
Координати60°57′57″N 6°58′40″E / 60.96583° СГШ; 6.97778° ИГД / 60.96583; 6.97778

Географија

Локација

Светското наследство се состои од две области 120 км оддалечени, сместени во југозападна Норвешка, северозападно од градот Берген и дел од пејзажот на фјордот на западна Норвешка кој се протега над 500 км помеѓу Ставангер на југ и Андалснес на север. Областите на Гејрангер-фјорд и Нереј-фјорд се вкупно 122 712 хектари (111 966 ха копнени и 10 746 ха морски).

Областа Гејрангер-фјорд се наоѓа на 60 км во внатрешноста и го сочинува самиот Гејрангер-фјорд како горен крај на Стор-фјорд, како и Та-фјорд. Наследството се наоѓа во округот Мере и Румсдал, кој се протега во општините Фјорд и Странда. Зафаќа 51 802 ха, од кои 46 151 ха се копнени и 5 651 ха се морски.

Нереј-фјорд се наоѓа на 100 км во внатрешноста и е горниот дел на Согнефјорд. Се протега во окрузите Согн и Фјуране (до општините Аурланд, Вик и Лаердал) и Хордлан (во општина Вос). Вкупно зафаќа 70 910 ха: 65 815 ха на копно и 5 095 ха се морски. По него поминува европска рута Е16.

Клима

Двете области, иако релативно далечни, имаат многу слична клима, што е транзиција помеѓу океанската и континенталната клима. Регионот е поволен за микроклими. Снегот опстојува од октомври до крајот на мај на планините и од крајот на ноември до март во котлините. Во зима, изворите на фјордовите се замрзнуваат во период од една до три недели.

Човечко присуство

Областа на Гејрангер-фјорд имала 230 жители заклучно со 2003 година, додека Нереј-фјорд имала 243 жители од 2001 година.

Библиографија

  • The West Norwegian Fjords - Norwegian Nomination 2004 UNESCO World Heritage List (PDF) (англиски). Oslo. 2004. стр. 365. Dossier d'inscription..
  • Les Fjords de l'Ouest de la Norvège - Évaluation technique de l'UICN. 2005. стр. 10. Évaluation de l'UICN..

Поврзано

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица